Фан клуб - РК Вардар

Столе ќе биде тренер-играч, марк мај вордс :D

Не е лошо засилување Петриќ, додека за тоа левото крило што наводно ќе не засили, немам некое задоволително мислење.
Нема потреба на крила да носиме странци, особено не таков тип на играчи. Може да дособереме македонски крила, нешто како Палевски или Кондев (за овој потешко), на крај краева ако евентуално остане Манасков, Стојановски ќе врши работа ко второ лево крило.
Проблем е немањето бекови, особено македонски бекови. Ќе мора по двајца странци на секоја бековска позиција да носиме за да имаме некакви шанси за успех.
 
Врањеш од Бенфика, наскоро се очекува промоција. Таков муабет ми кажаа
Озбилно? Врањеш е мошне сериозен играч.
Автоматски споено мислење:

BTW Јас мислам дека Столе треба да си ја заврши играчката кариера. Ми делуваше мошне уморен од играње сезонава, како и паднат физички. Кога ќе се земе во предвид неговата возраст и повредите, чисто се сомневам дека ќе се врати. Аларов, Лазаревски и уште еден странец кој ќе игра во два правци мислам дека е идеално решение за таа позиција.
 
Последно уредено:
Така ми кажаа, и тоа човек кој е дел од еден наш суперлигаш. Исто ми кажа и дека Вардар ќе биде оној истиот што беше пред Самсоненко, додуша тој Вардар и не беше толку лош. И уште една вест ми кажа поврзана за шурите ама тоа во пп може да ти пишам
 
Тој Вардар не беше воопшто лош, особено последните две-три сезони пред Сергеј. Таа екипа што ја освои титулата 2013-та со Кара, Прибак, Фичо Лазаров, Петриќ, Марковиќ, Раковиќ итн. беше екипиште за оваа сега!
 
Да така е, не значи дека од оваа година ќе биде така, ама Вардар нема да биде за потценување.
 
Читам по порталиве шпекулации дека папучарон Гурбиндо ќе доаѓа во Алкалоид. :icon_mrgr:
 
Памтам од тоа статистики што гледав, не се наигра он за Динамо, дали по еден гол на натпревар имаше. Така што, ништо чудно да го пуштат. Ќе полни 36 годинава, ваљда готов е на некое високо европско ниво.
 
Оној пиперкарот одеше на Чкендија ,
ќељавиов на Слога Југомагнат ,
овој гадот на еурофарм работник
 
Attachments

  • 60C1392D-F5C8-482D-9F66-4419B8F2A2CC.jpeg
    60C1392D-F5C8-482D-9F66-4419B8F2A2CC.jpeg
    502,2 KB · Прегледи: 104
Оној пиперкарот одеше на Чкендија ,
ќељавиов на Слога Југомагнат ,
овој гадот на еурофарм работник

Па не е тајна дека овие се клуб на Сдс. И низ деведесетите кога беа доминантни, тоа се знае.
Автоматски споено мислење:

Памтам од тоа статистики што гледав, не се наигра он за Динамо, дали по еден гол на натпревар имаше. Така што, ништо чудно да го пуштат. Ќе полни 36 годинава, ваљда готов е на некое високо европско ниво.

Ништо повеќе не би пружил од Серафимов. И тоа цел Алкалоид мора да работи за него да се отвара приостор за он да може да влезе. Ужасна политика на клубиот кој се претставува како спасител на мак ракометот и репката.Толку за нив на темава, си има нивна тема.
 
"Недановски доби суспензија од четири, а Манасков од два натпревари. Двајцата се казнети поради вербални навреди. Не е потенцирано кој кого и што навредувал, туку само се наведуваат членовите 112 и 114 во кои се става до знаење дека суспензијата е доделена по повод навреда на службени лица или играчи".

Оваа казна е само најава што ќе следува од наредна сезона и каков третман ќе добиваме од федерацијата и судиите.
 
Иначе на овој ден пред 4 години бевме шампиони на европа, по втор пат !
Финалето не толку, ама она полуфинале против Барса е нешто незаборавно и неповторливо.
 
@Saber Rider ќе продаваше карта на полувреме :icon_lol: 5 дена после утакмица не бевме свесни што се деси. Убави спомени, се надевам ќе дочекаме пак.
 
А на овој ден пред 10 години ја земавме титулата од Металург после неколку години нивна доминација.
Денот изгледаше вака:
- Сите можни ритуали за среќа ги направив од сабајле, дури и во црква бевме свеќи да запалиме и одевме накај стадион по "среќниот пат".

- Петарда за Турново, буткање стативи, корнење трева КОЈА УШТЕ ЈА ЧУВАМ дома.

- Земавме крем банани да се заблажиме додека да почне ракометот. Никогаш не ја изедов крем бананата, ми стоеше дома до пред 2 години, морав да ја фрлам дека црвоса.

- Влегуваме во сала, салата крца, нема како да влезеш на трибина. ЕБР гураат за да се направи место нагоре, а надвор уште 1000 луѓе. Ми се слоши пред да почне утакмицата, излегов надвор и 20 минути не ја гледав.
Успеав да се соземам и некако да влезам на спротивната трибина.

Се останато е историја :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom