Старите рекле дај му на човек моќ и ќе видиш каков е. Во случајов со битолчани важи дај им една титула и ќе видиш какви се.
Никогаш не сум посакал Македонски тим да испадне, губи или да се распадне, дури и Пелистер. И деновите кога Вардар се борел со Металург, секогаш сум сакал на тоа место да биде Пелистер. Во фудбал кога Вардар играше ЛЕ, а Пелистер втора лига, секогаш сум викал дека треба да се врати Пелистер и само така може да има напредок.
Ама како што ми се имаат згадено последниве две сезони, никогаш не ми биле поодбивни од сега. Таков неоснован курч од нивна страна не сум видел до сеа на друго место. Без осет и без трошка самосвест, да речат да поради грешка на Вардар освоивме титула после катаљарда години, мислиш се имаа прошетано низ лигата ланската сезона. Па и ова дерби такво мизерно однесување, теории на заговор и што не, им се одби од глава. Па добредојдовте во пеколот, ајде да ги ебеме...
АБЕ ВАРДАР НА БАРСА И СЕ ВРАЌАШЕ ОД -7 ВО ПОЛУФИНАЛЕ НА ЛИГА ШАМПИОНИ АЛООО, ГИ ТРЕСЕШЕ ПСЖ И ВЕСПРЕН КАКО ОД ШАЛА, ВО БИТОЛА ЌЕ СЕ ПОСЕРЕЛЕ.
Пак ќе кажам, овој тим ме потсетува како на вториот шампионски тим на Вардар. Не можам да кажам по квалитет, меѓутоа по енергија, хемија и пред се инат на теренот. Ја имаат таа среќна ѕвезда што ги прати храбрите, исто како што ги пратеше и Вардарци од 2019та. Се кладам дека овој тим на Вардар, ќе пружи многу поголем отпор и ќе имаше неколку победи во ЛШ оваа сезона наместо боксерската вреќа од Битола.