Мислам дека ваквите работи се стандардни процеури. Во бизнисот (а да се разбериме барем до одредена мера и ракометот-ЕХФ е бизнис) нема земање при срце на вакви работи. За сите е добро Вардар да игра ЛШ идната сезона. Јас сум убеден дека ЕХФ ќе смисли начин. Истото ќе го направат и за ПСЖ.
П.С. За споредба на женскиот Вардар, веќе им гарантираа учество во ЛШ без квалификации иако правилно не смее да биде така, а дури немаат ни објавено како ќе го изведат тоа.
Да, и мене ми е јасно дека за неговата изјава можеше да следат репрекусии, е сеа да не беше германски тимот во приказнава може и само со опомена ќе поминеше

И ја мислам дека ЕХФ ќе гледа да спроведе Вардар во ЛШ али не верувам дека нешто ептен ќе се заложи како за свое дете. На нас доволно ни е мало поттурнување, како на пример тој „квалификациски турнир“ (ако би се извеле така квалификациите) да ни го дадат во Скопје.
Али ако им се оди премногу контра и им се стапне на жуљ на ЕХФ може лесно да направат и да не играме ЛШ.
Иначе веќе кога сме на муабет за квалификациите, од ЕХФ изјавија дека сигурно ќе има квалификации, бидејќи нели ги намалија местата на неколку земји и малце го сменија системот. Е сега тука има повеќе опции како ќе ги изведат, дали ќе има квалификациски турнири, или пак двобој на екипи, дали тие екипи ќе бидат поделени во два барабани или постои можност да би би се судриле со ПСЖ, Хамбург, Фленс..., во кој шешир ќе бидат рангирани квалификантите после во ждрепката за групите бидејќи ќе има празни места и во погорните шешири. Има многу работи ЕХФ што треба на летово да ги реши.