Јас воопшто не верувам дека имало некаков интерес од страна на Вардар за Мандалиниќ. Прво, вардарфанс ми е портал за кој што немам многу високо мислење кога станува збор за трансфер муабети. Второ, од се што се случува, пишува и зборува многу веројатно е дека Вардар проаѓа низ финансиски потешкотии и не гледам како во таква ситуација потпишување на нови играчи би било приоритет. И како трето, која е потреба од Мандалиниќ во Вардар? Исти профил на играч како Вуко, а тука се и Канељас, Игор и Јања (доколку нема нови заминувања нормално). Според мене е потребен различен тип на бек, некој кој ќе биде пробивен и креативен со што би ја пополнил дупката со заминувањето на Циндриќ.