Фан клуб - РК Вардар

Ја имаше утакмицава на лајв стримот на сајтот на СЕХА. Многу лежерно игравме.. имавме и 5-6 разлика. Марковиќ ги уби, стварно е штета што добива толку мала минутажа покрај Тимур. Плус каков пеналџија е, имаше 5 од 5 од седмерци.
Од останативе, стандардно изиграа речиси сите. Чипурин имаше еден одличен момент кога направи лажњак дека ќе подава на десно крило и неговиот чувар се стрча накај Шишкарев, а Чип само си направи ролинг и лесно си реализираше.
 
Сеа читав изјава на Милиќ во која кажува дека имале само 9 ракометари, па што прави Раул, кога веќе го има МРК Вардар зашто во вакви ситуации не се повикаат млади играчи, Ончев, битолчанецот што го донесоа, голманот Ивановски, пикерот исто што го земаа.
 
Со оглед на тоа дека има многу пикери у тимов, на Столе му доделиле нова улога :icon_lol:

10624692_10205313803385838_3870579222743362246_n.jpg
 
http://komiti.org/вести/ЧЛЕНСКИ-

Навивачката група Комити Запад ги известува своите членови дека во текот на зимската пауза воведува членски карти за втората полусезона 2014/2015. Воведувањето на членски карти ќе ја подобри координацијата во групата, а воедно и ќе ги намали трошоците на самите членови на групата.

Членската карта за еден вистински навивач е од огромно значење,помагањето на функционирањето на групата, чувството на припадност и гордоста да се биде член на самата група. Групата преживува тежок период на репресии и притисоци, па затоа и самите членови не сакаат да вадат членски карти на кои ги има личните податоци. Затоа одлучивме на овие членски карти да нема никакви лични податоци. Членските карти ќе бидат изработени од високо квалитетен материјал. Со самото вадење на членска карта покрај помагањето на функционирањето на групата, членовите ќе добијат и одредени привилегии кои оние кои нема да ја извадат членската нема да ги имаат.

Цената на членските карти ќе биде симболични 250 денари, а со тоа ќе биде достапна за сите. Со неа членовите ќе добијат загаранирани билети за сите домашни натпревари (вклучувајќи ги и европските натпревари) и обезбедени места при гостувања надвор од Скопје. Исто така членовите ќе имаат предност при купување на реквизити од групата, а со тоа и стандардна цена на производите, додека оние без членска карта за реквизит од Комити ќе мора да платат 20% поскапо од стандарната цена.
Новост од оваа зимска пауза е тоа што ќе се вадат реквизити кои ќе може да се набават исклучиво со членска карта. Доколку немате членска карта нема да бидете во можност да добиете одредени реквизити од групата. Деновиве ќе бидат пуштени и два вида на шалови, од кои едниот ќе биде во слободна продажба, а другиот ќе може да го набавите исклучиво ако сте членови на навивачката група. Исто така за во блиска иднина се планираат и зимски капи како и дуксери.

Во врска со цената на билетите за натпреварите :

ФК Вардар (домашно првенство)

* Со членска карта цената ќе биде 50 денари. Без членска цената ќе биде 100 денари. (важи за домашните натпревари)

* Предност пред оние кои немаат членска карта при организирано гостување надвор од Скопје

* Предност при купување на билети за европските натпревари

РК Вардар

* Бесплатен влез на натпреварите од домашното првенство и куп. Без членска цената ќе биде 50 денари.

* Бесплатен влез на натпреварите од СЕХА Лига. Без членска цената ќе биде 100 денари.

* Загарантиран билет за натпреварите од Лигата на Шампиони по цена од 100 денари. Без членска цената ќе биде 350 денари.

* Предност пред оние кои немаат членска карта при организирано гостување надвор од Скопје

Членските карти ќе се подигаат на лице место, односно при самата уплата. За времето и местото на продажба ќе бидете дополнително известени.

%D1%86%D0%BB1-1419271946.jpg
 
Навивачката група Комити Запад ги известува своите членови дека во текот на зимската пауза воведува членски карти за втората полусезона 2014/2015. Членските се подигнуваат на лице место во четврток на фонтана од 19:00 до 20:00 часот и истите чинат 250 денари. Повеќе на нашиот сајт.
988972_10204784611888703_6107073876397893092_n.jpg
 
Да осудиш некој да плаќа 100 денари карта на фудбал без членска е убер глуп потег.
 
Да осудиш некој да плаќа 100 денари карта на фудбал без членска е убер глуп потег.
Убер глуп потег е да идеш со Комити, а да немаш членска. Или си член или не си. Ако си член вадиш членска и тоа е тоа.
 
Убер глуп потег е да идеш со Комити, а да немаш членска. Или си член или не си. Ако си член вадиш членска и тоа е тоа.
Зошто? Ама одговори ми од призма на ФК Вардар каде што ќоро пиле не иде. Јас на пример нонстоп наоѓам некоја жртва да иде со мене на утакмица колку да не идам сам и сега го викам еднаш на 2 месеци на фудбал и да плати 100 денари карта само затоа што нема членска?
Башка што некој прв пат доаѓа убаво ќе го регрутираме во група...

Викате сега членовите ќе поминат поефтино, а цените со членска се исти како пред воведувањето на членските.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom