Фан клуб - РК Вардар

923467_810094885683078_35572157_n.png


zverovi se zimi se :icon_lol:
 
ПСЖ само што одигра нерешено во првенството на Франција на гости со Селестат. Општа поима се ПСЖ, жива катастрофа. Вардар има огромни шанси да дојде до позитивен резултат во Париз и да се освои 2 место. Мада мислам дека после ова ќе го сменат тренерот, пошо според мене само тој е виновник за ваквите резултат на овој тим. Да се надеваме дека Gardent ќе остане на клупата уште некое време...:)
 
Одлично. Има опција со име да биде дресот, сопствено или на веќе постоечки играч?

Луѓе, овие дресови се продаваат на секоја утакмица добри три-четири месеци. Не е некоја новост, само што сега фаншопот го вклучиле и на сајтот.
 
Во недела Вардар го игра последниот домашен меч во групите од ЛШ. Победа во овој дуел би значела шанса за борба за втората позиција на гостувањето во Париз, позиција која на Вардар ќе му донесе полесен противник во осмина финалето кое веќе го обезбедивме на мечот со Динамо Минск. Меч кој го добивме на теренот, но го загубивме на трибините. Време е да сфатите дека на трибината нема поединци. Проблемите предизвикани од поединец се проблеми предизвикани од целата група. Време е да се стави крај на фрлање предмети во терен, закачки со други членови од групата, седење на шипка, насилно земање на дресови од играчи итн. Не дозволувај групата да те знае како некој кој фрлил црна дамка врз името на КОМИТИ! Твоето место е горе на трибината, а твојата задача е гласно да го бодриш својот тим и да ги следиш инструкциите од водството на групата. Затоа во недела да им се извиниме на дечките за нашиот лош ден, и да им дадеме поддршка каква што само ние знаеме и умееме. За нив сме секогаш најдобрите, играчот број 8 и тоа само уште еднаш ќе го потврдиме. Големи се оние кои ги признаваат грешките, а уште поголеми се оние кои што учат од нив и ги исправаат во наредната прилика.
Затоа во недела нека грми Борис Трајковски, на крилјата на нашата поддршка нашиот Вардар да дојде до нова многу важна победа!
Собирање : 16.00 пред воена болница, тргање во кортео 16.30
Карта : 100 денари
АЈДЕ СКОПЈЕ АЈДЕ ВАРДАР
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom