Фан клуб - РК Вардар

Една утакмица со 34 примени парчиња не мора ништо да значи.
Нови играчи,расположен противник,неважен меч итн.
Сезонава ќе имате повеќе опции за играчи во двата правци,освен кога ќе бидат Деревен и Алекс во ростер(не ми се верува овие двајца да бидат заедно во постава со некој појјак тим).
Брумен го надополнуваше Алекс во одбрана,сега тешко ќе оди,па ќе мора повеќе да менува Алекс и со Абутовиќ најверојатно,кога ќе е во состав Македа друга приказна е.
Најверојатно Македа ќе има поголема минутажа сезонава,освен ако Раул не го изделка Шишкарев во јака 2ка во одбрана:icon_mrgr:(многу тешко):icon_lol:
Ќе имате дури 6 суртуци кои можат да изиграат добра централна одбрана-Абутовиќ,Борозан,Кањелас,Бразилецот(никако да го научам овај како се вика правилно,Рожерио,Фериера,Роналдињо:pos:),Македа и Марсениќ,сите двометраши.
Е сега проблемот е кај другите шо ќе играат шо не се баш некои дефанзивци-Карачич принудно игра,иако со некои екипи би бик ОК,ама против некои екипи со екстра јаки десни бекови тешко ќе се прилагоди,Циндриќ не ни игра одбра,Деревен има висина,ама нема сила и физикус да се рва со некои волови од +100 кила,па затоа е one way играч.
Тука е проблемот,посебно кај комбинациите лев/десен бек со крилата,ќе се комбинираат некако,ама не се некои дефанзивци,со многу ротации и брзи измени се постигнува и ова,посебно на некои бавни мечеви како на пример со Киелце ланскиот,или со РНЛ ако форсираат бавно темпо,со екипи кои фосираат брза игра и да сакаш нема да си под 27,28 примени гола(освен ако не се претури голманот од бранење).
Не е лоша екипата,од лани треба да сте подобри,барем за една добра нијанса(ако не за класа)Кањелас,Чупиќ не се пичкин дим играчи,ова се Ол стар ракометари од еден куп големи собири,само да се наштелува Борозан малку,како без компас беше,никаква конекција ни со пикер ни со среден немаше,посебно кога беа со Кањелас заедно,кога влезе Циндриќ друго беше,опасен е малиот:pipi:како сам да играше Борозан,се прославија голманите на Мешков,и Деревен да го вметнат малку во шема,излезен е од ритам дечкото,цела сезона нема јак меч зад себе.
И секако,најголемото засилување,БутинО
B.jpg
:cool:
 
Немој така за Циндриќ, ќе дојде Стек експертиза звани Клод Онеста ќе ти рече дека тој е најслаб ракометар у историја на спортов. :icon_lol:
Го има зафркнато Циндриќ на +/- голови,па го мрази сеа:D
 
Марсениќ и Борозан се дилајли у одбрана. Ај за новиов не знаеме да пресудиме уште, рано е, ама Марсениќ веќе втора сезона секој посериозен играч го прави мајмун. На секоја утакмица имал барем по 3-4 смешни излетувања во одбрана и заборавања на играч, некад можда и 10 такви кикса кога имал голема минутажа.

Напред е толку крут што не може ни топката да ја прими ко што треба некогаш, а коа ќе ја прими му треба 3 саати да се сврти, oној Шумак здравјето му го зема на текмава.

Грамада од човек е али никако да почне да игра како што треба.

Овој Рожерио е па уште поголема волетина од него, од прв поглед се чини дека е подобар. Канељас реално никад не бил екстра дефанзивец, Македа малку чудно е да игра постојано како централен дефанзивец... До душа кој и да е, дури и да е некој екстра одбранбен играч треба време да се ухода со Абутовиќ, затоа сигурно ќе има проблеми во одбрана дури не се одбере стабилен стуб до Илија.

Можеа да земат уште еден стриктно за одбрана, некој касап, кој по потреба ќе беше во составот.
 
@Tomasino Brazilecov e mn spor vo odbrana, neznam protiv brzi sredni bekovi kako ke se spravi. A Borozan neznam sto da recam, 5 banani mu zalepija , komotno moze piljara da otvori :)
 
Абе сеа реално и Раул не е некој којзнае каков дефанзивен тренер "шо ќе го убие мечот"ко Чиката,Вујо со Загреб,Јакобсен со РНЛ.
Раул е пред се тактичар,знае да спреми тактика(не е чудо,имаше од кој да учи).
За да имаш одбрана како шо има еден РНЛ во Бундеслуга ти требаат касапи ко Гвардиола,Пекелер,Кнер итн,играчи кои играат горе долу само одбрана,Загреб има еден куп вакви,Велко,Шушња,Валчиќ,Вори сега итн.
За Веспрем да не прајме муабет-приватна кланица од тим.:sakasuste:
Играта шо ја форсира Раул не трпи повеќе од еден касап,таков стил на играчи се,млади,брзи,техничари,Алекс,Карачич,Циндриќ,плус крилата,ако менуваат како Веспрем,Загреб,Рнл итн ќе се изгуби компасот.
Марсениќ има потенцијал,ама дечкото како прилично бавен во размислувањето делува:D, има воловска сила,ама рефлексите му се како ажурноста на македонската адмунострација.
Не е само силата и висината,и интелегенција треба за било која работа.:giggle:.
Плус,на времето само одбрана играше во репка,па откако му ја крена цената чиката го исфорсираа и Србите на пикер.
Борозан е уште неадаптиран,тој е научен во Црногорската репка да шутира од кај сака и колку сака,ќе го зауздаат,сигурно нема да има толкава слобода во иднина,посебно кога ќе се користи цел ростер.
За Рожерио,видечемо,со оглед на формата на Столе и Мијајло сите надежи во него ќе ви бидат.:DМожеби ќе изненади.
П.С.
Во ЛШ не важи толку правилото дека одбраната го добива мечот,напротив,нападот е клучот,лани чиката статистички имаше една од најдобрите одбрани во лузерските групи,па еден куп утакмици ги изгуби:D.
Ако имаш напад и одбраната ќе оди паралелно со квалитетот,иако пред се голманот е душата на одбраната,ако чкрипи голманот ако сака и сите 6 души нека се како Шуч џабе е.
Омејер по 15 одбрани имаше лани па по 29,30 парчиња примаше,денешното темпо со брзо завршување на нападите дава преку 45-50 напади по екипа,во секоја минута по скоро еден напад по тим има,
,ако не и повеќе,,страшно темпо и ритам,машина да си па не би одбранил повеќе од 1/3од нападите со јаките екипи,едноставно невозможно е.:eek:
И допрва ќе се забрзува играта,сега е времето на екипи со по 20 екстра спремни ракометари,страшно ротирање и цедење на играчите,сите треба да се искористат,помина времето на екипи шо освојуваа ЛШ со 9 играчи.
 
На играчина како Тоска (во два правци) многу тешко му се наоѓа замена.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom