Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Фала ви за голманот, се надевам паметно ќе ги искористите парите и ќе се сретнеме пак у ЛШ!
Среќно во новата сезона!
Ковачич има клаузула од 90 мил . Заборави брате на тоа, не дека и ја несакам .Сега се слушнавме со Палота, иако е утро кај нив во Бостон. Ми вика дека средњак ќе се земи сигурно. Се размислува помеѓу Зијех, Ковачич и Херера.
Му викам кој и да земете ќе е добро.
Ковачич има клаузула од 90 мил . Заборави брате на тоа, не дека и ја несакам .
Н'Зонзи е можеби последното засилување за нас бидејќи еве Олсен го договориле .
Олсен утре пристига на лекарски прегледи, 8.5мил евра ќе чини трансферот. Уште сега гледам дека Миранте ќе ни брани цела сезона
И за Малком зборуваат дека утре ќе дојде на прегледи, Бордо прифатиле 35мил плус 2-3мил бонуси.
Дефрел оди на позајмица во Самдорија, платена 1.5мил евра и право на откуп за 14-15мил наредната година.
Сега се шпекулира дека и Гоналон ќе пробаат да го продадат, за да се донесе квалитетен игра на позиција ДМ.
Торино го сакале Хуан Хесус.
А по доаѓањето на Малком, вајда некој од Шарави или Пероти ќе си оди.
Можеме да го позајмиме ако запнат. Јас искрено за Херера сум повеќе. Многу цврст играч. Со Н'зонзи ми е некако чудно. Се надевам дека ќе биди некое топ засилување во средина.
Според мене Пероти ќе си оди пред ЕлШа. Мислам дека оние правилата со италијански играчи и дрн-дрн други работи ќе биде влијателно. Јас би ги задржал и двајцата. Сепак можат да играат на сите позиции во напад. Иако имаме по двајца играчи на секоја позиција (се разбира ако дојди Малком), ама сепак за ротација се ок и ЕлШа и Пероти. Ќе има натпревари на секои три дена, а не знаеме како младиве ќе се покажат.
Пероти би го играл по потреба и во средина. Знае да издрибла, да повлечи на себе играч и да направи продор.
Јас пак мислам дека Олсен нема да биди лош. Сепак имаа опции да бираат и поради некој причини го избраа него.
Скорупски мене ми се допаѓа како голман. Мислев дека ќе го замени достојно Алисон кога ќе си замине, но Мончи и ЕДФ не сметале така. Ако мислеле дека Скорупски е доследна замена за Алисон (за кој свесни беа дека ќе го продадат), ќе го задржеа него, а не вака да бараат голман.
Значи нема да биде проблематично.
Олсен од Миранте треба да е појак за 2,67 класи.
Сега да молиме бога да се покажи Дефрел во Самп, нека им чукни по некое голче на конкурентиве наши па ако го откупат за 14 ќе сме на коњ.
Ако се продаде и Гоналон ќе частам пијачка во Лајк
Мислам дека нема да го продадат ЖЖ. Ако сакаа да го дадат ќе го задржеа Капрадоси.
Горе-долу составот би бил ваков:
Прегледај го приврзокот 194383