Фан клуб - РК Вардар

Dechki imam 3 sezonski karti na prodazba poradi nekoi lichni prichini. Sezonskite karti se blok 13 red 7 sedishta 11-13-15.
 
Прави бизнисмени би ја прифатиле оваа шанса да ги конвертираат во некаква филијала за воспоставување на Вардар како бренд таму и да платат еден скаут што ќе собира по Латинска Америка играчи, бидејќи има таму таленти Бразил пример не е селекција за фрлање и они креваат ниво пополека. Ова може со малце пари да се заврши.
 
 
Вакви работи не сум видел за Везпрем на пример,
Тука се гледа кој врти антена кој вика добро е :roker:

Убаво би било барем 3-4 луѓе од двава клуба да се поканат да дојдат на некоја утакмица како token of appreciation
 
Alborg-Vardar-1068x1346.jpg

Еве ги составите, со враќа Палмарсон, а ние сме со Томовски и со Али Сафар, Борко останува во Скопје. Иако не сакаат јавно да ја кажат вистинската причина, очигледно е дека е антиваксер и не сака по никоја цена да прими вакцина, иако е професионален спортист. На двете гостувања во скандинавски земји има "мали здравствени проблеми" и за следната утакмица одма е спремен.. Што типувате за вечер?
 
Прегледај го приврзокот 310543

Еве ги составите, со враќа Палмарсон, а ние сме со Томовски и со Али Сафар, Борко останува во Скопје. Иако не сакаат јавно да ја кажат вистинската причина, очигледно е дека е антиваксер и не сака по никоја цена да прими вакцина, иако е професионален спортист. На двете гостувања во скандинавски земји има "мали здравствени проблеми" и за следната утакмица одма е спремен.. Што типувате за вечер?

Ептен тешко гостување. Ако гледаме и идеме со срце нормално е да се надеваме на позитивен резуултат, но ако гледаме овака реално ракометно мислам дека они се фаворити и големи се шансите да изгубиме вечерва. Да не се повторувам во секој пост, се знае што се е потребно да одиграме вечерва ако сакаме позитивен резултат. Мене искрено ме плаши голмансково дуо пред се заради падот и неконстантноста на Томовски веќе неколку натпревари ( почна после гостувањето во Елверум) а добар голман е пола победа. Ќе треба пак се да се поклопи, оние грешки при напади 7 на 6 не смеат да се случуваат пошо ќе јадеме дебакл. Дури Вујо мора да размисли дали воопшто да одиме со такви варијанти ако се знае дека скандинавците се опасни и кога им напаѓаш 6 на 6, а не па вака. Од друга страна со напад 6 на 6 сме доста ограничени, и на Вујо му е јасно се тоа, па баш ме занима како и со која тактика ќе влеземе вечерва. Едно е јасно и тоа се знае секогаш кога се игра против скандинавци. Мора да ја умртвиме играта, да не влеземе во наттрчување со нив пошо ебавме ежот во таква ситуација. Мора да играме споро, стрпливо, со минимален број на технички грешки и да се обидеме да бидеме блиску со резултатот. И да имаме негатива не смееме да паѓаме и да губиме глава него да се обидеме да се вратиме побргу, и доколку во последните пет минути негативата биде два или еден гол се може да биде. Доколку па успееме да водиме и одржуваме резултат на нивен терен ушто подобро. Се надевам дека се работело на тренинг, бековите да носат разумни одлуки во одреден момент пошо ракометот е таков спорт, едноставно мора да користиш кликер. По мене поразноврсна игра ќе ни ги зголеми шансите за позитивен резулат вечерва. Секако тука не треба ни да споменам дека добар ден на голманите ( изнад 10 одбрани) и крвава одбрана се неопходниот елемент за добар резулат. Да скратиме, вечерва ќе биде пеколно тешко но не и невозможно. Напред Вардар!
 
Последно уредено:
Вчера на Арена спорт имаше снимка од Фуксе Берлин- Тулуз , ми идеше да го најдам Михајло и да му вржам два шамари што така лесно се ослободи од Кантрагел !!!
Како бранеше дечкото вчера секоја му чест, многу изгубивме што не остана наместо Борко
 
Незнам зашто се плашите од тим ко Алборг кој не е нешто специјално само да невлезиш во нивниот ритам и доста работа е завршена реално тие се поќе домашна екипа сепак не е топ клуб кој шо од почеток би бил фаворит напротив со добро нарушување на нивниот ритам и тактичка спремност паѓаат ко круши. Овде ако ја изгубат ќе ја изгубат ради Вујо како шо и се плашев против Монпелје мада резултатите од првите утакмици се благодарение шо играше еден “дивјачки “ ракомет без многу да знаат за стилот на игра дојде Монпелје и тактички го сруши. Поќе работите завист од Вардар отколку од Алборг според мене.
 
Уплатив у Спорт лајф на коефициент 5,70 , сега го сменија на 6,50
Будала не почекав уште
Автоматски споено мислење:

Уплатив у Спорт лајф на коефициент 5,70 , сега го сменија на 6,50
Будала не почекав уште
 

Attachments

  • image.jpg
    image.jpg
    2 MB · Прегледи: 18
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom