Фан клуб - РК Вардар

Штета, Сегед беа печени за пораз, црните 7-8 минути на почетокот од вториот дел си го направија своето.
 
Три утакмици по ред играме прилично солидно. Порто го изгубивме заради еден куп грешки на Тале и Вујин. Кога ќе ги заковаш нив на клупа одма се гледа разлика, дури и со толку лимитиран состав.
Криво ми е што не добивме бар една со Сегед, бидејќи заслуживме. Реалноста е таа, двобојот го губиме заради недостаток на искуство. Освен Чупко, Тимур и Столе, другите не се психички спремни за моменти кога се крши резултатот.
Конечно Кантегрел доби шанса и мислам дека покажа дека на него ќе може да се смета во иднина и мислам дека ќе дава уште подобри партии со поцврста одбрана пред него.
Не сакам да плачам за судењето, ама на почеток на второ полувреме одма ни креваа пасивна, а на крајот на Сегед му даваа напади од по 3 минути.
 
Не можат да си дозволат да гледаат долгорочно. Нема Вардар пари, ни може да привлече некои млади играчи со кои може да направи иднина. Во Македонија нема моментално такви таленти. Луѓе тука се нестрпливи, замисли да не игра Вардар ЛШ година-две по ред, рејтингот ќе му падне драстично, па сите бурек ќе јадат и клубот уште повеќе ќе заглави. Они мора да носат играчи со кои ќе може да се одржи некое ниво на Мотор, Мешков. Тоа ни е реалноста сега. Ќе се зима што може да не одржува на тоа ниво, да играме ЛШ и Ф4 во СЕХА. Гледаш и Михајло по интервјуа резигнирано збори дека ние не можеме повеќе со Веспрем и такви екипи. А за тренер, ја сум 80% сигурен дека Вујовиќ ќе дојде летоска.

Проблемот со неинвестирањето е што ќе се олади цела јавност без успеси и после и овие спонзори што ги имаме ќе ги снема.

Да не се лажеме не сме нити први ниту последни што знаат да останат должни на ракометари. Нити пак Михајло е светец, кој ја памти неговата претходна ера знае какви сумљиви странци доаѓаа и им удиравме клоци без да ги исплатиме.

Ова сега ми е комплет без стратегија нити нападот нити одбраната. Кога дојде Вујо ( вториот пат) се знаеше некако на каде оди работата, Вардар со одбрана што ќе прима до 25 гола и Вардар со напад што може да се прилагоди према противникот ( против Металург да ја тупи додека не ги измори или пак да игра апла пата пата со германски Магдебург).

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Не може во екипата десното крило да ти е најкреативен играч, и да ти игра десен и централен бек. Јотиќ, добар шут, пробив, нула креативност. Гаџа паничар. Дисингер изгледа пак повреден. Калараш не треба да игра напад, не е добар реализатор, не знам зошто Валчак не се пушта повеќе.

Абе тоа е. Чупиќ, Дибиров, Гоце не излегоа од игра, а и овој Шевалевиќ играше сигурно 55 мин. Нема играчи, не е Стевче крив.

Очајно ни треба некоја креативен централен бек за следната сезона.
 
Како баби некои сте со тоа Алушевски, Алушевски, Алушевски...
Ајде да го видам тој тренер што со 0 десни бекови, 1 креативен среден бек во екипа, без замени на крила и без класичен дефанзивен играч ќе победи некоја од најдобрите европски екипи. Дополнително да го нема она што не красеше досега низ годините, јаката атмосфера на која сите паѓаа во Скопје.
Да, Стевчо не е некој мастермајнд, ама на ВАРДАР МУ ТРЕБААТ ИГРАЧИ, со моменталниов крпен состав, нема да губиме 5-10 разлика, ќе губиме по 2-3 ако имавме подобар тренер.

Па он ги донесе тие бекови што го направија клубот како воопшто да ги нема. Тале, Гоце и другиве шишиња што отвараат не ги добивме на грепка.
 
Па он ги донесе тие бекови што го направија клубот како воопшто да ги нема. Тале, Гоце и другиве шишиња што отвараат не ги добивме на грепка.
Вујовиќ рече во едно интервју дека он го советувал Михајло да се донесе Талески, ама сега и он видел дека грешка било тоа, и дека Талески дека е послаб играч сега него пред 3 години. Така што јас лично неверувам дека он ги бирал играчите. Која моќ ја има и он, ај не зезајте. Сите тука го правите некое муле кој никој не го ферма, а го кривите дека он сам си ја кроел екипата.
 
Па он ги донесе тие бекови што го направија клубот како воопшто да ги нема. Тале, Гоце и другиве шишиња што отвараат не ги добивме на грепка.
Абе сигурно дека покрај Михо, Алушевски решавал нешто за засилувањата во клубот. Мало морген, безгласна именка, гледате дека и на тајм аути Чупиќ збори, он гледа ко клисар од позади.
Што побрзо се навикнеме дека заврши нашето време, толку подобро. Останаа Чупка, Столе и Дибиров да го оддржуваат духот на екипата. Чупиќ си оди, другите двајца се при крај од кариера, после нив ќе градиме тим од 0 и ова што го гледаме (борба скоро до крајот со најсилните екипи во Европа) ќе стане научна фантастика. Нема Михо пари за да крои екипа за повисоки дострели, а како ќе одминува времето, како што спомнаа погоре, ќе се изгуби интересот од јавноста за клубот и ќе ги немаме и овие спонзори. Сега ако не се случи некоја пресвртница, да влета некој јак спонзор, ќе станеме HC Sledeca sezona.
Тоа боранијата што ја имаме во клуб, треба да се избрка и да се донесе некој барем малку поквалитетен на нивно место. Недостасуваат квалитетни играчи, посилни од овие што ги имаме и без нив нека седнат и Раул и Парондо на клупа, џабе е.
Сосема солидно играме, толку е силата и пред се' - квалитетот.
 
Како баби некои сте со тоа Алушевски, Алушевски, Алушевски...
Ајде да го видам тој тренер што со 0 десни бекови, 1 креативен среден бек во екипа, без замени на крила и без класичен дефанзивен играч ќе победи некоја од најдобрите европски екипи. Дополнително да го нема она што не красеше досега низ годините, јаката атмосфера на која сите паѓаа во Скопје.
Да, Стевчо не е некој мастермајнд, ама на ВАРДАР МУ ТРЕБААТ ИГРАЧИ, со моменталниов крпен состав, нема да губиме 5-10 разлика, ќе губиме по 2-3 ако имавме подобар тренер.

Проблемот е што и со таков десеткуван состав утакмиците носеа шанса во себе да се добијат бодови а ние само поради Гревче не добивме ни бод.
Немој да го браниш пошто не се само играчите фактор. Да беа немаше да освоиме 2 пати ЛШ.

Физичка спремност 0 ( пола екипа душа нема по 50-та минута)
Тактичка спремност 0 ( сите голови на сила)
Тимска кохезија 0 ( види ги паузите)
Иновација дрскост и инат 0 ( уште се вадат на акциите со 2-ца пикери при играч повеќе, за одбрана не ми се ни збори зошто голманите немаат ни 5% помош од одбраната)

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Не може Стевче да ни е главен кривец, океј се сложувам..
И јас посакувам да го сменат, ама пред се бидејќи нема авторитет. Па на оној тајмаутон кога ни избегаа со две серии од по 4-0, вика "Ааајде Ловро, ајдее". Ете Вујо го спомнавте, мислам у таа ситуација живи ќе ги изедеше и ќе ги отераше у 100 пичке материне. Не успева да ги мотивира. Тоа е проблемот.
Ќе повторам пак, играта според ростерот што го имаме е скроз солидна. Сепак не се ова тимчиња као ГОГ и Татабања.
 
Физичка спремност 0 ( пола екипа душа нема по 50-та минута)
Тактичка спремност 0 ( сите голови на сила)
Тимска кохезија 0 ( види ги паузите)
Иновација дрскост и инат 0 ( уште се вадат на акциите со 2-ца пикери при играч повеќе)

Па одговорот на сите прашања ти е НЕМАЊЕ КВАЛИТЕТ и преголема квалитативна разлика меѓу одредени играчи во екипата. Европски шампиони заменивме со некои што не сме ги знаеле дека постојат. Нормално дека тимската кохезија ќе биде нула, па да ми бидат соиграчи Талески и Гаџа, а јас да сум светска класа играч, ќе земам да ги тепам од сала до дома. Да победуваме ќе има кохезија, нормално дека притисокот од јавноста, нереалните очекувања и постојаното губење со мала разлика си го прави своето.

Го тепавме Фленсбург, се држевме со Киелце дома, со Порто и дома и гости, со Пик Сегед на два пати, а ова се екипи кои на хартија се светлосни години пред нас. Тоа што за малку не тепаме е таа разлика во квалитет, што ние сме дефицитарната страна.

Надополни дека сезоната е секако отидена во курац, нема натпревари, каква физичка спремност да имаат? Еднаш играат, пет пати не. Тимот е крпен, мора да играме со истите играчи затоа што ако влезе втора постава, ќе не откажат за 5 минути. Не е до физичката спремност проблемот, туку до НЕОПХОДНОТО играње на некои играчи во два правци по 60 минути.
 
Плус и СЕХА лигата што беше главно место за спремање акции, темпирање форма.. против добри екипи.. се сведе на двомеч со Војводина и Нексе.
 
Па сам си кажуваш дека не го бива, кој е тој тренер што не смее глас да пушти на тајмаут? Тогаш подобро Чупиќ да не водеше сезонава. Како џабе е? Имавме тим да ги плеснеме Барселона и ПСЖ? Киелце како шампион 40 гола прими во Скопје. Стевче и со Еурофарм на ист начин ги губеше утакмиците, се држеше цела утакмица и на крај сите ги губеше на идентичен начин како со Вардар. Вардар создаваше играчи, од анонимуси направи ѕверки, а сега акција не можеш да видиш. Ако се изгуби на крај и титулата во домашното првенство пак нема да биде крив, може Петре Шилегов ќе биде крив.
 
Многу малку играчи има што можат да играат 60 мин во два правци на вакво високо ниво. Види денес кај нас, Гоце и Дибиров го изиграа цел натпревар. И Шевалевиќ го играше скоро цел. Чупиќ цел го одигра во напад. Само на пикер има ротација.

Дисингер, една ќе игра, три натпревари нема да игра.
Талески дава пешкири и најверојатно нема да влезе во игра до крај на сезонава ако може да игра Дисингер.
Гаџа исто пешкири даваше последниве неколку натпревари, сеа влезе 5 мин.
Вујин исто немаше да има забележителна улога.
Векиќ не игра напад.
Нашиве нема шанса да влезат во игра. Ти имаш едно пет-шест играчи што не играат во состав. Зошто? Зошто толку пари се има, за тој квалитет играчи.

Што очекувате? Јотиќ не е плејмеркер. Гаџа очигледно е дека нема самодоверба и дека не е за ова ниво. Не може овие што играат да играат цел натпревар и да задржат концентрација и физичка подготвеност 60 мин. Затоа има драстични падови.

Нереални сте. Не може Алушевски да го спречи Вујин и Талески што им дадоа едно 7 топки во раце на Порто, или сега кога се кршеше резултатот што Јотиќ и Гаџа продадоа топки. Тоа е. Квалитет си кошта. Играчи што играле Ф4 за нас сега не се реалност. Екипата е коректна, и може да изненадиме некој на добар ден, ама не може да се очекува константност.
 
Видливи се некои позитивни работи дефинитивно. Прво и основно, одма се осеќа дека формата на екипата се движи во нагорна линија, што е резултат на тоа што успеавме да споиме 4-5 меча изиграни по ред.

Кантегрел мора да добива минутажа, особено кога сме веќе длабоко навлезени во сезоната и треба сите "оружја" кои ги поседуваме да ни бидат на располагање. Да, голман е ама и на нив им треба минутажа на мечеви за да ја креваат формата. Не може да се крстиме константно во Борко. Плус, некој мој личен впечаток е дека кога е Борко во игра тимот е понервозен заради сите оние негови дофрлања, гестикулации и погледи кога некој ќе направи грешка во одбрана.

Стефче е таков каков што е, не мислам дека има квалитети во моментов да води екипа која игра во ова ниво на натпреваруње, но НАЈГОЛЕМ проблем и приоритет е ростерот дечки, сосема е во право Saber. Да ја земеме денешнава утакмица како најпрост пример. Имаш десно крило кое принудно ти игра како бек, а на другото десно крило не му е денот. И? Кои ти се опциите? Опциите не постојат, не можеш никаква измена да направиш таму, принуден си да играш на тој начин. Топла вода не можеш да измислиш.

Има да биде пеколно тешко во борбата за титула сезонава. Битолчани се многу загреани, а и играат се подобро и подобро. И двете екипи се тука некаде по квалитет. Се надевам дека ќе успееме да ја одбраниме, па со една чистка на лето (Талески, Диско, Јагуриновски... па можеби и Гаџа) како и носење на еден класичен среден бек, кој ќе има и во умот и во телото, како и еден колку-толку квалитетен десен бек кој ќе игра во два правци да размислуваме за нешто повеќе. Екипа тешко се гради кога имаш големи средства на располагање (ПСЖ, Веспрем, Келце и др.), а не па кога средствата ти се ограничени.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom