Фан клуб - РК Вардар

@Чичко Кумплунг рамото десно, 40 год има сепак, треба време додека го излечи скрос а и прашање е дали е санирано
 
Лани со Фленсбур како само ќе ни се најдеше Петриќ во тимот...мислам дека сигурен пласман во Ф4 ќе имавме со него.Сега на 40 години после скоро 1 година пауза тешко е дека ќе може за кратко време да ја врати старата форма иако се надевам дека ќе успее во тоа бидејќи е еден од оние играчи што ја донесоа титулата пред 2 сезони,а за тие играчи секогаш треба да има место во Вардар.До душа нагло почна Вардар да се развива и да носи класа играчи што е и повеќе од добро за тимот бидејќи така шансите за успех во ЛШ се далеку поголеми,но играчи како Прибак,Столе,Петриќ и сите што беа дел од тој Вардар кој што донесе голема радост треба да се задржат во тимот па ако треба и 3та опција нека бидат.

Инаку Петриќ е голем професионалец како што спомна Чичко Кумплунг погоре.Не ми текнува каде збореше,но знам дека кажа дека тој почнува со тренинзи пред сите други за да може да ја одржи формата бидејќи годините почнуваат да го газат и неговиот летен одмор се состои од 10ина денови.Најдобар пример е Петриќ за важноста на тие индивидуални тренинзи кои што децава што тренираат ракомет апла ги заобиколуваат и мислат дека со пијанчење во дискотеки и кафани се стигнува до нивото на Кире Лазаров.

Игор денес имаше важна улога во победата на Хрватска над Австрија.Во последните неколку минути асистираше и ако не се лажам на 2 пати изнуди исклучувања кои што на крајот на еден начин се покажаа како пресудни во победата на хрватите
 
Имињата вриштат :D Филип Вардар, Урдаревски Вардар, Кромидаревски Вардар, Бисинов Вардар. Шо ги ебам по мое име ќе си напраам Вардар :kuracc:
 
Имињата вриштат :D Филип Вардар, Урдаревски Вардар, Кромидаревски Вардар, Бисинов Вардар. Шо ги ебам по мое име ќе си напраам Вардар :kuracc:
Сите екипи се од ракоментните школи кои ги отвори Вардар низ цела Македонија и спонзорирани се од Самс. За тоа и Вардар е дел од името на секоја екипа.
А ти не можеш да си отвориш школа со твоето име, не си спонзориран од Самс, браД! :D
 
БраД че барам спонзорство догодина :D
 
Договорено: Русинот Деревен од јули доаѓа во Вардар
  • Автор: Стеван Цаневски
  • Објавено: јануари 18, 2015 9:08
    dereven-vardar-615x400.jpg

    Рускиот репрезентативец Александар Деревен ќе биде новото засилување за тимот на Вардар за новата натпреварувачка сезона, откако македонскиот вицешампион ги договори условите за соработка со овој одличен ракометар. Станува збор за лев бек што игра во одлична форма сезонава, за што најдобра потврда е фактот дека на двата меча од ЛШ меѓу Чеховски медведи и Вардар дури 20 пати ја тресеше мрежата на „црвено-црните“, постигнувајќи седум гола во Скопје и дури 13 на реваншот во Русија.

    Овој 22-годишен ракометар важи за еден од најперспективните бекови во Русија, а раководството на „вардарци“ успеа да ги договори условите за соработка со него. Договорот на Деревен со Чеховски медведи истекува на крајот од оваа сезона, по што тој без никаква отштета ќе се пресели во Скопје и ќе стане најнов Русин во проектот на својот сонародник Сергеј Самсоненко.

    Вардар уште од самото доаѓање на Самсоненко ги доведе Дибиров, Растворцев и Чипурин, минатото лето на нив им се приклучија Горбок и Шишкарев, а руската колонија на „црвено-црните“ од јули ќе биде зголемена за уште еден член.

    Договорот меѓу „вардарци“ и Деверен ќе биде потпишан на три години, со можност за натамошно продолжување на соработката.
@Tomasino :свиркам::Кезец:
 
Sergej mu ja ispolni zelbata na @Tomasino :D
 
Уште да ни средиш за десен бек и те носиме на скара :icon_mrgr:
Каква скара,има да го избричам Сергеј:zloo:,секогаш првата дојава е гратис,ама за наредните играчи шо ќе ги "носам",нека се спреми добро да го одврзи кесето со рубљи....:zloo:
Пренесете таму до управата,моите услуги не се евтини...:D
 
Одлично засилување. Иако не е играч од светска класа, мислам дека има потенцијал да стане тоа.

За идната сезона би требало да биде нешто отприлика вака

Лев бек: Горбок, Деревен и најверојатно Филип Лазаров.
Среден: Карачиќ, Прибак?, и уште еден.
Десен : Душебаев, Македа, уште еден (Кире:D)

Најверојатно уште еден десен уште Македа и уште еден или двајца на среден.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom