Фан клуб - РК Вардар

убав кадар дадоа од нашата трибина во најавата(y). Нема предавање, Вардар нема што да изгуби, мора да се обиде да изненади иако знам дека ќе биде тешко. На првиот натпревар да им направиме да изгорат во црвено-црниот вулкан, дотогаш да подработат на тактичко-технички план особено во одбраната и да нема брзоплети контри како со ПСЖ. Очекувам јака атмосфера во СКопје, на малку повеќе среќа и што биде нека биде.
 
Претседателот на Хамбург вика, се имаме сретнато со Вардар само што тогаш се викаа Чековски медведи.
А бе да не биде после по натпреварот во Скопје тие како медведи да се кријат по пештери...:icon_lol:
Тука атмосферата мора да биде пеколна, да не знаат што им се десило, да имаат трауми од Скопје.:D
Али ќе биде “држ го Маро гајтанот“ дефинитивно...
 
Претседателот на Хамбург вика, се имаме сретнато со Вардар само што тогаш се викаа Чековски медведи.
А претседателот на Хамбург сака да си помине ко Гунар Прокоп.
 
"Никогаш не сме играле против RK Vardar, но знаеме што не очекува во Скопје. Искрено ја посакувавме Висла Плок, но ете немавме среќа и ќе играме со Вардар. Македонскиот шампион има искусен тим, игра одлично, а тоа го покажа во првиот круг од натпреварите. Не чека тешко гостување во Скопје, според она што го видовме од снимките во арената атмосферата е фантастична, но ние одиме на победа во двата дуели. Искрено ние во реваншот не можеме да направиме таква атмосфера. Во секој случај ова ќе бидат два многу тешки натпревари за нас" - изјави претставникот на HSV Handball на жрепката во Виена, Маркус Рудолф.

- Нормално дека не можете...:LOL:

А претседателот на Хамбург сака да си помине ко Гунар Прокоп.

И шо е муабетов? Вардар да заврши со суспензија и казни како Кометал?
Не треба тие никако да поминуваат, доволно е тука да ја осетат пеколната атмосфера и да им го завртиме паметот, а не со такви испади ко погорниот пример.
 
И шо е муабетов? Вардар да заврши со суспензија и казни како Кометал?
Не треба тие никако да поминуваат, доволно е тука да ја осетат пеколната атмосфера и да им го завртиме паметот, а не со такви испади ко погорниот пример.
Зашто суспензија и казни???
 
Зашто суспензија и казни???
Еве, не знам...
Македонската спортска јавност го памети Гунар Прокоп по инцидентот по завршувањето на реваншот од финалето на ЛШ 2000 меѓу Кометал Ѓорче Петров и Хипо во СРЦ „Кале“, кога неодговорен навивач го удри в глава Австриецот. За тоа македонските клубови беа суспендирани една година од еврокуповите, а репрезентациите мораа да ги играат своите натпревари во странство.

Мене ми делуваше ко да алудираш на тоа...
 
Фино ги раздрмавме со шпекулациите дека Лац доаѓа во Вардар.. уште ако потпише до двомечот ќе биде многу занимливо.. ;)
 
да не е запознат некој дали е можно (доколку се согласи другиот тим) да го добиеме играчот порано и да го регистрираме за македонска лига? Пример Горбок.
 
Тежок противник ама не би било спорт, доколку нема изненадувања.
 
да не е запознат некој дали е можно (доколку се согласи другиот тим) да го добиеме играчот порано и да го регистрираме за македонска лига? Пример Горбок.

Мислам дека заврши периодот за регистрирање на нови играчи.Јас не разбирам зошто РНЛ не го дадоа Горбок одма и така има договор само за една сезона а не игра скоро воопшто.Би било логично да гледаат да се ослобдат од плаќање на неговата плата.Горбок и Ненадиќ да дојдат на лев бек,Штербик на гол и уште еден бек шутер десно и следната сезона многу причини за надеж и оптимизам.
 
Ќе грми БОРИС !!

Некој да не знае коа би ги пуштиле тикетиве у продажба?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom