Ми се свиѓа како тимов веќе го сложуваме рано пред почетокот на сезоната и ќе има екстра време новите играчи да се вклопат соодветно во системот на Гонзалес и Давис.
Сега за сега стоиме вака:
Голман: Штербик, Диви, Милиќ.
Лево крило: Дибиров, Марковиќ.
Десно Крило: Брумен, Шишкарев.
Среден бек: Карачиќ, Прибак.
Десен бек: Дујшебаев, Петриќ, Терзиќ, (90% Марковиќ).
Лев бек: Горбок, Лацковиќ, Филип Лазаров.
Пикер: Стоилов, Тоскиќ, Чипурин.
Одбрана: Абутовиќ, Растворцев, Кукоски.
Треба да се види кој ќе игра одбрана во тандем со Абутовиќ и како ќе се распоредат односно каква одбрана ќе играме. Мене десен бек ми е топ ако не засили Марковиќ или уште подобро Македа, али постои некоја можност да се мачиме на лев бек ако Горбок не игра на ниво, таму ни треба уште еден разбијач кој ќе гази пред себе, а таков моментално на пазарот е Кањелас кој е светска класа, и тоа добро го знае Гонзалес какво оружје треба да се има во тимот за да се дрма на фајнл фор
Тимов освен тоа што имаме по некој вишок играч од типот на Растворцев, Терзиќ (ваљда ќе му дадат шанса во Сеха да покаже дека вреди за да игра во Вардар) и Петриќ е одличен, со длабочина и квалитетни играчи на секоја позиција, незнам што да речам повеќе

уште не ми се верува дека Штербик најдобриот светски голман ќе го облече вардаровиот дрес од септември.