Фан клуб - РК Вардар

Делот кога имавме најдобро навивање вчера , грмевме :) http://www.youtube.com/watch?v=wjlZIL2w-i8
Штета што се деси тоа што сите го знаеме , во второ полувреме ке го урневме Борис ... ахххх индијнаци мораше ли на овој меч ...
 
Мене не ми е уште смешно...Првиот пат ете и он се нашали се сликаше со паричка и ја олабави атмосферата со што уште повеќе ги доби симпатиите. Искрено ја во таква ситуација да идам во некоја си трета земја да играм и свои фанови да ме плеснат со паричка си пакувам куфери и поздрав, а не па два пати за малку ќор да ме остават. Ќе видиме дали и договор ќе продолжи човекот.

Па видете на сликата... едвај еден сантим над окото е погоден...тоа не е за смеење.

Трет пат веќе пука резил и столче леташе на терен на Лига на шампиони натпревар... истото за малце не се случи со Барселона првата утакмица кога во една ситуација полетаа еден куп парички и запалки на терен и баш Дибиров беше таму а само чиста среќа беше што не беше погоден и тогаш (еве тие што беа нека кажат што дожд од парички и запалки падна после една судиска одлука), али сите го премолчевме тоа за доброто на клубот.

А еве јунакот да го погодеше судијата и да му ја раскрвареше главата. Тогаш ќе можеше слободно да се сексаме во задник. Ќе си се повлечеа, службена ќе ја досудеа и поздрав, драпајте си газот после.

Сите знаеме што му се случи на Кометал и каква суспензија доби.

Вардар блесна али угледот на моја голема жал му падна, посебно меѓу обичните фанови и тие што треба да доаѓаат редовно во сала. Доказ за тоа ќе биде полупразната сала со Вакер Тун идната недела.

Ги разбирам ја редовните на трибина. Факт е дека овие работи ги прават неиживеани битанги кои идат на утакмици на Вардар три пати во година. Можеби затоа е подобра опција е 300 Комити одбрана екипа во сала одколку едно чудо лопатари.

Јас искрено имам огромен страв за осмина финалето што ќе го играме. Не дај Боже да се деси нешто да не пукне и поголема брука од ова до сеа. После ќе биде посери му се инвестициите, брендот, играчите и атмосферата. Се повеќе играње пред празни трибини во овој случај ми звучи како добра опција.

Кој гарантира (рандом пример) дека утре ако играме со Кил четврт финале и Јиха ни игра симултанка неколку гола во серија, нема некој да влезе на терен и да го нападне?

Мора да има некои промени за доброто на Вардар.
 
Кој гарантира (рандом пример) дека утре ако играме со Кил четврт финале и Јиха ни игра симултанка неколку гола во серија, нема некој да влезе на терен и да го нападне?
Zapoznaj go Mirko:
3485411353bf0330bbb06e7fr0.jpg

Mirko i negova brigada imaat gratis karti od Sams za 1/4 finale. Mirko ne tolerira selski ponasanja na tribini (mavanje po Dibirov, kradenje dresovi na Karacic itn). Mirko e golem fan na Vardar i ne ma da dozvoli negoviot omilen klub da bide diskvalifikuvan od LS poradi nekoj pijan moron (y)
 
Мирко има гратис за четврт финале, ама Вардар годинава нема да игра четврт финале, така да Мирко може газот да си го избрише со гратисите :icon_mrgr:
 
Мирко има гратис за четврт финале, ама Вардар годинава нема да игра четврт финале, така да Мирко може газот да си го избрише со гратисите :icon_mrgr:

stom ti kaza nema da igra Vardar cetvrt sigurno ke projdeme ponataka :D
 
Мирко има гратис за четврт финале, ама Вардар годинава нема да игра четврт финале, така да Мирко може газот да си го избрише со гратисите :icon_mrgr:

Каков песимист си брааааааат!!! Дури и малиот оптимизам кај другите го убиваш.:)
 
Каков песимист си брааааааат!!! Дури и малиот оптимизам кај другите го убиваш.:)
не го сфаќате вие ..... :D он малер им праи на тие што играат против Вардар и ги коби...... :D До крај ќе вика вардар дека ќе губи и на крај вардар далеку ќе стигне....:D
 
Добро бе Комити што ви се дешава со групата, дали знаете дека забегавте 300 на саат??? Имам неколку пријатели и дали знаете колку пати ги молам да идеме на утакмици и нормално не сакаат само ради вакви работи. Минатиот пат со Металург седев у 6ти блок, се затепаа пред мене за малку јас ќе го изедев ни крив ни должен а колегата што беше со мене рече на утакмица на Вардар у живот веќе не одам! Дали знаете колку обична публика само ради вакви ствари не иде на утакмици на Вардар. Групата ви се наполни со тешки селјаци кои немаат благе везе со спорт. Еве еден чист пример ќе ви кажам. Еден мој пријател од порано немаше допирна точка со спорт, сигурен сум дека у живот нема седнато да изгледа една било каква спортска утакмица а само беше нафуран да се закача и да се тепа. Денес го гледам стигнал до еден од поглавните во една подгрупа на комити и демек од срцето го дава за Вардар а јас се кладам дека освен Дибиров не ги знае другите играчи. Од се срце навивам за Вардар и имам 3-4 пати отидено со Комити онака поради пријатели и тогаш имаше случаеви кога можеше да настрадам само ради тоа што се тепаа меѓусебе на трибина. Добро размислете што правите и во кој правец ви отиде групата. Сакавме силен Вардар со моќен спонзор, ама како што оди работата вие ќе бидете првите кои ќе го избркате и после пак другите ви се криви!!!
 
Другар седни покрај Мирко нареден пат, ништо нема да ти се случи!!
 
Другар седни покрај Мирко нареден пат, ништо нема да ти се случи!!

Хаха, не е тоа проблемот другар, јас ќе продолжам да си одам на утакмици кога сум во можност. Проблемот е во тоа што наместо да се привлекува публика, обратни работи се случуваат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom