Абе тој ќељавиот ви е преведувач во тимот, постар тип, баш и јас истото го заприметив и кога играја Вардар-Веспрем си реков како го разбираат овај, ама одма овај преведуваше...
Добро овај Дибиров магнет да не има во главата ?

Што и да летне од трибина право во него оди

Шала на страна, ај прв пат помина шо помина со паричката и кој и да го удрат прв пат би простил, втор пат со упаљач одма над веѓата погоден, третио пат можи без око да остани

Нервозен беше и тој, веќе не ги прославуваше головите со навивачите, како да не сакаше да игра во тој момент....
Познато ми е дека постојат индијанци, сељаци на трибина и неможиш лесно ти да контролираш група од +600,700 члена кој шо прави, е вака некој ќе се најди ќе фрла како од золошка да е излезен, вака можи многу лесно да му наштетат на клубот пример следен меч да играт без публика!
Исто и во Битола се имаат случвано вакви сцени каде погодени се наши играчи несакајќи, на мечеви РК Пелистер-Вардар/Металург знам погоден беше Пинки со чукалото од тапанот во листот на ногата и имаше мала повреда и ако не се лажам не го доигра мечот

После тоа исто беше погоден наш играч со шише полно со вода, ама тоа се случува на мечеви во нашата вукојебана лига каде се можи да се прогледа низ прсти! Ама на вакви мечеви какви шо игра Вардар во ЛШ пред се со екипи во групата како Барселона, ПСЖ и еден редовен учесник во лигата на шампионите како Динамо Минск е срамота ! Тука има 300 камери, се врши пренос и низ други земји и со еден збор ќе бидиме РЕЗИЛ кога ќе видат како летаат столици, парички, запалки на терен!
Околу мечот:
Заслужена победа на Вардар и заслужен пласман во ТОП 16! Очекував дека лесно ќе поминат со Динамо Минск и тоа се случи. Добра игра со новиот тренер
Дибиров и натаму си гази, Карачиќ маестрално второ полувреме, не сум го гледал до сега да изигра подобро во едно полувреме, 7 гола браво ! Во Динамо Рутенка најрасположен за игра, очекував подобра партија на голот на Динамо од тој старецот ама слабо...
Голманите кај Вардар на ниво, особено Милиќ второто солидно избрани!
Малумбрес според мене е голман кој брани на атмосвера, скока како мајмун, доколку има добра атмосвера во салата брани андреналински понесен на атмосверата и ако одбрани нешто арно ако не знае и ништо да не фати само рипа бадијала. Околу црвениот картон, некој судии би го судиле, некој не, со новите правила ова е за црвен и јас да бев судија овде црвен ќе му даев, секој контакт надвор од 6 на голманот е црвен картон то е то...