Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Со таа разлика што овој барем го бидува да млати у одбрана.Калараш ќе стане машка верзија на Хмирова![]()
Самсоненко има и висока раководна функција во руската ракометна федерација. Нешто директор, менаџер е таму.Калараш е стандарден руски репрезентативец во клуб кој што е во сопственост на човек од Русија, спортскиот директор е исто така од Русија и воедно е селектор.
Делумно е така, но имало и сосема спротивни примери: Штербик, Канељас, Македа... Чупиќ исто така. За Штербик дури се пишуваше дека Вардар и платил на Барса преку пола милион евра оштета. Мене лично воопшто не ми пречи трансфер политиката на Вардар, баш ми се допаѓа. Затоа и ценам клубови како Монпеље, Нант, Сегед и слични клубови кои речиси секогаш пазарат паметно, не трошат огромни пари, а имаат добри резултати.Самсоненко има и висока раководна функција во руската ракометна федерација. Нешто директор, менаџер е таму.
Ама, најверојатно се бара нов пивот зошто Мораеш најавил дека нема да го обновува договорот.
Зборевме дека Вардар направи вистински потези со многу трансфери, се надевам дека така ќе биде и со овој ако се реализира. Но, повторно се ангажира играч од кој друга екипа се откажува. Не дека ми смета мене, но сакам да кажам, мнозинство играчи што доаѓаат во Вардар доаѓаат зошто имаат проблеми, немаат минутажа во своите клубови. Калараш - немаше минутажа во Бундес, Дисингер - никаква минутажа, Скубе го истиснаа од клубот, ете и Мораеш грееше клупа. Има многу вакви примери. Делува како да собираме отпад. Иако ако се покажат, се супер. Сепак, мислам дека кажува нешто за реномето на клубот. Дека Вардар сепак не е гледан како пожелна дестинација за многу врвни ракометари. Не е прв избор. Па и за млади, зошто оној Санталов од Русија исто рече дека одбил трансфер, оној Кулеш од Белорусија од Киелце исто.
Штербик беше во друго време, реално. Тоа е и играч од овие простори. Тогаш се збореше дека Вардар има многу пари. Канељас е пример за класа странски играч, од светски калибар, кој го избра Вардар во поскоро време. Не викам и ја дека е лоша политиката, наспротив, се има покажано дека е вистинскиот пристап. Сепак, сакам да кажам дека перцепцијата за Вардар како клуб не е баш нај-нај меѓу играчи. Некако мислам дека врвни играчи би потпишале попрво со Киелце, Сегед него за Вардар. Клубот, како клуб не привлекува врвни ракометари. Женскиот клуб го немаше тој проблем. Дали зошто полесно им се нудеа поголеми суми на ракометарките.Делумно е така, но имало и сосема спротивни примери: Штербик, Канељас, Македа... Чупиќ исто така. За Штербик дури се пишуваше дека Вардар и платил на Барса преку пола милион евра оштета. Мене лично воопшто не ми пречи трансфер политиката на Вардар, баш ми се допаѓа. Затоа и ценам клубови како Монпеље, Нант, Сегед и слични клубови кои речиси секогаш пазарат паметно, не трошат огромни пари, а имаат добри резултати.
Кружниот напаѓач Камил Шипжак ја игра последната сезона во дресот на каталонскиот гигант Барселона. За полските медиуми пред неколку дена најави дека има понуда и од македонскиот шампион Вардар, но тој е на чекор до потпис со тимот на Монпелје.
„Јас сум блиску до преселба во францускиот шампионат. Германската лига секако дека е најдобра во светот, но натпреварите во Франција секој ден се се подобри“, вели Шипжак.
Тој најчесто добива шанса во Асобал лигата, а во ЛШ одигра пет од десет меча и постигна осум погодоци. Претходно одигра неколку одлични сезони во дресот на Висла Плоцк во најелитното европско натпреварување.