Фан клуб - РК Вардар

Леле какви цепелини имаше денес еј :vozbud: А, и за Малумбрес жал ми е што доби црвен ама дечкото кога ќе научи да не рипа ко мајмун не ми е јасно. Сите го прочитаа дури и јас што 3 чисти неам од ракомет. Секоја шанса што ја добива на гол мислам дека живее у некој филм дека е одбојкар и глеа да рипне што повисоко.
 
Леле какви цепелини имаше денес еј :vozbud: А, и за Малумбрес жал ми е што доби црвен ама дечкото кога ќе научи да не рипа ко мајмун не ми е јасно. Сите го прочитаа дури и јас што 3 чисти неам од ракомет. Секоја шанса што ја добива на гол мислам дека живее у некој филм дека е одбојкар и глеа да рипне што повисоко.


На ТВ ми кажаа другариве имало коментар демек „Ете, дојде шпанец да биде тренер и одма Малумбрес го става прва постава“ :D Како и да е, до црвениот картон мислам дека имаше и те како солидна партија :)
 
На ТВ ми кажаа другариве имало коментар демек „Ете, дојде шпанец да биде тренер и одма Малумбрес го става прва постава“ :D Како и да е, до црвениот картон мислам дека имаше и те како солидна партија :)
Да да имаше некој добри одбрани, ама па кога ќе прими некој ефтин гол ти иде да се убиеш. Али ај битно тепавме криво ми е што на ваква одлична утакмица со речиси преполовен тим се коментира низ сите новинарски сајтови за инцидентите, а не за одличните потези и случувањата на терен. :)
 
Имаше неколку моменти за издвојување:
1. Неколку голови на Дибиров од крило со вртени топки
2. Цепелин за Брумен, кој од крило му ја протна на голманот на Динамо
3. Цепелин за Брумен, овој го продолжува до цепелин за Дибиров за прекрасен погодок
4. Голот на Фичо, се надевам почесто ќе гледаме такви бомби од него :icon_mrgr:
5. Одбранетиот пенал на Малумбрес. Кога прво му направија лажњак, па Малумбрес се зализга и ќе се утепаше, ама за среќа противникот биеше крај гол :icon_mrgr:
 
Како и да е, жалосно е што после ваков фантастичен меч сите збориме за беспотребниве инциденти:(

За ова ми е најкриво.На секој гол и одбрана им се радував како да се клучни за освојување на ЛШ и во моментот кога беше инцидентот како да ја изгубив желбата за гледање на ракомет.До крај ја гледав утакмицава онака...како Вардар да игра пријателска утакмица со Борец.

За сите ракометари имам само пофални зборови како што пишав и по завршувањето на мечот.Одбраната фантастична,а и нападот исто така беше одличен.Со вакво залагање на сите ракометари без исклучоци слободно ќе кажам дека комплетен Вардар може да се надигрува со сите тимови.

п.с Во нормална атмосфера на цепелинот Брумен-Дибиров ќе се распаднеше Борис Трајковски.
 
Денеска сите изиграа добро, изгледа конечно и ние добивме тренер каков што заслужува еден ваков тим. И Карачиќ со пофални зборови за Гонзалес, епа спиди, фајнл фор за 2 години највеќе :)
 
Абе дај не зезајте, Малумбрес имаше 8 одбрани до црвениот картон. Скроз поштено си ја одработе улогата денес.

На официјалната пишува дека имал 6, како и да е одличен беше денеска и он и Милиќ
 
На официјалната пишува дека имал 6, како и да е одличен беше денеска и он и Милиќ

Можда биле и шест, јас негде прочитав осум па затоа така пишав, во главно беше на ниво на задачата денес. Тоа дефинитивно.
Туку, ќе има ли реприза на утакмицава? Знае некој?
 
Знам дека си тренирал ракомет, ама мислам дека искрено бладаш за ова :)
Бар јас сум видел многу такви ситуации кои не се казнувале со црвен.
Црвен задолжително се добиваакона пример голманот е поминат, и со старт од позади спречува да падне гол. Стартот не беше остар, да беше остар немаше играчот на Динамо да ја прифати топката и да даде гол.
На крај краева од наша песпектива не ни изгледаше на фаул, затоа цела екипа бурно реагираше.
Судијата прво даде две минути, после кога себунеа нашиве, го сочека Малумбрес и му покажа црвен.
Може грешам, но за мене тоа не беше старт за црвен.
А дека секој фаул на голман надвор од шестте метри се казнувале со црвен, тоа прв пат слушам од тебе.

Како што пишаа и сите други, такво е правилото. Било каков контакт, значи и само да се допрете кожа со кожа се казнува со директен црвен. Воведено е некаде пред 3-4 години и можам да ти тврдам дека нема гледање низ прсти за таа работа. Кога играв во кадетска лига, некаде 2007 година ми се случи вакво нешто, излегов надвор од 6 за да пресечам контра и играчот не ме виде и така гадно се удривме, што не можеше да ја доигра утакмицата детето, а јас ни 2 минути ни црвен не добив. Пред 3-4 години се воведе ова правило и плус правилото за 3 тајм-аути на утакмица и некои други мали измени. Оттогаш ми се има мене всадено некој страв да сечам контри надвор од 9 бидејќи знам како лесно се добива црвен за тоа, што потврда беше и ова со Малумбрес.

Он: предобро изиграно од Вардар, како одлично увежбан оркестар изгледаа на теренот. Ми влева надеж денешната игра дека е можно изненадување во Париз.(y)
 
Да гледаш ракомет а да не знаеш едно обично правило.Го заебававте летмиси и останатите што не разбираа којзнае што, ама еве се враќа и на ваша сметка.:icon_mrgr:

Не се бунеше ни Малумбрес,многу јасно правило,било каков контакт довиџење.Штом се суди во нашата младинска лига,што преостанало за ЛШ?
Инаку ме интересира како тоа пијаниот направил проблем ?
Со 2-3 пива "се опијанува" ? :pos:
Или пак од саботата го држи пијанството ?

Динамо Минск играа како на ревијален натпревар,немаше никаква борбеност од нив.Мачковшек дупка невидена,зарѓаал малиот.
Голот на Рутенка од среден бек не се ни виде(за 5-5).:eek:

Престапот на Карачиќ јоооој.:pos::pos::pos:
Посмешен стил од Петриќ нема.Кога замавнува за удар=кога Злате престапот шутира седмерци..Едно 10 пати верглаат в место.:pos:

Вардар јако одигра,одлични асистенции до пикерите.(y)(y)
Да влезат во форма,да се опорават и на 22-ти атак на ПСЖ.Сиера е смешен голман,бетер од Диви.Како промаја е.

Металург го разбранија со неизградени удари одпрво,после се скинаа од голови.За 13 минути 2 гола,останатите 47 мин 27 гола.

Верувам дека Вардар има добра шанса.Секако Хансен е енигмата ама Гонзалез ќе го анулира, оптимист сум во тој поглед.
 
Бројот 3 од противниците, ве аресе ли ко што викаат Струмичаниве? :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom