Не, ама кога Слога беше 3 години по ред шампион и кога Ѓоре им беше тренер имаше македонски играчи, Горан Станковски беше капитен. Кога играа квалификации за ЛШ, идев да ги гледам. Тим од Скопје, со македонски тренер, македонски играчи, игра за бодови за македонски клубски фудбал. Што има лошо тука?
Јас го сакам Вардар и поддржувам. Одам на натпревари, навивам. Ми се скина срце во 2003та кога за влакно не влеговме во ЛШ. И за Работнички ми беше поеднакво криво кога во 3то коло го попи од Лил. Само не ми е јасно зошто ако го сакам Вардар морам да ги мразам другите? Да плукам по други кои ја претставуваат Македонија, зошто и тие не можат да имаат моја поддршка? Тука да неќам бивш ракометар на Металург да игра за Вардар. Па, ако може да му помогне на Вардар, зошто да не?