Мислам дека ќе биде ова едно од многуте заминувања, за жал.
Во врска со долгот, ЕХФ и Михо. Еден член погоре спомна дека во времето на Миххо странава имала 350 страни, а во ерата на Самсоненко стигнала и до 2800. Факт е дека многу навивачи никнаа кога Вардар почна да реди позначајни успеси.
Верувам дека повеќето не се ни запознаени со начинот на раководење на Михо. Плати во кеш на рака, договори со играчи што важат 6-12 месеци, па на крај на сезона се задржуваат 2-3ца и целиот ростер се менува, од сеозна во сезона. Михо не е ни приближно моќен и со пари како Самсоненко, тоа е уште еден факт. Ама со живот би гарантирал овде дека Михо е поголем Вардарец од повеќето тука.
Сигурен сум дека он не би му наштетил на Вардар во ниеден случај, оттаму и сомнежот зошто ЕХФ ни забранува учество. Ако навистина долговите се исплаќале тогаш има нешто друго матно кај нас или ЕХФ нешто не кажува.
Без да го бранам Михо, а вината да ја барам само кај Самсоненко, мене ми мириса на тоа дека има правни постапки према РК Вардар и затоа ЕХФ забранува учество. Она што повеќе ги иритира е веројатно затоа што сега сме РК Вардар 1961, нов субјект без правни постапки. Со добар адвокат ова може да се реши многу лесно. А, исто нелогично е како се исплаќале долгови ако сме нов субјект, тогаш од која причина се фрлале пари во бунар према стар субјект кој не е поврзан со нас? Многу прашања ќе останат нејасни дури и после пресот во понеделник. Имав некоја надеж пред 2-3 дена дека ова ќе се среди, ама работата воопшто не изгледа добро.
Во идеален свет би бил повеќе од задоволен со нешто помеѓу Самсоненко и Михо. Стабилен клуб со ростер што не се менува секоја сезона, ама и клубот да биде стабилен, а не да пропадне заради нечии бизнис интереси.
Самсоненко можеби е најдоброто нешто што му се случило на Вардар, ама од друга страна е и најлошото. Кое фајде од титулите кога клубот е на раб на пропаст?
Реномето е веќе уништено, џабе со години се боревме да стекнеме нешто. На крај остануваме со долговите, лоша репутација во Европа, а од тие инвестирања видовме само повремени блесоци што ќе ги памтиме долго време, исто како што ќе памтиме дека Самсоненко е одговорниот што го уништи Вардар.
Криво ми е од многу причини што гледаме ваков крај, ама тоа е што е. Највеќе ќе ме боли затоа што живеам во странство неколку години веќе, и кога и да збориме за спорт нема кој не го знае Вардар. Колеги се воодушевувале како вака мала држава и клуб им парира на ПСЖ, Барселона и Веспрем. Ама се си има крај нели.
Ако забраната за учество во Лига на Шаммпиони остане, мое мислење е дека сите странци ќе си заминат, можеби Столе би останал и евентуално Тимур да ја заврши тука кариерата. Другите треба да се будали да останат во ваков клуб. Би сакал да видиме светло за брзо и да се вратиме на старите патеки, ама и тоа делува на невозможна мисија.
До поубави времиња...