Клипче
asd
- Член од
- 8 јануари 2012
- Мислења
- 14.044
- Поени од реакции
- 36.924
Мислам дека спомна некој оти Марковиќ имал ситна повреда па ваљда да не ризикуваат.Одлука на тренерот е тоа за Маркович пишаа веќе дека не беше ни во составот..незнам зошто си дозволиле само со едно крило на таа позиција или па се повредил незнам.


Оваа утакмица Вардар беше во состојба да ја добие во своја корист. Според мене Раул одигра пред се добар тактички натпревар во кој ме остави простор за мало славје на швабиве и нормално мала резултатска предност. Црешата на шлагот на тортата ќе биде во Скопје. Утакмицава в сабота ќе се гледа 100 пати реприза верувај
ова беше само фидбек , не сакам да отидеме од темата ,да забегаме ,за ракомет е сепак 
Од друга страна па убеден сум дека на реваншот во Скопје ќе дадат 200% од себе и ќе одиграат за двете утакмици и ќе видат швабиве кој се Тимур Дибиров и Алекс Дујшебаев ! Единствена замерка ми е онаа која што ја пишувам по секој меч на Вардар,а тоа се пеналите што ги изведува Дибиров.Да не се повторувам одново само ќе кажам по не знам кој пат дека Дибиров не знае да шутира пенали.Ако се земе во предвид тежината и важноста на овој меч за мене 5/8 пенали е доста слаб учинок.Во Скопје во сабота сите пенали ќе мора да бидат искористени,а за такво нешто потребно е истите да им се дадат на Карачиќ и Брумен.Почетокот на мечот за Вардар беше катастрофален.Во првите 6 минути Вардар прими 6 голови,а Диви ѕверот успеа да фати ако не се лажам само една топка.Тука имавме голема среќа што Карачиќ испрати неколку мајсторски удари инаку Вардар ќе играше под огромен притисок затоа што Фленсбург сигурно ќе направеше разлика од минимум 4-5 голови.После почетните 5-10 минути одбраната на Вардар заличи на нешто и до крајот на полувремето Фленсбург постигна само 7 голови.Ако се земе во предвид тоа дека во првите 6 минути примивме 6 голови,а до крајот на прво за 20 минути само 7 голови јасно ќе се види разликата во играта на Вардар.Со исклучок на Дујшебаев и Дибиров на кои што ништо не им одеше сите други одиграа еден доста добар меч,но мора посебно да ги издвојам Диви,Игор и Тоскиќ.