Фан клуб - РК Вардар

Жално е што се растура овој Вардар
Поим за бруталност , дисциплина , доминација
Со 60-70 % сили го ишлапаа Рајн - Некар , без Циндрич
Прашањето е , кој ке застане на патот до одбрана на тронот?
Јас не гледам таква екипа..
 
Исто и јас го мислам,жално е што ке се растури еден ваков бедем од екипиште каква што не памети македонскиот спорт!
Каква доминација!!!
Само ке кажам да се радуваме додека ова трае и да си ги славеме победите и успесите на нашиот Вардар!
Еве јас сум од Виница но Вардар е во моето срце без разлика дали е тоа ракометниот колектив или фудбалскиот!!
Напрад Вардарее!!
 
Какво шлапање им дава Вардар на швабиве години наназад. Буквално ги учи ракомет:D.
Единствено ми е криво што ниеднаш не паднаа со Кил и нив да им ја земеа мерката.
 
Да не се повтарам со многу од вас, ко што пишавте, али стварно штета што оваа генерација се растура. Со Раул на чело и со горе-доле овој ростер, ќе продолжеше газењето. Едноставно машинерија, да му е милина на човек да ги гледа. Како и да е, РК Вардар секогаш си го имал и ќе го има тој Х фактор околу себе, нема грижи околу иднината.

Незнам дали сте приметиле на youtube, Davis има свој канал, и има доста јаки видеа од РК Вардар:

Уште доста ги има, да не спамам, еве директно линк од неговиот канал - https://www.youtube.com/channel/UCojHUIdJG871dAZcphsowvw
 
Ако има буџет и сериозни намери од Самсоненко се надевам дека тренер ќе биде Дејвис и ќе се донесат пар квалитетни играчи ала Душебаев кога дојде и тоа е тоа.
 
Единствено ме плаши европското првенство да не не извади од ритам. Ако нема поголеми проблеми не гледам кој би не спречил да ја одбраниме титулата.
 
Екипата делува страшно, нема збор. Одбрана, напад, транзиција, секој си ја знае задачата, меѓутоа сеуште е рано. Три страшно тешки гостувања не чекаат. Прво во Манхајм, па Барса, па Нант.
 
Страшен тим имаме, не сме за џабе шампиони, али не зезајте со ова „не гледаме кој би не спречил да освоиме титула“. ПСЖ се страшни во другата група, вчерашниот меч со Веспрем само го потврдува тоа. Тоа дрим-тимот им е уште посилен оваа година со Сагосен, плус се жедни за крв и освојување натитула после толку промашувања изминативе сезони. Реално они се фаворити број 1 за титулата и за нив моментално во Европа важи мислење „не гледаме кој би ги запрел оваа година“. Затоа и победа на Ф4 втора година по ред против нив, плус и сега кога знаеме дека ни го собираат Раул би било перверзии и јаготка на шлагот во целиот овој проект. Тоа би било нешто како комбинација од станување на европски шампион и победа во сред Автокоманда на Металург во екот на најјакото ривалство со нив. :)
 
Токму ПСЖ се тим за кој не можеш да речеш дека е „сигурен“.

Играат на ура и на индивидуалниот квалитет на играчите, кој им е укочен со тренерот заглавен со ракометот пред 15 години.

Вардар и со вчерашните „фалинки“ (неиграњето на Циндриќ и слабата, за негов стандард, партија на Штербик) може да го собере ПСЖ. Секако до потенцијалниот дуел може да се сменат многу работи и ПСЖ има такви играчишта на кои ако им тргне може сами да го решат мечот, но како тим, ПСЖ е полош од Вардар. Тоа се гледа низ нивните лабилни утакмици сезонава, Веспрем го стегнаа затоа што им одговара како противник а и Маџарите се ко во некое лимбо кое мислам дека ипак е поврзано со неиграњето во СЕХА, туку во домашната просечна лига.

Со други зборови, разликата меѓу Вардар и ПСЖ е во системот. Таму неиграњето на Хансен нема да се осети затоа што имаат страшни замени за него. Неиграњето на Лука во Вардар не се осеќа затоа што има добри замени (Игор игра топло ладно две сезони, најмногу ради повредите, но е класа, не заборавивме какви партии пружаше) но и заради тоа што Вардар има систем во кој дури и 5 промашувања во низа на Криштофанс не влијаат врз играта на тимот а ниту врз самодовербата на самиот играч кој после погоди 3 по ред ( и после промаши 3 по ред но тоа е затоа што е суртук :D ).

Комотно во моментов може да се каже дека Вардар е машинерија, и тоа да биде без субјективност или претерување, затоа што тоа е факт.

Тие 10 кризни минути кои мора да ги имаш во секој меч веќе не се ни чуствуваат осетно, затоа што одбраната е коска кога на нападот не му оди, и обратно кога Штербик не е на ниво, нападот дава голови како од шала. Нема пад на концентрација при противничка мини серија, нема паничарење при 2 промашени зицера по ред, нема испуштање на големо водство. Има победнички менталитет.

Еј Чупко има промашено само 3 од 23 пенали сезонава, ви текнува кога пенал не можеа да погодат тројца играчи? :D

На крај, изминатите сезони вклучително и задњата се покажало дека за никого не можеш да речеш дека е непобедлив тим. Така ни за ПСЖ ни за Вардар. Ама дека Вардар е машинерија која гази, тоа е и те како точно.

Штета е што таа машинерија наскоро ќе се распадне...
 
Ама јас ништо од ова не спорам, само кажав дека мислам дека е претеризам да се збори дека не се гледа клуб кој може да не спречи сезонава да дојдеме до титула, кога цела Европа ги гледа ПСЖ како главни фаворити без разлика на се ова што го пиша. А не дека не можат и Веспрем, Барса па и Киелце (ова малку потешко) да се повампири и да не елиминираат.

П.С. Зошто стално го пишуваш КриштоФанс? Се зезаш нешто со Лико Фанс или се работи за КараЏиќ грешка? :D
 
Не, со ЉамчеФанс се зезам, а и веќе ми е влезено во навика така да го пишам :D

btw сеа гледав хајлајтс, го заборавив Вуко.

Каква суровина со само разорен удар беше кога дојде и ги пукаше у блок или над гол, сеа ги шиба во секое ќоше од голот со таква разорност. Олд скул хаубица апдејтирана за модерни услови. Како им го пукна со залет вчера. :drk:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom