Фан клуб - РК Вардар

Претерува Дибиров, не смее да прави вакви работи на толку важни натпревари. Намерно му оставаат малце простор оди од мртов агол, од секаде шутира. Дека е екстра играч ,тука нема збор но од преголема желба прави премногу грешки некогаш.

Што да се каже друго, после ваков меч добро е што намаливме и на 6, можеше уште полошо да биде. Кое лудило ќе биде во сала во сабота, ако дај Боже ги нагаземе уште на почеток. Нема предавње . :uzi::uzi::uzi:
 
Се гледа дека добри совети поделил тате Талант, искина Алекс. (y)
 
Фичо даде 2 брзи гола кога имавме играч повеќе, и згреши две топки. И пак имаше повеќе придонес од Горбок кој изигра 50 минути отприлика. Значи 50 минути бевме ние со играч помалце.
исто така во ракомет се игра со играч помалце ако крилото стои на самиот корнер, никој не го чува а не му даваат топка... сум го приметил, се форсира преку центар
 
Проект ф4 бај Деки :D

лошо, да се извинат сите за натпреварот.
 
Многу па и на Дибиров се нафрливте. :нинџ:

Точно е дека се занесува со нерезонските шутови од негова позиција, со глупото изведување пенали и со шут од бековска, што страшно нервира, ама заборавате дека многу често таквите обиди му се и прецизни. Едноставно човекот го има тој класа пигмент во својата игра, ќе направи некој луд потег кога најмалку очекуваш. Не само во напад него и у одбрана кога ќе летне у шест метри да пресече топка. :D

Инаку Раул не сум го видел толку нервозен ко вечерва, се јадеше жив за играта во нападот. :jajce:
 
Карачиќ проба со лоб пошо се упрпа, не знаеше како да шутне веќе и во најпоследен момент отиде на лоб. Затоа и толку катастрофален беше чутот. Не е дека к*р го боли па си праи атракции.
Јбг ептен се разбранија и двата голмани и внесоа нервоза кај нашиве.

Кога ја пресековме топката за последниот гол и периодот кога Дибиров 4 секунди ја смируваше топката...:shook: Зоврев, дури не бев способен да се израдувам на голот.:)
 
Слабостите кои ги имавме, а малку ги подзаборавивме после добрите партии против Рајн-Некар и Веспрем, пак искочија на виделина.. Во одбрана пак слабо, многу дупки, многу простор, дури и во моментите кога бевме со играч повеќе. После повредата на Лацковиќ некако многу сме несигурни. Напред доволно е на Карачиќ да не му иде и се укочува цел напад. Горбок не е некој што може сам да промени ситуација, Алекс не може сам, крила и пикер слабо, не знам зошто Столе не доби поголема минутажа денес. Среќа на крај успеавме да извадиме нешто од утакмицава, па дојдовме на -6, иако и вака е претешко.
 
Ајде бе, ако добро се сеќавам Фленсбург водеа точно 6 разлика на полувреме во Борис, после ги согазија.
Уште појако ќе биде, штета оваа полска багра да пројде!!!
 
Добро е на крај што загубивме само со 6 разлика, не се малце ама не се ни многу , така да со наша помош верувам дека ке ги поминеме .
За играта не би коментирал , слабо второ и тоа е тоа,во Скопје се ке се решава , знам само дека во сабота ке има повторно инфаркти али се надевам овој пат позитивно за нас , најбитно е во првите 5-10 минути да направиме разлика со што ние би ја кренале атмосферата до лудило , а под тој притисок и пекол не верувам дека Висла ке се врати , не се Германци јбг :icon_mrgr:
Браво и за дечките што отпатуваа во Полска , штета што проследија само 15 минути ,немаа баш среќа бидејки автобусот им се расипал во Србија ..
Да отидеме и на тренинг не е лошо , да знаат дека веруваме во нив и покрај поразот од 6 разлика , напред Вардар !
 
Мечот го изгубивте најмногу во одбраната,ве пореметија со контри,полуконтри и брза транзиција+ротацијата...
Подолга клупа имаат од вас,далеку подолга,посебно на бековските позиции....
Кај вас освен Алекс бековите беа непропознатливи,без идеја во напад,без изработени акции,се беше на сила....
Уште еднаш се виде дека без Карачиќ нема игра...
Немаше топка до крила,пикер,се беше или од одбиена топка или на сила изнудени пенали од Тоскиќ...
И ако не искористевте криза на Висла во последните неколку минути лошо ќе поминевте...
Плус,одбраната ви беше многу слаба,да не речам очајна,иако на почеток доста добро делуваше,посебно зошто Штербик беше во шема...
Додека играше Тоскиќ некако се крепеше таа страна,откако влезе Брумен падна квалитетот на одбраната и имаше доста дупки на таа страна,Пољаците го искористија максимално ова...
Нема врска разликата дали биле 6или8 разлика..
Важна е играта(и во напад и во одбрана)....
Разликата се прави со игра...односно против игра на тактиката на противникот..
Тогаш и разлики повисоки од 10 гола лесно се стигнуваат....
Висла е многу силна екипа,не ги потценувајте....
И вчера ги потценивте...
Не се екипа која лесно подлегнува на притисок,научени се да играат пред бучна публика(можеби не е како во Јане Сандански,ама не е лоша)+уште еднаш ќе кажам имаат голема ротација,секој играч игра по околу 30 минути и засега добро се покажува таа тактика на Кадењас.....
+Сезонава покажаа дека се сериозен тим,освен со Фленсбург на сите други мечеви на гости изиграа добро....
Не очекувајте дека само со публика ќе ги решите,ако не ги искористите сите играчи тешко дека ќе ги тепате со многу разлика..
 
Лошо второ полувреме во клучна утакмица. Додуша одбраната крепеше во прво полувреме ама во второ кога и таа се распадна ни дојде крајот. Оваа утакмица нападот непрепознатлив. Се беше на моментална инспирација на Карачиќ и Душебаев. Никаква игра од пикер и крилата, нешто по што бевме препознатливи. Тие голови ни фалеа и плус пеналите кога ќе ги додадеме, ете го резултатот.

А на педерчињата ко за беља се им одеше од рака. Коралес едно 20 одбрани имаше, плус тој другиот шутракот ни фати 4 пенали. Мислам дека прв пат сезонава они изиграа добра одбрана, нешто што им беше слаба точка.

Како тргна резултатот треба да се радуваме што се 6 гола зошто лесно можеше да биде и десет гола.

Разликата реално е достижна иако се многу голови, само треба сериозно да му се пристапи на овој меч. Како и да е, не смееше ова да си го дозволиме, толку многу голови да бркаме сега во Скопје.
 
Пичку матер не ми се верува што гледам, вчера не бев при себе ни да гледам ни да пратам резултат, многу бе еј .... давајте снимката да ја гледам
 
Дали само јас заприметив ... 90% од одбраните на нивниот голман беа високи топки ... и пак Вардарци упорно шутираа високо ...:eek:
 
Дали само јас заприметив ... 90% од одбраните на нивниот голман беа високи топки ... и пак Вардарци упорно шутираа високо ...:eek:

И јас го приметив истото, посебно Караџич.. дома ги газиме, обавезно! :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom