Среќна нова година Вардарци!

Вардар се што може да освои сезонава, па и турнирот во Струга да го земеме

Фичо да стане играч

"Екипа Болница" Лацковиќ, Петриќ и Растворцев да ни е жива и здрава, не мораат веќе ни да играат

Тимур било што да добие во новата година само да не биде тоа паричка

Бутино да стане играчиште

Душебаев да се ожени и да стане македонски зет, да не си иде од Вардар

Столе и Џамбо да качат некое килце за празнициве за инат

Карачиќ да распали на светсково, Прибак да остане барем уште една година

ако носат нов пикер, Чипурин да ни го пратат на трибина да ни биде воџа

Горбок да распали сезонава, да не знаат голманите главата кај им е

, Абутовиќ да порасне уште две-три педи, да живее Вардар, сите други кај Денис да се обратат
