Фан клуб - РК Вардар

Велгор врати се , све ти е простено !


Kako trgnalo ako izigra uste edna vakva sezona Tale ke stane sledniot Stole lol... Pocna da go zivee i filmot komitski a i duhot na Vardar konecno go vozdisuva.
 
Според мене, во моментов е најбитно Дејвис да го продолжи договорот. Умерен оптимист сум по тоа прашање, ама ај да сочекаме и да видиме. Мислам дека и Тимур имал сознание за ситуацијата кога го продолжи својот договор.
И второ важно, да пазариме квалитетен среден бек. Годинава вака или така ја протуркавме. Клучните натпревари без Гаџа, кој и покрај тоа што не е прва класа бек, верувам дека ќе беше од помош вчера. Со крпење на дупката преку доаѓањето на Додиќ успеавме да ја спасиме сезона. Секако, да не го заборавиме Карапалевски кој исто направи значителен исчекор напред.
Да сум Михајло следната сезона би се обидел да го задржам Додиќ на позајмица, реално во моментов нема што да бара во Кјелце. Па они на таквиот ростер планираат и Готфридсон да го пазарат. Во таков состав Додиќ ни клупа не би помирисал. Карапалевски секако да се задржи. И некој квалитетен среден кој би направил разлика, дури ако мора и да се ослободиме од Гаџа.
 
И некој квалитетен среден кој би направил разлика, дури ако мора и да се ослободиме од Гаџа.
Мора да го шутнеме Гаџа. Не може со него против јаки екипи. Океј е дечкото, ама го нема тој екстра квалитет што ни треба. Некој што ќе потегне соло кога е најтешко, и што ке асистира. Преспор е, не доволно динамичен за игра со најјаките.
 
Мора да го шутнеме, ама да најдеме замена прво.
И Јотиќ моравме да го шутнеме, ама останавме на крај без среден бек.
Ако нема подобри опции, не треба да го шутнеме...
 
И Јотиќ моравме да го шутнеме, ама останавме на крај без среден бек.
Тој не требаше да го шутнеме, иако он сам не напушти. Иако не беше ни он креативен, го имаше тој соло момент што ни треба, кај што на сила може да се бутне и да даде гол.
 
Никој не го спори потенцијалот на Додиќ, ама сепак дојде на позајмица да пополни дупка во ситуација кога Гаџа се повреди и немавме адекватна замена. Ама кога го имаш Карапалевски, домашен и твој играч, кој фаќа форма и покажува подобри игри, мораше товарот и поголемата минутажа да падне кај него. Искрено, јас попрво би го задржал Гаџа, како поискусен и поизграден играч да зафаќа место за странец наместо Додиќ, поготово што може да покрива и на лев бек, инаку нов квалитетен среден бек МОРА конечно да се пазари. Само такво сценарио ме плаши дека скроз би се отфрлил Карапалевски, а реално дечкото дефинитивно заслужува шанса и поголем простор за докажување, ама не треба да се доведеме во ситуација да зависиме на него, ниту е сигурна опција ниту пак му треба таков притисок на грб.
Не бев во можност да ја гледам вчера, ама како сме ја добиле со Њокаси, без Куни и Гаџа искрено не знам. :D Тешки циркузанти се браќава и дефинитивно нема што да бараат веќе кај нас, ако остане Куни со словенецот што го договорија на десен бек би биле покриени, останува да се донесе лев, централен и пикер, голманите и крилата се горе-доле покриени и може само некои ситни промени да настанат таму. И за крај, не знам што го мотивираше Тале и како дојде до ова, човекот е најнапален на терен, прв за славје и за пеење и прав лидер на екипата сезонава, секоја чест :cuc: Се надевам ќе остане и Дејвис, иако имаше мали киксови, поразот во Скопје и тајм-аутите последниве 2 дербиња, ама сепак многу подобро личиме откако е тој тренер.
 
Не е лош играч Божо,ама далеку од некоја класа или играч што може да биде лидер на екипа во ЛШ,би рекол тука некаде со Гаџа може малку по експлозивен и по борбен.
Ако ништо друго сигурен сум дека атмосфетата ќе му легне одлично и ќе дава 200% на утакмици.
FB_IMG_1652697773531.jpg
 
Последно уредено:
Искрено, очекував повеќе за среден бек, не дека е лош играч, ама некако очекував некое позвучно име...
Исто. Мислев дека надминавме вакви играчи. Не дека очекувам некој елитен да дојде, ама вака делува дека баш се враќаме во старата Михо ера.
 
Исто. Мислев дека надминавме вакви играчи. Не дека очекувам некој елитен да дојде, ама вака делува дека баш се враќаме во старата Михо ера.
Ja ne znam kako do sea ne svativte deka sme vrateni vo taa era :)
 
Далеку од тоа дека не е добар и дека нема да донесе квалитет, баш напротив, за Црна Гора на првенствово у Дебрецин изгази, 30 години има не е ни стар, доста силен и прецизен шут и знае да напраи добар влез, не прави технички грешки, значи не е дека не е добар, ама некако се си мислев дека ке дојде некој класа среден бек... Али што е тука е, во секој случај добро засилување, и шурите го барале, ама титулата и играњето во ЛШ си го направиле своето...
 
Доколку се задржи Гаџа + Божо + Карапале океј сме. Тројца различни играчи и по стил на игра, и по физички карактеристики. Така би биле класа бољи од оваа сезона на таа позиција.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom