Денеска утакмицава е да се биде или не

Огромни проблеми имаме и тоа на највиталните позиции.
Без Душебаев и Растворцев, со приповредени Фичо, Прибак и Карачиќ ќе биде ѓаволски тешко да дојдеме до прата победа дома. Сеуште немаме победа на наш терен

Ќе се молиме во Дибиров, не гледам друго чаре.
Динамо на првиот меч не ми изгледаа којзнае колку страшно и да бевме комплетни бев сигурен дека че ги утепаме. Ама вака

Плус се засилиле во меѓувреме на бековска позиција...
Пак ќе кажам фатална грешка е што не донесовме засилување на бековска позиција зимава.
Кога ги гледав Металург вчера скоро сигурен станувам дека годинава нема теорија да земеме титула. Миркуловски е во фантастична форма, а и си имаат бекови кои решетаат од кај стигнат. Мислам дека лани бев поубеден во титулата, него ли годинава

Не смееше да се остави ваква ситуацијата, особено што повредите на Растворцев, Лазаров и Душебаев се случија поодамна и имаше време да се решат со нови засилувања.