Фан клуб - РК Вардар

Калараш е стандарден руски репрезентативец во клуб кој што е во сопственост на човек од Русија, спортскиот директор е исто така од Русија и воедно е селектор.
Самсоненко има и висока раководна функција во руската ракометна федерација. Нешто директор, менаџер е таму.

Ама, најверојатно се бара нов пивот зошто Мораеш најавил дека нема да го обновува договорот.

Зборевме дека Вардар направи вистински потези со многу трансфери, се надевам дека така ќе биде и со овој ако се реализира. Но, повторно се ангажира играч од кој друга екипа се откажува. Не дека ми смета мене, но сакам да кажам, мнозинство играчи што доаѓаат во Вардар доаѓаат зошто имаат проблеми, немаат минутажа во своите клубови. Калараш - немаше минутажа во Бундес, Дисингер - никаква минутажа, Скубе го истиснаа од клубот, ете и Мораеш грееше клупа. Има многу вакви примери. Делува како да собираме отпад. Иако ако се покажат, се супер. Сепак, мислам дека кажува нешто за реномето на клубот. Дека Вардар сепак не е гледан како пожелна дестинација за многу врвни ракометари. Не е прв избор. Па и за млади, зошто оној Санталов од Русија исто рече дека одбил трансфер, оној Кулеш од Белорусија од Киелце исто.
 
Делумно е така, но имало и сосема спротивни примери: Штербик, Канељас, Македа... Чупиќ исто така. За Штербик дури се пишуваше дека Вардар и платил на Барса преку пола милион евра оштета. Мене лично воопшто не ми пречи трансфер политиката на Вардар, баш ми се допаѓа. Затоа и ценам клубови како Монпеље, Нант, Сегед и слични клубови кои речиси секогаш пазарат паметно, не трошат огромни пари, а имаат добри резултати.
 
Последно уредено:

Штербик беше во друго време, реално. Тоа е и играч од овие простори. Тогаш се збореше дека Вардар има многу пари. Канељас е пример за класа странски играч, од светски калибар, кој го избра Вардар во поскоро време. Не викам и ја дека е лоша политиката, наспротив, се има покажано дека е вистинскиот пристап. Сепак, сакам да кажам дека перцепцијата за Вардар како клуб не е баш нај-нај меѓу играчи. Некако мислам дека врвни играчи би потпишале попрво со Киелце, Сегед него за Вардар. Клубот, како клуб не привлекува врвни ракометари. Женскиот клуб го немаше тој проблем. Дали зошто полесно им се нудеа поголеми суми на ракометарките.
 
Политиката на клубот си е супер,носење млади играчи од балканот што стануваат играчиштаа за некоја година,и плус собирање на квалитетен отпад од големите клубови.
Проблемот на Вардар не е да најде играчи туку да ги задржи,тоа е едноставно поради буџетот кој го има клубот.
Сега за странци од врвна класа тешко е да донесеш,прво Скопје не е некој град како Париз,Барселона или пак некој од Германија,друга работа говорното подрачје,за некој од Франција,Германија,Скандинавците итн.
Вардар како клуб и условите што може да ги понуди,одговараат на балканците,Русите поради газдата,управата итн,и евентуално некој Шпанец имаше додека беше Раул,сега ќе видиме со Парондо како ќе биде.
Во оваа трансфер политика на Вардар најголем противник е Киелце,пошто имаат поголем буџет, се истураат од пари и они ги привлекуваат тие играчи,ама таму пак играчите идат само да заработат,затоа и неможе клубот да направи некој посериозен успех.
 
Политиката на клубот е таа уште од почетокот.Немаме голем буџет,ама имаме одличен скаутинг и менаџмент.И до сеа голем процент од трансферите шо се донесоа се погодија.Друго шо ми се свиѓа
Сипчак-Мораеш.Мораеш имаше операција на коленото и долго време влече повреда.Тамн влезе во одлична форма се здоби со повреда и последните утакмици играше катастрофа.На негово место се преговара со играч шо е гладен за игра и победи.Во право време на право место да се докаже а од друга страна има и доста искуство.Санталов-Борозан.Вуко е фантастичен играч ама сведоци сме дека е исто склон на повреди и лани влечеше повреда и сега исто,незнам шо е работа.Санталов вонсериски талент и играч кој има искуство во Лига на Шампиони,сеуште недокажан ама мислам дека е поталентиран и поквалитетен од Вуко.Зошто?Многу е побрз и поразновиден играч го има она скок шут од место,има видео на јутуб кој сака може да погледне и ќе процене.Со Барса видовме дека спорите напади со Борозан ни беа запрени и не му дозволија ни да дише.Единствено нешто шо ќе ни фале многу е позиција десен бек и замена за Криштопанс.Оптимист сум за Киселев мислам дека дечкото на светско ќе го покаже својот квалитет и ќе си ја пронајде формата.
 
Требаше и уште еден млад русин да дојде летото, ама не го потпишаа. Не ми текнува на името. Штета што ни побегна тој играч.
 
По кој критериуми е Карачиќ играч на годината?
 
Ништо од Шипжак.
Кружниот напаѓач Камил Шипжак ја игра последната сезона во дресот на каталонскиот гигант Барселона. За полските медиуми пред неколку дена најави дека има понуда и од македонскиот шампион Вардар, но тој е на чекор до потпис со тимот на Монпелје.

„Јас сум блиску до преселба во францускиот шампионат. Германската лига секако дека е најдобра во светот, но натпреварите во Франција секој ден се се подобри“, вели Шипжак.

Тој најчесто добива шанса во Асобал лигата, а во ЛШ одигра пет од десет меча и постигна осум погодоци. Претходно одигра неколку одлични сезони во дресот на Висла Плоцк во најелитното европско натпреварување.
 
Нели Стоилов лани потпиша нов договор до 2020? Како тоа сеа ќе си оди во 2019? Ми нема логика.

Инаку многу конфузна ситуацијава во клубот за македонскава јавност. 24ракомет пишаа дека некои ракометари им кажале дека Самсоненко им најавил дека останува минимум уште 2 сезони, а се има претстава дека сакаат да си одат доста играчи од клубот.

Знаеме дека на фудбалериве им се должи многу, а некако добив впечаток дека во ракометниов клуб подобро е од лани. Поактивен им е сајтот, некако има поголема динамика со активности, но ете, купишта шпекулации дека играчи ќе си одат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom