Нема никаква потреба Бутинот да ги држи на +10 во игра Талески,Манасков,Столе и Џомба,нека одмараат си ја завршија работата,ќе се најде некој месар кај овие Тиквеш ќе земе да повреди некој играч и после ќе се чешаме,видовме втората постава колку можат да одиграат,со Тиквеш едвај нерешено на полувреме извадија.
Инаку Кондев е сосема солидно крило за наши услови,посебно во одбрана знае да се постави и да одигра добро преден во 5-1 зона,доста подвижен,брз и пргав,без респект и страв кон никого.
Во напад исто добар,има широк репертоар на удари и знае често да биде незгоден за голманите.
Треба да го имаме во предвид за во иднина,сигурно ќе биде подобра и поефтина варијанта од Чувара.