Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
Screenshot_20190407-221501.jpg

Па добро бе Романисти кај сте? Кога тепаме нигде ве нема... Само за критики сте :D
Шала на страна колово беше само за нас.. Најголеми профитери излеговме и сега сме на - 1 бод од Милан и Аталанта за 4то место..
Искрено реков ќе ги бојкотирам до крајот од сезоната ама ка за бељата стариот ме набцка вчера да гледаме и среќа тепавме во еден изедначен и не атрактивен натпревар.. Колку само емоцие прикажа ДДР а и останатите во славењето на голот..
Едино што ни требаше беше победа против било кој сега не треба да имаат некој притисок околу тоа.. Се надевам мотивацијата ќе биде сега и поголема башка ни доаѓа Удинезе на Олимпико, противник по мерка..
Горе е распоредот и последните 7 кола..
5 победи со помалите мора да ги оствариме доколку бркаме ЛШ. Тоа се 15 бода кај Интер можеме и до бод не се тие којзнае што.. А со Јувентус можеме да рачунаме на 3 бода . За нив првенството е завршено ќе се насочат на ЛШ и тука ни е шансата.. Значи горе доле 17-18 бода би ни завршиле работа ама кога знаеме дека се работи за Рома мора да биде сложено .. Ќе корнеме живци тоа е тоа..
 
Можеби Палота со неговите твитови ги негира Кориере кои денес убаво го спуштија на земја, а притоа наведоа дека за вестите за заинтересираноста на Катарска фондација да ја купат Рома имаат докази и дека се точни. Еве денес објавија уште неколку познати весници од кои и најпознатиот француски, L’Equipe. Во продолжение пишуваат дека всушност претседателот на ПСЖ, Насер ал-Келаифи сака да го купи римскиот клуб и тоа преку друга катарска фондација, бидејќи веќе ги има парижаните. Се шпекулира дека веќе понудиле 400мил евра кои биле одбиени и дека постоела и втора понуда од 450мил евра за клубот.


Еве да пратам јас отворено писмо до господинот Џим или Џејмс. Господине Палота фала ви што не 'извадивте' од гомната по превзимањето и ги затворивте старите долгови на фамилијата Сенси со земање на нови кредити на сметка на клубот. Фала ви за сите прошетки по САД, сликања со Кајри Ирвинг, Сем Кесел и остали нба ѕвезди и Дизнилен. Фала за официјалниот сајт, за новото амблемче, за тоа што станавме глобален познат светски бренд со 2 милиони следачи на инста, за сите сториња и лајв вклучувања.
За крај голема благодарност за стадионот, триплетето, славјето на фонтана ди треви, со Моника Белучи по бикини...

Море ќе ти ебам тоа америчкото јенки, а зинеш а излжеш, продавај клубот додека е време, ниту си моќен стадион да направеш, ниту пак за 5 години не внесе во топ 5 екипи у свет, напротив испаднавме од топ 20 и продолживме да примаме седмици и тоа во Куп. Не може бе сопственик на клуб да доаѓа у клубот само на некоја битна ЛШ утакмица како политичар кој се појавува на митинг пред избори или дете кое оди кај баба и дедо само за прочка.. неможе сопственик на фудбалски клуб да вика дека пред да го купел фудбалскиот клуб мислел дека фудбалот е досаден, што има натака да се збори??

450мил евра се солидна сума за клуб кој го купи за 87мил евра, во кој долговите беа вратени на сметка на нови кредити, ајде да не претерувам, вложени се и некои 300-400мил но таквите се претопени со добивките од продажба на играчи, тековни годишни заработки од ЛШ, од домашни утакмици, дресови, спонзори итн..
 
Иако излегоа шпекулациите јас се сомневам дека палота ќе го продаде клубот. Прави обрт годишно од 200 милиони евра можи со купување, продавање, влезници, спонзорства и сл.
Од друга страна не се знае каков арап ќе биде газдата. Тој на ПСЖ нема да биде, бидејќи не е дозволено, а можеби некој негов партнер. Само да не испадне како Малага работата!?
Манолас ќе го продавале летово. За шик заинтересирани дортмунд и лајпциг.
 
Ма доаѓа Насеррр од ПСЖ :D само преку друга фондацијааа, гледа со ПСЖ неможе ни до полуфинале да дојде у ЛШ, затоа Рома ќе ја земе, па мош ќе ги откаже парижаните:cool::P

А овој лешперот Палота сака само да добие дозвола за стадионот и демек да почне да гради нешто и тогаш да го продаде клубот за поголема цифра
 
Многу наголемо се зборува за Арапите. Прво мислев дека е патка, ама денес излегоа скоро сите медиуми со по некоја информација.
Доста им беше на Американците. Се виде нивното. Циции
 
Франко Балдини веќе имал неколку состаноци со Конте, се шпекулира дека преговорите биле во напредна фаза. Сега прашањето е како да му ја дадат големата плата што ја бара, планот демек бил Конте да биде како менаџер на клубот, како во англија што прават и тренер воедно и спортски директор кој сам ќе си ги бира играчите, а Рики Масара кој е веќе одамна во Рома да му биде десна рака и ги реализира целите, секако и тој беше во опција да биде новиот дс, вака наместо нов дс, Конте ќе биде две во едно, со помош на Масара. Јас лично не верувам дека Конте ќе дојде, посебно ако не фатеме ЛШ, па и да фатеме, како ќе дојде кога знае дека секое лето продаваме некој од појаките играчи:toe:
 
Ни јас не верувам дека би дошол Конте.. Нарочито ако не фатиме ЛШ.. Максимум би бил Сари ако биде избркан од Челзи ако не ке му дадат на Ранко плус 1 година работа.
Утре е можеби меч на сезоната..
Утре ако тепаме би направиле поголема мешаница но и со победа па не сме близу до ЛШ а пак камо ли ако изиграме нерешено или во најлош случај пораз..
Очекувам утре позатворен пристап на Интер и Рома .
 
Ни јас не верувам дека би дошол Конте.. Нарочито ако не фатиме ЛШ.. Максимум би бил Сари ако биде избркан од Челзи ако не ке му дадат на Ранко плус 1 година работа.
Утре е можеби меч на сезоната..
Утре ако тепаме би направиле поголема мешаница но и со победа па не сме близу до ЛШ а пак камо ли ако изиграме нерешено или во најлош случај пораз..
Очекувам утре позатворен пристап на Интер и Рома .
Па ако тепаме а Милан киксне веќе сме на место кое води во ЛШ и на 3 бода до третиот. Само не сакам некој глупав икс, или победа или да изгубат и деф таму веќе...

Али мислам дека ќе тепаме и тоа ради Спалети, фактот што неговите екипи во клучни утакмици се губат, а мислам дека човекот има некој си комплекс од Рома, има работено со клубот и знае колку опасни можат да бидат и кога најмалку се во форма. Нормално да не заборавиме од другата страна тренер ни е Раниери кој на времето знаеше исто пичкарски да одигра во вакви натпревари, ма да сега гледам променет е, фура некоја си 442 формација, каде крилата можат и шпицови да му бидат, па во текот на натпреварот знае да смени во 4231. Единствена гтешка му е што крилата во 442 иако му се шпицови играчи, многу ги деградира, па во пракса тоа и не изгледа толку офанзивно и ефективно
 
Франко Балдини веќе имал неколку состаноци со Конте, се шпекулира дека преговорите биле во напредна фаза. Сега прашањето е како да му ја дадат големата плата што ја бара, планот демек бил Конте да биде како менаџер на клубот, како во англија што прават и тренер воедно и спортски директор кој сам ќе си ги бира играчите, а Рики Масара кој е веќе одамна во Рома да му биде десна рака и ги реализира целите, секако и тој беше во опција да биде новиот дс, вака наместо нов дс, Конте ќе биде две во едно, со помош на Масара. Јас лично не верувам дека Конте ќе дојде, посебно ако не фатеме ЛШ, па и да фатеме, како ќе дојде кога знае дека секое лето продаваме некој од појаките играчи:toe:

Иако и јас мислам дека нема да дојде, сепак логично е ако е менаџер и сд во едно сам ќе одлучува за тоа кој ќе продава, а кој ќе купува.
Јас мислам дека тој мрсулот балдини после сите напади и критики кон него прави блеф да се смири работата.
Според мене Сари е договорен.
 
Иако и јас мислам дека нема да дојде, сепак логично е ако е менаџер и сд во едно сам ќе одлучува за тоа кој ќе продава, а кој ќе купува.
Јас мислам дека тој мрсулот балдини после сите напади и критики кон него прави блеф да се смири работата.
Според мене Сари е договорен.
Али Челзи имаат бан за купување и продавање, големи се шансите да сакаат да го задржат Сари
 
Многу се опуштија на крајов. Штета за првиот дел од полувремето кога имаа можност да постигнат уште еден. Интер многу стерилно почна. На крајов малку стегнаа.
Леле асамоа какви центаршутеви. Кловн. Хахаха[DOUBLEPOST=1555793004][/DOUBLEPOST]FB_IMG_1555792641087.jpg
 
Последно уредено:
Која очајна утакмица ц ц ц[DOUBLEPOST=1555794724][/DOUBLEPOST]И да избори пласман у ЛШ, барем јасно ни е дека секако тренер ќе треба, ипак должни ќе му бидеме што се нафати тренер да биде, али ако не пласира во ЛШ не значи од благодарност треба да му дадеме уште една година да ја води екипата...

Имаа шанса не ја искористија, дури во второ полувреме играа како да се задоволни со нерешено:facepalm:

Флоренци беше убедливо најлош, односно цела сезона е лош од како му качија плата крв му ебам, по него другото римско дете, Пелегрини и тој од како се повреди во ноември не ја врати формата и незнам кога ќе покаже дека е играч за Рома.. и Џеко многу се штекаше, ма да пак знаеше да добие дуел, да проигра, али се повеќе се гледа дека летоска ќе си оди, ни клубот планира да му продолжи договор, време е за разделба..

Како што кажав, со нерешен резултат продолжува кошмарот, таман се понадевав дека ќе покажат воља да ја добијат утакмицата, тие задоволни со нерешено, ама тоа е кога многумина од играчите нема да останат во клубот и мислите им се на друго место
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom