За следна сезона ќе имаме уште подобро избалансиран тим, Горбок и Деревен(ако дојде) на лев, Душебаев и Кире/Македа(да се надеваме), плус тука се Терзиќ и Фичо за ротација, на среден Карачиќ и Прибак си се таман, пикер одлично покриени, голмани исто, крила исто. Одбрана Лацковиќ би требало да се опорави до наредна сезона, таман напад нема да се замара ќе игра само одбрана, со Абутовиќ ќе бидат топ тандем. Прашањето е кој ќе земат на десен бек, сигурно ќе носат некој, Македа одлично би ни дошол, спротивност од Алекс, разбивач, одличен во одбрана. Кире ни е подраг, ама Македа мислам подобра опција би бил. Како и да е, ако успеат да донесат еден од овие двајца, ќе имаме екипиште. Само Алекс да продолжи договорот, а и Столе исто. Сезонава реално не верувам фајнл-фор да влеземе, во 1/4 финале ќе играме со една од прво-пласираните екипи(со претпоставка дека ќе пројдат 1/8 финале), со Веспрем, Барса и Кил сезонава мислам немаме шанси, едино со Киелце би се носеле ама и со нив тешко.