Фан клуб - РК Вардар

Утакмицава беше перфектен момент да се крене дресот со број 27 на банер, не мораа ни да го повлечат од користење, можеше само симболично да се крене горе како 87ката, ама веројатно треба да текне некому за тоа ...
Ќе беше одлично тоа, ама да се случеше... :(
Автоматски споено мислење:

Скубе и официјално од следното лето се сели во Киелце, па автоматски на тоа одма почнаа шпекулациите на враќање на Кара во Вардар. Не е невозможно, ама се уште на база на шпекулација и желба си е. Евентуално некој да има подетални информации па да сподели:)
 
Превисоки се цените за македонската публика. Требале да ги намалат за полесно да се полни салата. Не е дека не се реални цените, ама неверувам дека многу луѓе ќе дадат толку пари.
 
Превисоки се цените за македонската публика. Требале да ги намалат за полесно да се полни салата. Не е дека не се реални цените, ама неверувам дека многу луѓе ќе дадат толку пари.
Со 30% капацитет ќе се игра, значи околу 1500 карти се во реална продажба ако ги тргнеме тие за спонзори. Нека се укине клубот ако нема 1500 луѓе што се спремни да дадат 50 евра за да го гледаат вардар цела сезона. И мене ми е скапо ама ќе се откажам од некои други задоволства месецов и ќе си купам карта.

Ако има екипа за дружба на утакмици нека ми пише да се групираме на еден блок за да можеме да почнуваме по некоја песна или скандирање. Комити ко што гледам тешко да се појават сезонава на ракомет. Глупа одлука ама они си знаат. Се надевам ќе се премислат.
 
Јас купив...блок 7 ред 14 место 1 повели до мене,следното место е бр.3

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 
Што е проблемот со Комити ?
Вујо и играчите нон стоп ги спомињаат
и ги бараат во секое интервју ?
 
Секоја година иста приказна е со картиве "многу се скапи". Ама сите сте разочарани што веќе Кара, Скубе и Чупиќ не се во клубот. Не дека клубот носи играчи од картите, ама свесни сте дека треба финансии да влезат во касата за да може да се функционира како што сакате така? Цела година зјае празна салата се полни на 3-4 меча кога има јаки противници и после загрижени за Вардар биле.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom