Траљаво, како што се очекуваше.
И 100 да тепаа во Скопје, ќе чекаа пак до 99 да ни дојдат за да ја намалат разликата.
Прелабава игра, освен на Чупиќ, Калараш и Дибиров, па и Жутиот. Повторно ги реши ладната вртимушка на Тимур, како само ги дава алал да му е.
Се гледа дека никој не го ебава Алушот, распуштени се одамна. Играат колку да се доигра. Дисингер си го ладеше до крај и си брцна 3 гола во 2 минути како од шала.
Вака ако играат, може и да изгубат некој бод некаде.
На 23-ти играме дома со Бутел, па на 27-ми на гости со Струга, па на 30-ти на гости кај Пролет и на 3 јуни дома со Металург.
Не знам за вас, ама мене ме плашат последниве две. Евидентно е дека немаме квалитет во поширокиот ростер. Толку многу леви бекови, сите за во канта. Шеваљот ветуваше нешто на почеток, ама испадна тешко промашување.
Тале не го ни коментирам. Дисингер како дувне ветерот.
Ептен фали Гаџа, таман фати константност во играта. Пример некоја повреда на Чупиќ, Калараш или Дибиров и толку е, може да се сликаме и против Струга

Да имаше публика годинава они ќе беа уште помотивирани и сигурно ќе ни земеа титула. Многу поширок состав имаат, ние по 60 минути со исти ракометари играме.
Што побрзо нека заврши сезонава и се надеваме на освежување од наредна година.