Фан клуб - РК Вардар

Дајте го Кире Лазаров у Вардар, и онака тимот негов од Франција нема да игра ЛШ жално е после толку време да не игра ЛШ. Верувам многу добро ке дојде на таа десна позиција башка дома си е ^_^

Ако сакаат да се распадне хемијата во тимот, нека го земат.
 
Сташ Скубе останува во Вардар до 2022

Организаторот на играта словенскиот интернационалец Сташ Скубе ќе остане во Вардар до 2022 година. Тој го продолжи договорот со двојниот европски првак и во иднина ќе биде еден од носителите на играта кај „црвено-црните".

Скубе дојде на почетокот на сезоната и веднаш се наметна како една од важните алки во играта на Вардар. Стана миленик на публиката и битен дел од играта на тимот. Неговите игри на некои натпревари беа од огромна важност за конечниот исход, и како играч и личност покажа голема професионалност.

Сезонава во ЛШ тој постигна 59 гола, а 44 во СЕХА Газпром лигата. Во финалето на СЕХА лигата против ППД Загреб имаше реализација 5/5, а во финалето од ЕХФ Лигата на шампионите реализација 3/5. Со Вардар сезонава освои четири трофеи, почнувајќи од домашниот Суперкуп, па СЕХА Газром лигата, првенството на Македонија и ЕХФ Лигата на шампионите.

„Задоволни сме што Сташ останува со нас и во следните сезони. Со продолжувањето на соработката сигурни сме дека ќе бидеме уште подобри, а тој ќе продолжи да биде еден од лидерите во тимот. Вардар го задржува костурот на тимот и сериозно се подготвува за предизвиците во сезоната 2019/2020, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

https://rkvardar.mk/news/stash-skube-ostanuva-vo-vardar-do-2022
 
Серафимов не одбил, не сме му биле предизвик, ќе одел во Немачка.
 
Серафимов не одбил, не сме му биле предизвик, ќе одел во Немачка.

Гарант не изјавило вака детето ако стварно одлучило да оди во Германија (што немам поим дали е така). Со вакви муабети се создава таа непотребна омраза кон нашите домашни играчи...[DOUBLEPOST=1561213154][/DOUBLEPOST]
i za nego da se zatvori vratata.... nema sto vakvi kurtoni da igraat vo vardar

Case in point....
 
Гарант не изјавило вака детето ако стварно одлучило да оди во Германија (што немам поим дали е така).
Пацер и он и брат му :icon_mrgr:
Брат му игра во КК Вардар, а заедно со двајца соиграчи од клубот, беа единствените што навиваа за Металург на купот во Куманово, се бесеа по ограда, дофрлаа невкусно до нашите ракометари :kuracc:
 
Гарант не изјавило вака детето ако стварно одлучило да оди во Германија (што немам поим дали е така). Со вакви муабети се создава таа непотребна омраза кон нашите домашни играчи...[DOUBLEPOST=1561213154][/DOUBLEPOST]

Case in point....


domasnite igraci neka igraat kade sakaat. vo vardar jas sakam vardarci. nema potreba od kurtoni, seedno kako pasos imaat. ako seha, ls i igranje vo evropskiot sampion ne mu e predizvik, jas mu pozeluvam sreka i odlicna kariera u ger kako taleski i prestanete da zamarate so niv. imaat klubovi tamu ke igraat ke napreduvaat, vardar ke razviva igraci sto sakaat da igraat za boite na klubot seedno od kade se
 
Баш ми е драго што еднаш на виделина се гледа односот на дел на нашите "таленти" кон Вардар. Ете и понуди добија и гледаме на кој начин враќаат. На мочкото ако не му е предизвик да игра во двократниот европски шампион во последните три години, слободно нека крши глава во некој нискоразреден германски клуб и нека подава пешкири. И за мене таа тема е затворена.
 
Немој да рече некој после зошто немало Македонци во Вардар!
Еве добија понуди,сами одбраа да играат на друго место.
Талески па јакиот играч,5000 евра малце му биле,тогаш подавај пешкири во Германија,за некоја година кога ќе го избркаат ќе дојде во Работник да игра.
Серафимов кој му е крив што уште сега тргнува по тој пат како Талески и останатите "таленти".

Нивен избор,за играчи како нив има колку сакаш,работата беше демек за македонскиот ракомет да направиме нешто,да се форсирале Македонци,ама кој е крив кога самите не сакаат.
За Вардар не е ништо ова,дури подобро е што не потпишале,ќе дојдат играчи што ќе гинат за клубот како Карачич,Чупич,Дибиров итн,голема работа ако не се Македонци кога 100 пати повеќе се однесуваат така од нашите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom