Фан клуб - РК Вардар

Требаше купи си едно 10-15 карти онлајн препродај ги по 1000че и оди си на реваншот во Фленсбург :icon_lol:
Само што во тој случај тој би останал со прстот во уста, пошто “реваншот“ се игра кај нас.
 
Моја грешка, мислев дека беше обратно - Вардар дома а Металург во гости првата.

Вака да изгуби Вардар првата (што не би сакал нормално) со повеќе разлика има пола да ги препродадат картите до реваншот :D
 
Не ја давам ни за 10 пати повеќе!
Пари ќе се потрошат за ден-два-пет. Ама спомените од натпреварот кој може да остави длабока трага во историјата на ракометот ќе траат вечно :)
Мислев на некој со вишок/ некој што ќе му излезе нешто у наредниве денови/ некој што земал карта за некој друг па го заебал вториов...
Толку ми е и мене џепарлак , не дека сакам да богатам некој. Ако нема, тв ко со хамбург.

Само една молба до тебе и други што одат првпат,вторпат на вардар - не затварајте уста!

Уште едно нешто би сакал да истакнам. Со псж и барселона карта си земав од бт билетарата пред почеток на утакмица. Значи, останале и неискористени карти.
Сега сигурно не се поатрактивни противниците, иако тежината на дуелот е поголема. Сепак толкава разлика во продавањето на карти не е очекувана. Се гледа улогата на изборите... ти се посерам во политиката. Или може треба да бидам среќен, да се погодеа на ист датум (статива) којзнае дали на тв ќе ги имаше(n)
 
@STEALTH која утакмица ќе ти биде оваа на РК Вардар во последниве 5 години?

Местото на живеење не е оправдување има дечки од Гостивар, Тетово, Пехчево... што се поредовни и од некои наши членови. Проблемот е желбата да се биде дел од нешто историско иако не припаѓаш таму. Како го викаш ти тоа трендер..

Прва ми е воопшто и не ми е срам поради тоа, дека не припаѓам таму... мало морген. Не е на дедо ти РК Вардар, па да си го присвојувате. Бре бре, не сум припаѓал таму, многу си дозволувате, како цела Борис да е ваша. Си имате таму Комити, навивајте си и тоа е тоа. Остајте не малку и ние да навиваме, не се куропецајте со мојата желба да сум бил од нешто историско. Ма немој молим те, РК Вардар по тестамент е твој?
 
Па нели не е до тренди моментот.
 
А тренди е тоа што сум по спортот?
 
Тренди е што се појавуваш на оваа утакмица. Да си го сакал спортот или поточно ракометот ќе си гледал утакмица и претходно а сега си само еден од многуте што доаѓаат само заради утакмицава нејзината важност и еуфоријата за ракомет во земјава.
 
ОК е друже, не планирам да се докажувам што е тренди, што не и зошто јас доаѓам.

П.С Од кај знаеш дека не сум бил на Вардар во странство?
 
ОК е друже, не планирам да се докажувам што е тренди, што не и зошто јас доаѓам.

П.С Од кај знаеш дека не сум бил на Вардар во странство?
Не се лути де, мое мислење.

Не знам, искрајно! Ама ако ги целиш вака утакмициве како оваа сега, Вардар и немал многу вакви утакмици од кога за јавноста тука стана интересен ракометов.
 
Тешки глупости изнапишавте.

Гледам еден вика „ако не си навивач, не доаѓај“. Ма немој, што има везе дали си навивач или не. Можеш на утакмица да одиш чисто од љубов кон ракометот, спортот. Мене јасно ми е дека најверните фанови се фрустрирани што немаат карти, и тоа е оправдано. Ама не знам зошто ги напаѓаат останатите „позери“ или „ороспии“. Тие не е виновни, реално е дека клубот со пласманот и супер игрите во ЛШ се искомерцијализира и стана екстра популарен, па секој може да добие инстант желба да оди на (атрактивна) утакмица.

Јас лично мислам дека проблемот е во управата на клубот. Со оглед на капацитетот на Борис, треба предност да им се даде на тие со сезонски билети, на Комити, па ако остане нешто и за другите. Ама кај нас цела држава функционира наопаку, а вие се расправате кој бил на СЕХА, кој бил на стадион, кој бил од Штип, а кој од Дебар Маало. Глуп муабет терате. Управата е виновна и точка. Самс и младите вмровски полтрончиња од управа ги дадоа картите на дебилите од штабови, на бизнисмени, на министри.

За тоа што во ОНЕ во Сити Мол денес само на двајца од 50 души им продадоа карти не ми е крив Бранко. За Хамбург дупло ја платив картата од истите причини... маме да им ебам и на управа и на продавачите од ОНЕ. То е.
 
Тоа сакам да го кажам цело време (y)
 
855 страни веќе има темава и во неа 90% од муабетите се за кој бил навивач, кој не бил, кој бил појак навивач и кој заслужувал карти да има, а само 10% се вистински коментари за Вардар...
 
855 страни веќе има темава и во неа 90% од муабетите се за кој бил навивач, кој не бил, кој бил појак навивач и кој заслужувал карти да има, а само 10% се вистински коментари за Вардар...
Па, како да останеш нем на вакви провокации? :)
Само една молба до тебе и други што одат првпат,вторпат на вардар - не затварајте уста!
Многу ми е незгодно ова мерењево на патлаци, ама мало појаснување:
- Кога јас сум почнувал со тренинзи за Вардар во Расадник на -15 степени, тебе се' уште се мислеле дали да те пуштат во градинка;
- Кога јас сум играл натпревари против Металург во Автокоманда на паркет од кој штрчат шајки и пред публика која ти пцуе се' живо и диво, тебе те подготвувале да ја пееш „Цицибари цицибари“ за патронатот во прво одделение;
- Кога сум тренирал со тимот буквално до повраќање со цел да бидеме што поподготвени за следната сезона, ти нешто си видел на телевизија од ракометот и си прашал „еј, што спорт е ова?“;
- Кога сме се тепале со Риниа со цел да избориме место во прва лига, е најверојатно тука некаде, во тој временски период - си отишол на првиот натпревар на Вардар;
- Со оглед на тоа што лично сум бил дел од тимот повеќе од 8 години, лично сум дал некаков придонес за него, лично сум присуствувал на еден куп натпревари (како играч, навивач, па дури и судија), мене ме иритираат ваквите провокации од луѓе кои мислат дека знаат се' и ги делат навивачите на „вистински и лажни“.

Затоа молба до тебе и до другите „вистински“ поддржувачи на Вардар што не советуваат да не затвараме уста - подобро вие не отварајте уста, ако планирате да си го мерите со нас „шминкерите“.

Само затоа што некои луѓе имаат и други обврски во животот покрај „професионалното навивање“ и можеби немаат ниту време ниту можност да присуствуваат на сите натпревари во сала, тоа не ги прави помалку соодветни да го бодрат Вардар на натпреварите во завршницата на било кое првенство. И наместо да ставиме крај на ваквите глупи дискусии, тие упорно и упорно се појавуваат по секој добар резултат на нашите тимови (во било кој спорт) кога е потребна најголема поддршка од навивачите. Ништо чудно што секогаш потфрламе кога ни е најпотребно. Се некако мислам дека не прати лоша карма баш поради ваквите глупи поделби на „наши и ваши“, „вистински и лажни“. Ало, си купил дечкото од Штип влезница - има целосно право да го бодри тимот иако не е од неговиот град. Од кај знаеш, можеби ќе стане поголем фан од тебе, ако не му ги масираш јајцата толку за тоа дали он имал право или немал да присуствува на вакви натпревари. Да го тупиш за тоа дека штипјанец нема потреба да го бодри Вардар е исто како да го тупиш зошто Шпанци и Словенци играат за него. Дај олабавете...
 
Последно уредено:
Е добро де имаш играно за МРК како и уште 30-40 души од тие денови. Далеку беа од такви околностите како што сакаш да ги прикажеш. Тимот имаше и европски утакмици, а Вардар уште беше единствена виолина во нашиов ракомет. Ти може си играл, ама он дава пари за карта секој викенд дали се игра со Дрита, Гостивар, Ловќен, Борец. Што не е „професионално навивање“ туку директно му помага на клубот.

Никој нема да мрчеше на темва и се ќе идеше на пцуење за партиски што се делат картите ако не се појавија овие со прва утакмица во живот што им е. Ама не они го сакаат спортот, се надевам утре јавање коњи ќе направиме некој успех и таму ќе ги има истиве. Па нормално ќе му биде прва утакмица кога претходната го потцени Вардар. Нели Вардар требаше да испадне од Хамбург што ќе се мкнам од Охрид Штип Гевгелија. Е од такви ми се сере никад нема стапнато и доаѓа зошто Вардар има успех, Комити прават атмосфера, ама после утакмицата Вардар кога ќе изгуби Карачич е дебил, Тоскиќ имал крив палец, Комити се хулигани, скопјаниве дождов намерно го пуштаат.

Купиш карта купиш ќути си, не прв пат доаѓаш се понашаш над сите.
 
Целава ситуација со картите многу погрешно ја сфативте. Конкретно мене не ме нервира ако дојде некој ради клубот или ради спортот. Не е битно дали е прва утакмица или 100та. Нервираат тие што доаѓаат, што појма немаат од спорт, главна окупација на целата утакмица им е инстаграм и фејсбук, и цело време коментираат види ги мајмуниве како урлаат. Сите останати што стигнале до карта, а имаат интерес од спорт и не се дојдени само за да се чекираат се добредојдени. Ако некого треба да кривиме тоа е управата, која уште долго треба да учи како се станува Европски клуб и како се делат прво картите.

Да прејдеме на главното: Комити ќе влезат во сала без лични карти!!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom