Фан клуб - РК Вардар

Клучно ке е четвртфиналето со кој ке вкрстат релано треба да се одбегнат ПСЖ,Барса дефинитивно особено вториве кој од почеток на сезона ги глеам како најголем фаворит за шампион и евентуално Весзпрем кој ке фати залет до тогаш
Фленсбург во четвртфинале е противник по мерка за мене.
 
Фленсбург во четвртфинале е противник по мерка за мене.
Фленсбург да се избегне во 1/8 финале никаде нереков дека треба да се избегне во 1/4 финале тоа би било одличчен ждреб ако се деси во 1/4
мада во многу ке зависи во која ситуација ке се во Бундесот во моментот знаеме дека Германците се поке фокусирани таму
 
Според Екипа, има шанси, Борозан во Барселона, Мораеш во ПСЖ или Веспрем.
 
Според Екипа, има шанси, Борозан во Барселона, Мораеш во ПСЖ или Веспрем.
незнам да погодиле некогаш овие така да шансите се мали
 
Ваков таков, одбраната пред да го донесат Калараш на стартот на сезоната беше очај.

Не дека Калараш е некој посебен играч, ама без соодветна замена мислам дека нема можност Вардар да го пушти. А соодветна замена на повидок не гледам, особено ако се остварат шпекулациите за зминување на Мораеш.
 
Печен е овој да направи некоја глупост во битен натпревар што ќе не кошта. Очигледно е дека човекот не може да се контролира и е склон кон будалаштини.
 
Дали сМРТ пуштиле срце па сега Вардар оди кај нив?

Имаше со Железничар/Извиџач пренос на сМРТ пред недела дена.
 
Дали сМРТ пуштиле срце па сега Вардар оди кај нив?

Имаше со Железничар/Извиџач пренос на сМРТ пред недела дена.
СЕХА лига, МРТ си пренесува, кога играат и дома и гости. Исто и за Металург.[DOUBLEPOST=1544842097][/DOUBLEPOST]Според 24ракомет, ќе има наскоро прес-конференција на кој што Самсоненко ќе објави дека останува во РК најмалку до 2020.
Како што дознава 24rakomet.mk, а што ни беше потврдено и од неколкумина членови на играчкиот дел на екипата тие неделава се сретнале со сопственикот на клубот Сергеј Самсоненко. Тој на ракометарите на Вардар им соопштил дека ќе остане најмалку до 2020 година во клубот, а желба на човекот кој го донесе трофејот од Лигата на шампиони во Скопје е да ги задржи ракометарите во тимот и за наредната сезона.

Не е исклучено тимот да остене во ваков силен или сличен состав и по 2020 година. Оваа одлука во наредниот период се очекува на официјална „прес-конференција“ да ја потврди и раководстовото на „црвено-црните“ и претседателот на клубот, Сеергеј Самсоненко. Тогаш ќе се обелоденат и целите на клубот и можеби и некои нови засилувања со кои се преговара.

Ова е интересно, со оглед дека на гол.мк има некое мини-интервју со Панчев, кој вели дека Самсоненко има огромни долгови кон ФК. Не е тајна дека Самсоненко сака да крене раце од ФК, требаше од јануари да го предаде на град Скопје, ама сега изгледа нема пари да ги исплати долговите, па таа сага ќе се влече уште. Ова е за забелешка, зошто сајтовиве непишуваат за финансиски проблеми во РК оваа година, што не значи дека ги нема, ама некако сајтот на РК е многу поактивен оваа сезона и на социјалниве мрежи се поактивни, за разлика од лани. Имам впечаток дека има поголема раздвиженост во РК.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom