Фан клуб - РК Вардар

“Бомбардерот“ од Хамбург Жарко Марковиќ ќе биде новото засилување на Вардар!?


Откако претходно се објави дека хрватскиот интернационалец Блаженко Лацковиќ на позицијата лев бек ќе го засили македонскиот ракометен клуб на Вардар, наскоро би можеле да бидеме на сведоци на уште еден голем трансфер, станува збор за Жарко Марковиќ кој неодамна го имаше последниот натпревар во дресот на бундеслигашот Хамбург.

Според информациите, црногорскиот “бомбардер“ (десен бек), разговараше со челниците на “црвено-црните“ и е многу блиску до договор. Останува да се види дали ќе се официјализира ваквата соработка, ангажман на еден од најбараните играчи во Европа. Да потсетиме, Марковиќ веќе играше во Скопје, но во дресот на РК Металург.

Оваа сезона стигна до четвртфиналето од Лигата на шампионите кога беше елиминиран неговиот состав токму од Вардар, постигна вкупно 32. голови. Претходно ги бранеше боите на Гепинген (55 погодоци) и се најде на Ф4 турнирот во Купот на ЕХФ.

За тимот од “Автокоманда“ постигна најмногу голови (62) на меѓународната сцена, со осминафинале во ЛШ. Помина две сезони во Будуќност од Подгорица, а четири во МКБ Веспрем (со чиј тим го освои трофејот во КПК).
 
Иако е себичен играч, не би имал ништо против да дојде. Плус веќе знае како е да се игра во дерби мечеви :icon_mrgr:
За разлика од Душаебаев кој е невидлив во одбрана, Жарко игра во два правци :icon_mrgr:
 
Различни типови на играчи се, малце потешко е да се споредат.
Сакам да кажам дека во тимов повеќе ќе користи Марковиќ отколку Душебаев кој треба уште да работи за да стане класа играч.
Марковиќ е константен у формата цело време за разлика од Алекс а и каде каде е подобар у одбрана.
 
малце тежок лик е. Пола бекстејџерки сега ќе се соберат angry mob и ќе му пеат во БТ тифо предавнички песни :pos:
 
Ајде веќе чим ја чепнав темата за сезонско резиме, да се произнесам :D

Големи, големи промени за Вардар во само една сезона. Од нов сопственик, до играчи кои не сме замислувале дека ќе дојдат да играат во Вардар па се со пропуштање на ЛШ фајнл фор за пичкино влакно.

Нов голем спонзор во Вардар од летото со новите играчи страшно ја дигна температурата и мислам дека за една сезона се разбуди страшна Вардаризација годинава. Меѓу другите засилувања новиот hummel црвено-црн Вардаров дрес го облекоа едно од најдобрите светски крила на денешницата нашиот Дибиров и еден од најголемите бисери на светскиот ракомет, на Талант малиот:icon_mrgr:, Алекс Душебаев.

Организациски сезоната почна збунувачки со Кастратовиќ на клупата и новата управа, каде што како што е редот се изнагледавме еден куп аматерски грешки. Здравје сега една година поискусни со повеќе памет во црепките.

Најава дека оваа сезона ќе биде магична за Вардар беше првата утакмица во ЛШ. Најголемиот ракометен тим ни дојде на гости уште во првото коло и бум реми среде Скопје :cool: Уште се опоравувавме од шокот со ремито кога Минск не врати во реалноста со пораз. Влеговме во логичен тек на настани за тим кој што допрва ќе се воигрува, елемент кој сите го сметавме за наша најголема слабост. Најава дека оваа сезона ќе биде турбулентна беше отпуштањето на Кастратовиќ ко гром од ведро небо. Веќе тогаш почна да ни станува јасно каква зелка може да биде Самсоненко.:D

Немаше време за консолидирање на нашите редови и додека уште се запознававме со нашите нови играчи и клубот се организираше ни следеше натпревар за историја. Прв пат во ЛШ судир на два македонски тимови, прв пат во историјата на ЛШ судир на два тима од исти град. Они со Бекстејџ и фаланга армијата ние со големиот ракометен стручњак Самсоненко на клупата :pos:
Исторски меч ииииии победа на Вардар!! Немаа решение за лудите влезови и вазелинки на Дибиров и расположените Карачиќ и Прибак кои ги матираа во секој поглед додека во одбраната Растворцев ги јадеше како мали деца. Тогаш се случи легендарното „триста карти ни дадовте, илјада ви влеговме“:drk:. Грмеше Борис „Ајде Ајде Вардаре, Никој како тебе друг не го ебе металург“. Веќе во наредниот меч ни следеше наплата со камата од комшивките кои максимално ја искористија ситуацијата кај нас без тренер и нови играчи, каде што посебно на тајм аутите се гледаше дека сме како маалска екипа каде што секој со секого се договара што ќе игра.

Се редеа нервозите од лоши резултати во СЕХА и добри резултати во ЛШ. реми со P$G, јак отпор кај Барса и рутински утакмици со Тун и Минск.

Клучен момент во оваа сезона беше земањето на Раул Гонзалес за тренер. После релативно брз период веќе се осети организација и дисциплина во играњето на Вардар кој веќе воопшто не наликуваше на истата екипа од почетокот на сезоната. Желбите се разгореа иако за противник го добивме европскиот шампион Хамбург во осмина финалето на ЛШ.

И тогаш на 30ти март 2014 година се случи најголемиот успех во историјата на Македонскиот ракомет. Големата шваба, европскиот шампион на колена пред ВАРДАР, елиминиран од натпреварувањето што го освои лани. И тоа ни помалку ни повеќе елиминиран во неговото дувло среде Хамбург!
Следеа прослави, урнување на повеќе балкански сајтови, тресење на европа со историска елиминација на европски шампион уште во осмина финале. Вардар го запиша своето име во рангот на европските гиганти. Сосема заслужено.

Освојувањето на СЕХА лигата „како од шала“ беше најава за тоа што следи во ЛШ. Веќе брзо имавме -2 во Фленсбург на чело со феноменалниот Диви и атмосферата во Скопје беше пред експлозија. И најрезервираните веќе сонуваа. Сонуваа за Вардар во најдобрите 4, за црвено - црна лудница среде Келн. Дојде и тој ден и следуваше трагедијата... тогаш во оваа тема после утакмицата напишав „ова беше трагедија поголема од Ромео и Јулија, поголема од Македонска крвава свадба“ и сеуште го мислам тоа. Таква елиминација, толку блиску до фајнл фор, такво газење во второто полувреме, ќе остане запишано и запаметено кај мене до крај на мојот живот.

Многу брзо после тоа ни дојдоа и утакмиците за титула али после тој шок со Фленсбург се виде дека ќе биде тешко. Едноставно се гледаше дека играчите неможеа да поминат после тоа што ни се случи и психичкиот ефект беше преголем.

На крајот сепак слатко си се израдувавме на купот да заокружиме оваа сезона.

Покрај сето ова би сакал да ја одвојам страшната атмосфера во Борис. Навивањето со Барса, 3Д кореографијата со ПСЖ, и се разбира цела сала на нозе од 40та минута со Фленсбург. Тоа што се случи во сала ќе остане незаборавено. Едноставно неможе колку и да е ладен играчот да остане рамнодушен. Многу мило ми стана што Кале почна да станува се пополно на СЕХА утакмици.

Мора да додадам и ја пофалам слогата и хармонијата на играчите кои иако повеќето беа нови и многу од нив веќе ѕвезди, одлично се склопија и одлично функционираа како браќа. Брумзи, легендата Дибиров, ѕверот Карачиќ, Абутовиќ, верниот до гроб Прибак, нашата икона Столе, фацата Чипурин, Страхиња, Диви и сите други да не ги бројам. Одма се гледа бе приврзаност кон клубот како се создаде кај повеќето од нив. Има овој клуб душа и они го чувствуваат тоа.

Иако ја изгубивме домашната титула и покрај попатните турбуленции ова за мене е многу успешна сезона и темел за нов страшен Вардар кој ќе гази во Европа.

Идеме јако од идната сезона во новиот ракометен храм уште појаки, поспремни и позрели да мачкаме и шваби и комшивки и скандинавци и све што ќе ни застане на патот. Ја едвај чекам :)

Еден е Вардар!
 
Штом не_сум_ја извади волкав пост, мoжам да замислам колкаво ќе биде резимето на Коњаникот.
Ќе ги побута серверите а ние ќе треба да го симнеме постот и у Ворд да го читаме.
 
“Бомбардерот“ од Хамбург Жарко Марковиќ ќе биде новото засилување на Вардар!?


Откако претходно се објави дека хрватскиот интернационалец Блаженко Лацковиќ на позицијата лев бек ќе го засили македонскиот ракометен клуб на Вардар, наскоро би можеле да бидеме на сведоци на уште еден голем трансфер, станува збор за Жарко Марковиќ кој неодамна го имаше последниот натпревар во дресот на бундеслигашот Хамбург.

Според информациите, црногорскиот “бомбардер“ (десен бек), разговараше со челниците на “црвено-црните“ и е многу блиску до договор. Останува да се види дали ќе се официјализира ваквата соработка, ангажман на еден од најбараните играчи во Европа. Да потсетиме, Марковиќ веќе играше во Скопје, но во дресот на РК Металург.

Оваа сезона стигна до четвртфиналето од Лигата на шампионите кога беше елиминиран неговиот состав токму од Вардар, постигна вкупно 32. голови. Претходно ги бранеше боите на Гепинген (55 погодоци) и се најде на Ф4 турнирот во Купот на ЕХФ.

За тимот од “Автокоманда“ постигна најмногу голови (62) на меѓународната сцена, со осминафинале во ЛШ. Помина две сезони во Будуќност од Подгорица, а четири во МКБ Веспрем (со чиј тим го освои трофејот во КПК).
никаква вистина нема во ова, само лажат...
 
Јас мислам Коњаникот ќе испише повеќе страни од форумскиот весник :coffee:
Или пак ќе не зезне сите и ќе напише само "Дечки оваа сезона изгубивме се, повеќе среќа следната сезона, тоа е тоа :) " :icon_lol:
 
Лико вика некаква бомба ќе имало денес :)
 
Лико вика некаква бомба ќе имало денес :)

Незнам дали мисли на тоа али по информација од еден наш форумџија и после некои коментари што ги прочитав на хендбол ворлд, се врти неофицијална информација дека Киелце и Вардар разговараат со Кањелас.:)
 
Ako go kupat Kanelas,Markovic i Sterbik e tek togas ke kazam deka upravata napraila dobar dil sezonava :D au au au :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom