Со екипава што ја имаме и буџетот што располагаме 3 од 3 е перфектен старт,небитно каква била играта.
Сезонава нетреба да очекуваме дека ланскиот успех ќе се повтори и незнам што,такво чудо се дешава еднаш во 100 години,колку пари толку музика.
За разлика од лани сега ги нема 10-15 одбрани на Милосављев(поголемиот дел во клучни моменти)го нема Карачич кој ни беше главен играч и мотор на екипата,плус Столе и Самба,Вуко во одреден дел од сезоната и тоа е тоа,на нивно место сега донесоа голман од 3та лига што нема никакво искуство,Пелко од 2ра Австриска лига,Горпишин што беше вишок во Ерланген и Атман што му е пројдено времето.
Неможе од нив да очекуваме сега прваци да бидат.
Силата на екипата моментално е негде осмина-четвртфинале максимум,за повеќе не верувам,ќе видиме сега со Столе и Толедо дали нешто ќе се промени ама искрено не верувам.
Сепак мислам дека екипава не го покажала најдоброто може повеќе од ова,сите до сега ги тепавме во 2ро полувреме и тоа главно на почеток.
Мислам дека грешка се направи кога се кроеше ростерот,мислам дека немаше потреба Толедо да го носиме кога го имаме Криштопанс,подобро некој лев бек да донесеа,исто и Горбок грешка направија што го отавија човекот едвај се движи за платата што ја зима можеше некој помлад колку за ротација да донесат,ама што е тука до пред некој месец да ни го понудеа ова одма ќе прифатевме.
Ако може зимото да се донесе нешто ќе биде одлично.
Супер е сега за сега со појакиве екипа ќе видиме колку е стварно силата,во секој случај треба само да уживаме сезонава,ЕВРОПСКИ ПРВАЦИ сме.
