На почетокот (дури и после Струга и Задар) се воздржав од коментари/критики (и против Алушовски и против Талески, а и Вујин) бидејќи се градеше нов тим (согласно буџетот на новата управа) и беше потребно време за воигрување. Но веќе од Брест наваму сликата почна да се разбиструва. Секако дека има напредок и веројатно екипата уште ќе напредува, но испливаа на виделина и ограничувањата на новите играчи (коишто верувам дека со време ќе се надминат), но и на Алушовски, на Талески и на Вујин, за коишто сметам дека нема начин да се надминат. Првиот е далеку од калибар којшто очекуваме/посакуваме за целите на Вардар, вториот исто така, а Вујин е страшен шутер, но многу бавен со лоша ориентација и безидејност ако нема позиција за шут. Тоа се причините зошто Вардар ги загуби бодовите од Брест и од Порто. Вардар беше препознатлив по тоа што во такви ситуации секогаш излегувал како победник (секогаш знаел да го повлече вистинскиот потег), но тоа беше благодарение на Парондо/Раул и на едни други играчи. Е сега тоа се чувствува дека недостига и предизвикува лош ритам во играта, а и тоа како го чувствуваат Столе, Тимур и Чупиќ. Затоа и нервозата. И тоа како се чувствува отсуството на Скубе/Карачиќ, шутот на Кристопанс, пресечените топки и контрите на Шишкарев, и да не одиме подалеку до играчите коишто заминаа пред неколку години. Прашање е што сега? За да се постигне вистинското ниво потребен е моќен стратег и бекови (и центар и лево и десно). Ако е можно најдобро решение би било враќање на некои од старите играчи, од старата хемија. Алушовски нека остане асистент, а и Вујин, ако му се изгради позиција тоа би биле вредни голови, но Талески да премине во Металург, и за доброто на Вардар и за негово добро. Но најважно е како на сето ова гледа управата? Ќе се надева ли уште на воигрување на тимот или ќе почне да размислува на порадикални потези? Најстрашно е ако целта за оваа сезона е овој просек со надеж дека некако ќе се мине групната фаза. А за тоа време до крајот на сезоната тешко на нервите на нас навивачите.