Па немаме многу јака одбрана.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Страшен тим имаме, не сме за џабе шампиони, али не зезајте со ова „не гледаме кој би не спречил да освоиме титула“. ПСЖ се страшни во другата група, вчерашниот меч со Веспрем само го потврдува тоа. Тоа дрим-тимот им е уште посилен оваа година со Сагосен, плус се жедни за крв и освојување натитула после толку промашувања изминативе сезони. Реално они се фаворити број 1 за титулата и за нив моментално во Европа важи мислење „не гледаме кој би ги запрел оваа година“. Затоа и победа на Ф4 втора година по ред против нив, плус и сега кога знаеме дека ни го собираат Раул би било перверзии и јаготка на шлагот во целиот овој проект. Тоа би било нешто како комбинација од станување на европски шампион и победа во сред Автокоманда на Металург во екот на најјакото ривалство со нив.![]()
Ама јас ништо од ова не спорам, само кажав дека мислам дека е претеризам да се збори дека не се гледа клуб кој може да не спречи сезонава да дојдеме до титула, кога цела Европа ги гледа ПСЖ како главни фаворити без разлика на се ова што го пиша. А не дека не можат и Веспрем, Барса па и Киелце (ова малку потешко) да се повампири и да не елиминираат.Токму ПСЖ се тим за кој не можеш да речеш дека е „сигурен“.
Играат на ура и на индивидуалниот квалитет на играчите, кој им е укочен со тренерот заглавен со ракометот пред 15 години.
Вардар и со вчерашните „фалинки“ (неиграњето на Циндриќ и слабата, за негов стандард, партија на Штербик) може да го собере ПСЖ. Секако до потенцијалниот дуел може да се сменат многу работи и ПСЖ има такви играчишта на кои ако им тргне може сами да го решат мечот, но како тим, ПСЖ е полош од Вардар. Тоа се гледа низ нивните лабилни утакмици сезонава, Веспрем го стегнаа затоа што им одговара како противник а и Маџарите се ко во некое лимбо кое мислам дека ипак е поврзано со неиграњето во СЕХА, туку во домашната просечна лига.
Со други зборови, разликата меѓу Вардар и ПСЖ е во системот. Таму неиграњето на Хансен нема да се осети затоа што имаат страшни замени за него. Неиграњето на Лука во Вардар не се осеќа затоа што има добри замени (Игор игра топло ладно две сезони, најмногу ради повредите, но е класа, не заборавивме какви партии пружаше) но и заради тоа што Вардар има систем во кој дури и 5 промашувања во низа на Криштофанс не влијаат врз играта на тимот а ниту врз самодовербата на самиот играч кој после погоди 3 по ред ( и после промаши 3 по ред но тоа е затоа што е суртук).
Комотно во моментов може да се каже дека Вардар е машинерија, и тоа да биде без субјективност или претерување, затоа што тоа е факт.
Тие 10 кризни минути кои мора да ги имаш во секој меч веќе не се ни чуствуваат осетно, затоа што одбраната е коска кога на нападот не му оди, и обратно кога Штербик не е на ниво, нападот дава голови како од шала. Нема пад на концентрација при противничка мини серија, нема паничарење при 2 промашени зицера по ред, нема испуштање на големо водство. Има победнички менталитет.
Еј Чупко има промашено само 3 од 23 пенали сезонава, ви текнува кога пенал не можеа да погодат тројца играчи?
На крај, изминатите сезони вклучително и задњата се покажало дека за никого не можеш да речеш дека е непобедлив тим. Така ни за ПСЖ ни за Вардар. Ама дека Вардар е машинерија која гази, тоа е и те како точно.
Штета е што таа машинерија наскоро ќе се распадне...
Ама јас ништо од ова не спорам, само кажав дека мислам дека е претеризам да се збори дека не се гледа клуб кој може да не спречи сезонава да дојдеме до титула, кога цела Европа ги гледа ПСЖ како главни фаворити без разлика на се ова што го пиша. А не дека не можат и Веспрем, Барса па и Киелце (ова малку потешко) да се повампири и да не елиминираат.
П.С. Зошто стално го пишуваш КриштоФанс? Се зезаш нешто со Лико Фанс или се работи за КараЏиќ грешка?![]()