Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Не можат да си дозволат да гледаат долгорочно. Нема Вардар пари, ни може да привлече некои млади играчи со кои може да направи иднина. Во Македонија нема моментално такви таленти. Луѓе тука се нестрпливи, замисли да не игра Вардар ЛШ година-две по ред, рејтингот ќе му падне драстично, па сите бурек ќе јадат и клубот уште повеќе ќе заглави. Они мора да носат играчи со кои ќе може да се одржи некое ниво на Мотор, Мешков. Тоа ни е реалноста сега. Ќе се зима што може да не одржува на тоа ниво, да играме ЛШ и Ф4 во СЕХА. Гледаш и Михајло по интервјуа резигнирано збори дека ние не можеме повеќе со Веспрем и такви екипи. А за тренер, ја сум 80% сигурен дека Вујовиќ ќе дојде летоска.
Како баби некои сте со тоа Алушевски, Алушевски, Алушевски...
Ајде да го видам тој тренер што со 0 десни бекови, 1 креативен среден бек во екипа, без замени на крила и без класичен дефанзивен играч ќе победи некоја од најдобрите европски екипи. Дополнително да го нема она што не красеше досега низ годините, јаката атмосфера на која сите паѓаа во Скопје.
Да, Стевчо не е некој мастермајнд, ама на ВАРДАР МУ ТРЕБААТ ИГРАЧИ, со моменталниов крпен состав, нема да губиме 5-10 разлика, ќе губиме по 2-3 ако имавме подобар тренер.
Вујовиќ рече во едно интервју дека он го советувал Михајло да се донесе Талески, ама сега и он видел дека грешка било тоа, и дека Талески дека е послаб играч сега него пред 3 години. Така што јас лично неверувам дека он ги бирал играчите. Која моќ ја има и он, ај не зезајте. Сите тука го правите некое муле кој никој не го ферма, а го кривите дека он сам си ја кроел екипата.Па он ги донесе тие бекови што го направија клубот како воопшто да ги нема. Тале, Гоце и другиве шишиња што отвараат не ги добивме на грепка.
Абе сигурно дека покрај Михо, Алушевски решавал нешто за засилувањата во клубот. Мало морген, безгласна именка, гледате дека и на тајм аути Чупиќ збори, он гледа ко клисар од позади.Па он ги донесе тие бекови што го направија клубот како воопшто да ги нема. Тале, Гоце и другиве шишиња што отвараат не ги добивме на грепка.
Како баби некои сте со тоа Алушевски, Алушевски, Алушевски...
Ајде да го видам тој тренер што со 0 десни бекови, 1 креативен среден бек во екипа, без замени на крила и без класичен дефанзивен играч ќе победи некоја од најдобрите европски екипи. Дополнително да го нема она што не красеше досега низ годините, јаката атмосфера на која сите паѓаа во Скопје.
Да, Стевчо не е некој мастермајнд, ама на ВАРДАР МУ ТРЕБААТ ИГРАЧИ, со моменталниов крпен состав, нема да губиме 5-10 разлика, ќе губиме по 2-3 ако имавме подобар тренер.
Физичка спремност 0 ( пола екипа душа нема по 50-та минута)
Тактичка спремност 0 ( сите голови на сила)
Тимска кохезија 0 ( види ги паузите)
Иновација дрскост и инат 0 ( уште се вадат на акциите со 2-ца пикери при играч повеќе)
Плус и СЕХА лигата што беше главно место за спремање акции, темпирање форма.. против добри екипи.. се сведе на двомеч со Војводина и Нексе.Па одговорот на сите прашања ти е НЕМАЊЕ КВАЛИТЕТ и преголема квалитативна разлика меѓу одредени играчи во екипата. Европски шампиони заменивме со некои што не сме ги знаеле дека постојат. Нормално дека тимската кохезија ќе биде нула, па да ми бидат соиграчи Талески и Гаџа, а јас да сум светска класа играч, ќе земам да ги тепам од сала до дома. Да победуваме ќе има кохезија, нормално дека притисокот од јавноста, нереалните очекувања и постојаното губење со мала разлика си го прави своето.
Го тепавме Фленсбург, се држевме со Киелце дома, со Порто и дома и гости, со Пик Сегед на два пати, а ова се екипи кои на хартија се светлосни години пред нас. Тоа што за малку не тепаме е таа разлика во квалитет, што ние сме дефицитарната страна.
Надополни дека сезоната е секако отидена во курац, нема натпревари, каква физичка спремност да имаат? Еднаш играат, пет пати не. Тимот е крпен, мора да играме со истите играчи затоа што ако влезе втора постава, ќе не откажат за 5 минути. Не е до физичката спремност проблемот, туку до НЕОПХОДНОТО играње на некои играчи во два правци по 60 минути.