Конечно дојде време да го пофалам Талевски на форумов. Човеков се препороди по доаѓањето на Дејвис во Вардар ( као што спомна и самиот во интервју). Моментално он е тоа што постојано зборев и очекував да биде, а не беше. Класичен лев бек со муда да шутне, со самодоверба и после промашувања, цврсто во одбрана, и само нека продолжи да вложува во себе и да биде уште подобар, со што ќе видиме аир и во репрезентација ( веќе почна да пружа добри партии и тамо). Значи кога заслужуваат не е тешко да се пофали и поддржи македонски ракометар, а не е и ништо страшно кога се критикува некој кој заслужува. Кај Талевски мислам дека тоа имаше и добар ефект, се стегна, си ја чукна глаата дека мора да мења и во приступ и во храброст и во се. Секако мислам пред се на добронамерна критика, а не дебилни закани на социјални мрежи како што спомна он дека имало на негова адреса. Исто као што спомнав погоре, мора да си одат Њокасиве. Не е релно колку аматерски грешат а со тоа за многу кратко време не влечат доле во одреден натпревар. Ракометари со толку искуство во својата кариера, со толку наступи во најсилните лиги низ Европа, да праат вакви аматерски грешки е непростливо. Михајло треба да им каже фала, и чао догледање. Во финале ако не игра Куни, доста тешко ќе ни биде со ваков Њокас. И за крај мора да се спомне Дибиров. Конечно после подолго два натпревара во негов стил. Тој во Битола и овој сега. Во негов стил во смисла на голема реализација, без промашубање зицери и пенали. Конечно потпиша нов договор, голема психолошка добивка за екипата и за него самиот.