Фан клуб - РК Вардар

Одлука на тренерот е тоа за Маркович пишаа веќе дека не беше ни во составот..незнам зошто си дозволиле само со едно крило на таа позиција или па се повредил незнам.
Мислам дека спомна некој оти Марковиќ имал ситна повреда па ваљда да не ризикуваат.
 
После нашиве пак ќе свртат муабет , дека нашиве македонски играчи се клошари .... Речи им за млади деца да земат , НЕ немало таленти .... земи македонски играч , НЕ , сите биле лошо .... Је suis sexy ,ваљда им се странциве ..... Пази,бегај , македонец да земеш во свој тим ти е како Џо ајгатанот .... шу .... :icon_lol:

другар, ќе мора да ми помогнеш да сфатам зошто си ми реплицирал :D(y) Али во принцип делумно сум согласен со ова што во велиш. делумно не.:)
 
другар, ќе мора да ми помогнеш да сфатам зошто си ми реплицирал :D(y) Али во принцип делумно сум согласен со ова што во велиш. делумно не.:)
Не се секирај, он на моменти и сам не се разбира шо сака да каже.
 
Донт бери гајле;) Оваа утакмица Вардар беше во состојба да ја добие во своја корист. Според мене Раул одигра пред се добар тактички натпревар во кој ме остави простор за мало славје на швабиве и нормално мала резултатска предност. Црешата на шлагот на тортата ќе биде во Скопје. Утакмицава в сабота ќе се гледа 100 пати реприза верувај(y) Раул Гонзалес ќе изрежира ремек дело од ракомет, човекот е цар :cuc:

Te drzam za zbor :D
 
Ovo je vec bezobrazno od strane sudaca, ali nista novo u rukometu.

Prvo Dujshebaevu, a onda i Igoru, vrate na 9 metara nakon cistog gola, a kad promase, ne svira se ocitiji prekrsaj cuvara.

Ovako se u rukometu moze masakrirati neka ekipa, bar mi to znamo.

Jebem ti EHF i IHF kompletno... i skandinavsku kuhinju, picke sjevernjacke.
Знаеш дека си у право... Озбилно, иако судиите беа коректни денеска да не кажам одлични сепак вакви ситни работи можат да ти ја ебат утакмицата.. На неколку пати чисти голови ги врати на 9 метри..
 
Незнам искрено, можеше и подобро можеше и полошо :)

Реално во нападот затаивме кај Алекс и Дибиров. Иако морам да признаам дека одбраната на Фленсбург беше одлична и нашите крила беа целосно затворени скоро секој напад, па тие обиди на Дибиров беа од скоро од мртов агол.

Вакви натпревари бараат висока концентрација и секоја грешка се казнува. Тој пад од 8 минути беше недозволив. Страшно знаат да казнат од крила швабиве.

Требаше само на крај да се искористи последниот напад и да се вратевме во Скопје со еден разлика. Вака два гола делуваат малку али тоа значи дека на 3 минути пред крајот мора да водиме со четири гола разлика за да го приведеме мечот кон крајот и да не играме инфаркт финиш.

За грубоста и судењето незнам што да кажам. Стартови на лице, кинење дресови, поништени голови. Идиотското исклучување на Абутовиќ. Се надевам подобро ќе биде во Скопје со шпанците.

За Диви немам зборови :) многу веројатно е дека ќе биде најзаслужниот ако Вардар отиде на фајнл фор.

Пекол ќе биде во Скопје, Дибиров нема шанси пак лоша партија да изигра, не посебно пред своите фанови :)
 
Славењето траеше до сега во маалско кафанче , за таа прослава да се продолжи низ градските улици кафани , дискотеки и се остало ке се погрижат нашите лавови во сабота .Една љубов. АЈАДЕ ВАРДАР!
Ако некој планира да ги пречека на аеродром нека пише да се организираме.
 
другар, ќе мора да ми помогнеш да сфатам зошто си ми реплицирал :D(y) Али во принцип делумно сум согласен со ова што во велиш. делумно не.:)
нишо нишо ... само се смеев на глупостите и коментарите што ги тропаа поголем дел од луѓето во Македонија .... начинот на тоа дека нашиве не чинеле ,сме немале добри играчи и така натаму е чиста глупост ... за Диви шо викаа , просечен ..... за другите македонски играчи ... просечни , се со врски , само ги бива да грејат глупа .... сега имаш македонски младинец го свети во Шпанија , не го сакаа претходно ваму,отиде кај Арапите , од таму во Шпанија , на секој натпревар е најдобар поединец .... да не спомнам и од другите помлади македонски играчи .... немаат ни простор ни можност .... че дојде момент и мора од Србија специјалката .... имаш дете екстра талент и земаш дете од Србија од негови години и му даваш стартер .... мислам ајде .... че чутам .... значи ова сеа не напаѓам Вардар да не помислите , буквално за сите клубови дали фудбал,кошарка,ракомет .... било што ..... странец е подобро од соседството отколку да туркаш и наши таленти и играчи , бајпасинг дека и они имаат квалитет ..... еве во Вардар фудбал ... кој до вчера ќе знаеше дека едно Албанче за брз период ќе стане можеби и најдобар моментален играч на Вардар .... хет-трик ...... ми затна уста .... крај ..... Ацевски .... со Шалке ..... крај .... не мора убедување :cool: ова беше само фидбек , не сакам да отидеме од темата ,да забегаме ,за ракомет е сепак :pipi:
 
Знаеш дека си у право... Озбилно, иако судиите беа коректни денеска да не кажам одлични сепак вакви ситни работи можат да ти ја ебат утакмицата.. На неколку пати чисти голови ги врати на 9 метри..

Не е мој коментарот, од хрватски форум е иако во потполност се согласувам со дечкото.

У Прво судиите си судеа одлично али у второ имаа доста грешки на сметка на Вардар.
Судеа пробивање на Тоскич за 3 + за Вардар. Дибиров кога им ја пресече судеа дека наводно ја згазнал линијата а немаше везе, стапалото бар 10 сантима му беше одалечена од линијата за 6 метри. На Абутовиќ на крај му досудија 2 мин иако тоа не беше ни за обичен фаул по што овие беа вратени на 9 метри и со играч повеќе постигнаа гол.
3 пробивања по ред судеа, негде од 45-та до 50-та минута, некој беа али некој беа и дискутабилни у таа борба што ја водеше Тоскич.
И на крај трите поништените голови, 2 на Душебаев и еден на Караџич, без никаков сенс да се пушти предност, башка што кај 2 гола судијата свиреше одкако топката веќе беше влезена у гол.
 
Да изгубевме со 10 голови немаше волку да се изнервирам за утакмицава.Искрено ептен ми е криво што не го добивме овој меч,а реално имавме многу големи шанси за такво нешто.Уште по првите 5-10 минути знаев дека негде гадно ќе зашкрипи во играта на Вардар и тоа и се случи.Вечерва веројатно бевме сведоци на најслабите партии во кариерата на Дујшебаев и Дибиров.Да сакаат послабо да одиграа нема да можат.Не ги обвинувам нив бидејќи и тие се луѓе и може да им се случи како и на сите останати да одиграат слаб натпревар,но мораше ли тој натпревар да биде баш вечерва :mad: Од друга страна па убеден сум дека на реваншот во Скопје ќе дадат 200% од себе и ќе одиграат за двете утакмици и ќе видат швабиве кој се Тимур Дибиров и Алекс Дујшебаев ! Единствена замерка ми е онаа која што ја пишувам по секој меч на Вардар,а тоа се пеналите што ги изведува Дибиров.Да не се повторувам одново само ќе кажам по не знам кој пат дека Дибиров не знае да шутира пенали.Ако се земе во предвид тежината и важноста на овој меч за мене 5/8 пенали е доста слаб учинок.Во Скопје во сабота сите пенали ќе мора да бидат искористени,а за такво нешто потребно е истите да им се дадат на Карачиќ и Брумен.Почетокот на мечот за Вардар беше катастрофален.Во првите 6 минути Вардар прими 6 голови,а Диви ѕверот успеа да фати ако не се лажам само една топка.Тука имавме голема среќа што Карачиќ испрати неколку мајсторски удари инаку Вардар ќе играше под огромен притисок затоа што Фленсбург сигурно ќе направеше разлика од минимум 4-5 голови.После почетните 5-10 минути одбраната на Вардар заличи на нешто и до крајот на полувремето Фленсбург постигна само 7 голови.Ако се земе во предвид тоа дека во првите 6 минути примивме 6 голови,а до крајот на прво за 20 минути само 7 голови јасно ќе се види разликата во играта на Вардар.Со исклучок на Дујшебаев и Дибиров на кои што ништо не им одеше сите други одиграа еден доста добар меч,но мора посебно да ги издвојам Диви,Игор и Тоскиќ.:cuc: Ако овие тројца ја повторат оваа партија и во Скопје со помош од Дибиров и Дујшебаев има да им слупаме 30 комада на Германциве.На крајот на мечот имавме премногу важен напад кој што не успеавме да го искористиме и цела среќа е што контрата и голот на Фленсбур дојдоа по истекот на времето.Оваа сезона Вардар со Барса и ПСЖ во БТ имаше напад за победа во последните секунди и не успеа ни на првиот ни на вториот меч да постигне гол,а и денес не успеа со таа разлика што денес им дадовме шанса на ракометарите на Фленсбург да победат незаслужено со 3 разлика и мнооогу да си ја отежниме задачата за реваншот.Добро е што среќата за прв пат во натпреварот застана на наша страна инаку ќе се купуваа бааги телевизори утре низ државава.Судиите не сакам многу да ги коментирам и избегнувам тоа да го правам,но денес во неколку ситуации донесоа одлуки кои што беа добри за домаќинот и лоши за нас.Мислам дека оние удари на Дујшебаев и Карачиќ кои влегоа во голот,а претходно имаше ситен прекршок требаше да бидат важечки и наместо да не враќаат на 9м да покажат дека голот на Вардар важи.Ако не се лажам имаше 3 такви ситуации кои МОРАА да бидат гол бидејќи во сите такви ситуации во кои што се најде Фленсбург судиите почитуваа предност.Очекувано беше судиите да бидат на нивна страна затоа што се Германска екипа и задари домашниот терен,но добив впечаток дека малку претераа.Капак на цела нервоза беше коментаторот.Ако сака може 300 глупости да кажува во минута нема ич да ме изнервира ама кога ќе почне со тоа лузерските коментари дека ‘‘има реванш‘‘ и дека ‘‘поразот е добро опција само да не биде разликата поголема од 3-4 голови‘‘ ми иде преку телевизор да му влезам и да го удавам.Поразот бе мајсторе НИКАКО и НИКОГАШ не може да биде добра опција затоа што ракометот и сите други спортови се играат за ПОБЕДА.

Во Скопје во сабота сигурно ќе биде пеколно.Вардар има активен резултат и со помош на публиката и стрпливата игра мислам дека победата ќе мора да дојде на наша страна и ќе се прослави првиот Ф4 во историјата на клубот.Има цели 5 денови маестро Раул за да им укаже на играчите каде грешеле и со направени корекции во сабота се надевам дека Вардар ќе слави со 3 или повеќе голови разлика и ќе го добие билетот за толку посакуваниот Ф4.
 
Не е мој коментарот, од хрватски форум е иако во потполност се согласувам со дечкото.

У Прво судиите си судеа одлично али у второ имаа доста грешки на сметка на Вардар.
Судеа пробивање на Тоскич за 3 + за Вардар. Дибиров кога им ја пресече судеа дека наводно ја згазнал линијата а немаше везе, стапалото бар 10 сантима му беше одалечена од линијата за 6 метри. На Абутовиќ на крај му досудија 2 мин иако тоа не беше ни за обичен фаул по што овие беа вратени на 9 метри и со играч повеќе постигнаа гол.
3 пробивања по ред судеа, негде од 45-та до 50-та минута, некој беа али некој беа и дискутабилни у таа борба што ја водеше Тоскич.
И на крај трите поништените голови, 2 на Душебаев и еден на Караџич, без никаков сенс да се пушти предност, башка што кај 2 гола судијата свиреше одкако топката веќе беше влезена у гол.
Јас пак мислам дека сите пробивања на Тоскиќ беа пробивања, тоа од Дибиров го судеа вратена топка и згрешија судиите. Еден од поништените голови на Алекс ги судеа откако доскокна па шутна.
 
Јас пак мислам дека сите пробивања на Тоскиќ беа пробивања, тоа од Дибиров го судеа вратена топка и згрешија судиите. Еден од поништените голови на Алекс ги судеа откако доскокна па шутна.

Мислам дека едно беше престрого досудено, третото ми се чини. Тоа од Дибиров беше чисто пресекување, незнам слепците кај видоа таму вратена топка. На Душебаев голот од страна беше правилно поништен али не и оној кога ја фукна од средина, исто и оној на Караџич на 4/5 минути до крај требаше да го признаат.
На вакви натпревари баш ситници можат да го решат победникот, подобар резултат ќе имаше Вардар судиите ако имаа бар подобар сенс во неколку наврати.
Кога се поништија трите гола, кога беа враќани Вардар на 9 метри ,одма после тоа судииве дигаа раце за пасивен, мамицата нивна.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom