Фан клуб - РК Вардар

„Прво не знаеме кој ќе биде новиот тренер на Вардар. Јас уште сум оптимист дека Алушовски ќе остане. Не сакам да ја критикувам јавноста, но треба да бидеме реални. Овој Вардар нема квалитет за големи дострели. Ова беше само еден вид на тест да видиме што чини, а што не во ростерот, па потоа полека да го вратиме Вардар на местото каде што припаѓа. Не се прави тоа преку ноќ, со купување на нови десет играчи. Мислам дека е голема грешка тоа што Алушовски си заминува, човек кој многу го почитувам. Многу го сака ракометот, го разбира и мислам дека е на прав пат и од натпревар во натпревар беше сè подобар во водењето на тимот. Мислам дека претседателот прави грешка и се надевам дека таа грешка ќе увиди до крајот на сезоната и нема да го врати клубот десет години назад“, изјави капитенот на Вардар.

Интересно :)
 
Интересно :)
Ова не го очекував од Столе. Особено што не можеше да го трпи Алуш, реално тоа се виде неколку пати.
Навистина Вардар ќе се врати 10г назад ако биде Вујо тренер а воедно мислам дека ако остане Алуш пак ќе бидеме очобол.
Мислам дека Михајло многу го почитува Столе и се надевам до некаде ќе го послуша.
А да си го земеме Дејвис назад ние ? :D
 
Ајдеееее најмалку што очекував од Столе е ваква изјава... Ужас. Ок да не го сака Вујо, ама да агитира за Стево катастрофа.
 
Ајдеееее најмалку што очекував од Столе е ваква изјава... Ужас. Ок да не го сака Вујо, ама да агитира за Стево катастрофа.
Абе он е секој ден со него, најверојатно знае колку е крив Стево за резулатите, а колку е до други фактори. Не викам дека се што ќе каже на оваа тема Столе е во право, ама има подобар увид од нас, и не треба да се отфрли веднаш неговото.
 
Столе е во право, помина тоа време кога имаше тренери кои урлаа, се дереа и тн. Сега доминираат тренери како на Нант - смирен, сталожен и си гледа својата работа. Ама од друга страна да го брани Стево е комедии. Нека учи прво Стево занает во некој клуб, па ако се покаже тогаш може за Вардар, сега доста му е и фала му за годинава.
 
Абе он е секој ден со него, најверојатно знае колку е крив Стево за резулатите, а колку е до други фактори. Не викам дека се што ќе каже на оваа тема Столе е во право, ама има подобар увид од нас, и не треба да се отфрли веднаш неговото.

Абе ајде... изјавава е класично агитирање кај Михајло да го задржи Стево. Едно е да не го сакаш Вујо, ама он вика да се задржи Стево. Нешто не ми штима тука, со оглед на тоа како му се понашаше Столе цела сезона. тотално без респект.
Автоматски споено мислење:

И нагло баш сега изјавава.
 
Малку чудно што Столе го брани Алушевски,некако имав впечаток дека не го сака и едвај чека да замине,очигледно и Столе нема живци да го слуша Вујо секој ден како се дере.

Сепак мислам дека изјавата на Столе е ваква зошто неможе дирекно да каже не го сакам Вујо нека дојде друг тренер,затоа мора да изјави вака,демек нема потреба да се менува тренер,свесен е дека ако има промена на тренер Вујо ќе биде прва опција.
 
Ги помина Столе Раул и Парондо, знае како изгледа врвен тренер, не му се враќа на пцуење и мотивирање со изјави дека некој ќе го заколе ако не направи ова или она.

А јас лично мислам дека се претера со овие теории дека Стево не се разбира ич. Еве Столе вика екипата дека не е за висиоки дострели. Чупиќ пред не знам колку месеци рече дека екипата не е на ниво. Тимур лани го фалеше Стево дека пробува да ги мотивира, да воведе нешто ново, дека океј бил. Ама, цела јавност него го криви за резултатите. Мое лично мислење е дека треба да доведат нов тренер зошто некако лоша атмосфера се створи во клубот. Но, неверувам дека Стево е толку неспособен како што го прават луѓе. Цел живот е во ракомет, имаше долга кариера, има положено таму за куп лиценци, води младинска школа, неколку години е тренер. Не знам, јас лично мислам дека се потценува човекот. Може не е толку квалитетен, ама во никој случај не е ужасен ко што го прават некои.
 
Ако беше толку добар ќе останеше у Еурофарм Пелистер.

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 
Ако беше толку добар ќе останеше у Еурофарм Пелистер.
Он си побара раскин на договорот со Еурофарм. Јас не викам дека е генијален тренер, само дека не е толку ужасен ко што сите го прават.
 
Да бидам искрен, кога читам по форумот какви глупости се трескат, туѓ срам ме фаќа. Да го деградираш Веселин Вујовиќ треба навистина појма да немаш не од ракомет, туку општо од спорт. Од кога важи поделбата дека овие темпераментните абер немаат, а овие мирните ,,мастер коуч" ликови се топ тренери?
Ете денес на двете страни гледавте по еден труп, мирни бубалки, а со цела почит, ни едниот ни другиот не му се ни до колена на гореспоменатиот тренер дивјак.
Точно е дека темпераментот го има коштано доста низ кариерата, ама да се трескаат онакви глупости за некој кој пред неколку сезони имаше на маса понуда од Веспрем, и доколку не дојдеше до промени во управа ќе беше назначен за нов тренер на Веспрем, е во најмала рака идиотски.
 
Далеку е од ужасен тренер, многу пати е зборувано тоа. Но, некако не успева да ги задржи конците во свои раце, нема енергија во него, не го почитуваат. Сепак, на ова влијае и однесувањето од челниците, кои се чини од старт не му дадоа јасна поддршка, безразлика што го оставија да биде тренер. Некои играчи требаше дебело да се казнат за годинешниве изданија. Од овој тим, само Јотиќ е играч што е одбран од Стевче и затоа само по него викаше, сите други му ги наметнаа или ги наследи. Каде и да оди, ќе го следат истите проблеми, безенергичен е, нема глас да викне, ко да сакаш да клецаш некоја сериозна бизнис женска, ама единствено дседиш во парк и пиеш трилитарка од 100 денари. Паметен си, може ќе ја ќариш, имаш муабет во тебе, ама твојата надворешната слика не е доволно ниту да добиеш шанса да се покажеш. Може лош пример, ама поентата е дека, мора да смени нешто кај себе, за да почнат посериозно да го сфаќаат :D
 
Денешната серија од 7-0 на Еурофарм најмногу му оди на него на душа.
 
Интересно :)

dajte video od izjavata... ova e bt portal, nisto cudno da jadat gomna
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom