Фан клуб - РК Вардар

Од шешириве некако најидеално ми изгледа ова - Вардар, ПСЖ, Кил, Алборг, Мотор, Пик Сегед, Елверум и Загреб.
 
Како бе џабе носат засилувања во одбрана кога одбраната само со Калараш ни е сирење, го немаме ни Крис, ни Фереира кој бркаше супер работа во одбрана нит па од Талевски се надевам уште одма да се покаже ко солиден таму.

Таман си го склопува тимот Михајловски, колку што дозволуваат условите, заборавате дека веројатно е дупло потешко да се преговара со играчи после фијасково со плативе со Самсоненко.

За Зарабец очигледно е дека пробуваат ама ќе биде пеколно тешко да се донесе, би бил одлично засилување и порака дека Вардар е повторно стабилен но да почекаме прво официјално пред да паѓаме у транс.
 
Наводно го договориле.Колку е точно...
Klik Bait, se poznavat po to kolku mu e dlabok tekstot..
 
Како бе џабе носат засилувања во одбрана кога одбраната само со Калараш ни е сирење, го немаме ни Крис, ни Фереира кој бркаше супер работа во одбрана нит па од Талевски се надевам уште одма да се покаже ко солиден таму.

Таман си го склопува тимот Михајловски, колку што дозволуваат условите, заборавате дека веројатно е дупло потешко да се преговара со играчи после фијасково со плативе со Самсоненко.

За Зарабец очигледно е дека пробуваат ама ќе биде пеколно тешко да се донесе, би бил одлично засилување и порака дека Вардар е повторно стабилен но да почекаме прво официјално пред да паѓаме у транс.
Нема потреба од тој пољакот, кога одбраната ни е далеку од сирење покрај Калараш тука се и Векиќ, Мишевски, Талевски, па и треба конечно да му дадеме шанса на Атанасовски кој има страшни предиспозиции-207см и 113кг. Пак ќе кажам треба максимално да се искористи потенцијалот на македонските деца, а не само да се натрупуваме со непотребни странци, да не не снајде сценариото на Кометал Ѓорче Петров или ЖРК Вардар. Ние за овие 5 години не извадивме ниту еден солиден македонски ракометар. Кукуловски го упропастивме, сега сме на добар пат да ги упропастиме и Карапалевски и Атанасовски. Влатко Јовчевски ако го памтите, беше страшно десно крило го уназадивме и сега типчето работи на бензиска пумпа во село Кадино. И јас сакам да го имаме буџетот на еден ПСЖ па да си ги носиме најдобрите светски ракометари, меѓутоа тоа за жал не може вечно да трае и мораме да мислиме на иднината.
 
Влатко Јовчевски ако го памтите, беше страшно десно крило го уназадивме и сега типчето работи на бензиска пумпа во село Кадино.
Абе едно страшно десно крило, што да ти кажам. Дечкото немаше никаква желба за тренинг и напредување.
Овие работи се многу едноставни, ако толку биле талентирани, зошто не станале добри играчи откако го напуштиле клубот? Ќе го препознаел некој нивниот талент, па Вардар не ги држи со синџири во клубот.
 
Нема потреба од тој пољакот, кога одбраната ни е далеку од сирење покрај Калараш тука се и Векиќ, Мишевски, Талевски, па и треба конечно да му дадеме шанса на Атанасовски кој има страшни предиспозиции-207см и 113кг. Пак ќе кажам треба максимално да се искористи потенцијалот на македонските деца, а не само да се натрупуваме со непотребни странци, да не не снајде сценариото на Кометал Ѓорче Петров или ЖРК Вардар. Ние за овие 5 години не извадивме ниту еден солиден македонски ракометар. Кукуловски го упропастивме, сега сме на добар пат да ги упропастиме и Карапалевски и Атанасовски. Влатко Јовчевски ако го памтите, беше страшно десно крило го уназадивме и сега типчето работи на бензиска пумпа во село Кадино. И јас сакам да го имаме буџетот на еден ПСЖ па да си ги носиме најдобрите светски ракометари, меѓутоа тоа за жал не може вечно да трае и мораме да мислиме на иднината.

Од една страна викаш да не се натрупуваме со странски засилувања, а од друга страна сакаш да имаме буџет како ПСЖ и да ги имаме најдобрите ракометари.
Оток си со муабетите со македонските вечни таленти да играат.
И подобро полјакот на пикер отколку некое вечно талентче што ќе го чекаме да порасне.
 
Многу леташ дечко!!! Секој сака да има огромен буџет тоа е нормално, меѓутоа во реалноста не е возможно, посебно во ракометот каде што тешко се враќаат парите, а не па некој да заработи. Затоа многу тешко вложуваат бизнисмениве во овој спорт. Секоја чест на исклучоци како што се: Михајло, Минчо, Циле и порано Трифун. А инаку што имаш ти против македонските таленти? Лесно ти е покрај тастатурата да си куцкаш и да си бираш играчи како да играш плејстејшн. Прашај некој македонски ракометар (ако некој познаваш), како му е некој со приближно исти квалитети да му го зема местото, а заработува десетпати повеќе од него. Треба многу повеќе да ги цениме и почитуваме нашите деца, а не со муабети од типот: до кога ќе ги чекаме македонските вечни таленти да пораснат.
 
Според изјавава на Михо, како што и очекував, уште еден среден бек и тоа би било тоа. Зарабец би бил премија, Јотиќ не го познавам доволно за да коментирам ама и со него би биле солидни мислам. На крила сме добро покриени, иако го преферирав Котески пред Гоце негов избор беше така да тоа е, и на пикер сме океј, баш би сакал повеќе шанса да добие Атанасовски сезонава. Бековската линија беше најпроблематична од старт, и со оглед на тоа што лани игравме буквално без бекови, ова што го склопивме и не е така лошо, мислам дека на десен бек и Векиќ ќе добива шанса во напад и ќе пробаме да го изделкаме во комплетен играч, проблематично е што многу зависиме од Вујин и неговата форма, да остане здрав пред се. И лев бек е слично, Дисингер е проблематичен, а од Талески мислам дека никој не знае што да очекува, Санталов не доаѓа така да дечкото пред себе има златна шанса да ја врати кариерата во прав терк, нека покаже дека ја заслужил довербата. На среден бек испаднавме најкомплетни, Гаџа + Зарабец/Јотиќ е сосема солидно, плус е што Гаџа може и на лев бек да покрива, сличен играч по стил на игра ми е со Кара.

Се на се, имаме состав за солидна сезона во ЛШ, 1/8 финале е реалност, се над тоа супер успех, во домашно првенство титулата е задолжителна, а СЕХА место во завршницата и евентуално борба за титула и таму. Битно беше да се консолидираме, да не изгубиме премногу, добро е што останаа и дел од староседелците па може ќе се пренесе дел од тој менталитет и хемија која ја имаше :)
 
Абе едно страшно десно крило, што да ти кажам. Дечкото немаше никаква желба за тренинг и напредување.
Овие работи се многу едноставни, ако толку биле талентирани, зошто не станале добри играчи откако го напуштиле клубот? Ќе го препознаел некој нивниот талент, па Вардар не ги држи со синџири во клубот.
Ок друже, како мислиш така, ти си знаеш, не сакам да навлегувам во полемики.
 
Прашај некој македонски ракометар (ако некој познаваш), како му е некој со приближно исти квалитети да му го зема местото, а заработува десетпати повеќе од него. Треба многу повеќе да ги цениме и почитуваме нашите деца, а не со муабети од типот: до кога ќе ги чекаме македонските вечни таленти да пораснат.
Другар, еве си го земал Јовчевски за пример... кој ракометар на неговата позиција во Вардар бил со приближно исти квалитети а зема 10 пати поголема плата?
Шишкарев, Чупиќ? И двајцата се далеку поквалитетни, вториот на моменти и најдобро десно крило на светот, Јовчевски во најдобар случај беше квалитетен колку Златко Мојсоски. Никој не им го зема местото, квалитетот се познава кога ќе одиш на печалба - од активниве Лазаров/Манасков и чат-пат некој како Миркуловски/Борко/Столе (еден од ретките што е успешен без печалба).
 
Велгор VS Форум Кајгана дел 2 :vozbud:. Не го распалувајте типчево, коа ќе почне со дебилните експертизи за големите македонски таленти кои пропаѓаат на сметка на "неквалитетните" странци во Вардар, добијаш екстра нагон за на wc шоља.
 
Другар изгледа Вардар го следиш од кога станавме европски прваци. Конкретно, Јовчевски кога играше за Вардар ниту Чупиќ беше донесен, ниту пак Шишкарев, туку тогаш играа словенецот Брумен и претходно србинот Радуловиќ. Ништо подобри од Јовчевски, а 10 пати поплатени од него. За разлика од тие што ги спомна мк ракометари, секогаш добивале шанса кој во Металург, кој во Пелистер, само во нашиот Вардар мк ракометарите не се доволни квалитетни и најчесто се 3 опција и нормално е дека нема да можат да се развијат во квалитетни ракометари, затоа што добиваат шанса да играат само со некои екипи како Радовиш, Пролет и слични екипи. Ниту во Сеха лига не им се давало многу шанса за игра и децата губат воља од таквите стручњаци како тебе и сличните кои од старт ги карактеризираат како неталентирани и неквалитетни.
Автоматски споено мислење:

Велгор VS Форум Кајгана дел 2 :vozbud:. Не го распалувајте типчево, коа ќе почне со дебилните експертизи за големите македонски таленти кои пропаѓаат на сметка на "неквалитетните" странци во Вардар, добијаш екстра нагон за на wc шоља.
Ете го се јави господинот експерт за ракомет Центарски. Те поздрави Санталов.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom