Фан клуб - РК Вардар

Абе ние сезонава со едно лево крило планираме да ја играме? И еден офанзивен лев бек?
 
Чим од Целје го скаутирале, сигурно има солиден потенцијал. Колку ќе успее да се снајде тука, и да ни биде од помош во една ваква сезона е веќе друг муабет.
 
Има доста видеа на јутуб од дечково и стварно изгледа одлично,брз,продорен,добар преглед на игра итн.
Сигурен сум дека ќе ни биде од голема корист,посебно сега кога освен Карапалевски немаме друг среден бек,за Гаџа кој знае кога ќе се врати и во каква форма ќе биде,така да со Карапалевски и Добрковиќ би требало да ја истераме сезонава.
 
Според ова што го пишува на 24 ракомет, детево треба да е страшен потенцијал, во сите категории до сега најдобар играч и најдобар стрелец и за репрезентација и за Целје, а они важат за една од најдобрите школи во Европа, така да, може и да се погоди малиов...
 
Не знам колку е паметно да трошиме место за странци со играчи како овој во ситуацијата во која што сме. Мислам местата дека треба да ги чуваме за веќе (колку-толку) етаблирани играчи. Особено што, во неговава генерација имаме и ние 2-3 наши домашни играчи на истата позиција кои се талентирани.
 
Последно уредено:
Не знам колку е паметно да трошиме место за странци со играчи како овој во ситуацијата во која што сме. Мислам местата дека треба да ги чуваме за веќе (колку-толку) етаблирани играчи.
Се согласувам. Претпоставувам дека уште 2 играчи ќе донесат. Или некои млади, или наши.
 
Не знам колку е паметно да трошиме место за странци со играчи како овој во ситуацијата во која што сме. Мислам местата дека треба да ги чуваме за веќе (колку-толку) етаблирани играчи. Особено што, во неговава генерација имаме и ние 2-3 наши домашни играчи на истата позиција кои се талентирани.
Мислам дека бројот на странци не е проблем годинава. Во моментов имаме 5 од 8 дозволени. И да земеме уште 3 на полусезона нема да ја надминеме квотата, а не верувам дека ќе земеме тројца.
Момаков ветува чим од 14 години бил во Целје, но доколку се покаже, дали ќе можеме да го задржиме. Особено што има договор од 2 години. Мада и тоа е премија за Михо. :D
 
ova e dobar transfer. ako ne se pokaze se znae miho kako gi resava takvite... bez pritisok ima vreme da se uigra a karpale isto da napravi iscekor napred gadza da se vrati.
Автоматски споено мислење:

Мислам дека бројот на странци не е проблем годинава. Во моментов имаме 5 од 8 дозволени. И да земеме уште 3 на полусезона нема да ја надминеме квотата, а не верувам дека ќе земеме тројца.
Момаков ветува чим од 14 години бил во Целје, но доколку се покаже, дали ќе можеме да го задржиме. Особено што има договор од 2 години. Мада и тоа е премија за Михо. :D

ako se pokaze sezonava slednava ke mu bide prodolzen lol...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom