Фан клуб - РК Вардар

Тун изигра за Вардар, или Металург ја поправи ''грешката'' што ја направи со подобрата гол разлика од 5 гола против нас? :)
 
Уште мислите дека ваков Металург беше способен за неверојатен пресврт против константниот Вардар за само 30 минути? Да, оној Вардар кој вчера за малку ќе направеше чудо во Барселона.

Како и да е, наше е да ги победиме двата натпревари дома и да си свиркаме.
 
Сега е приоритет за мене барем Самс да донесе солиден тренер во Јануари, да не трпиме драми во борба за титулата.
 
Следното коло е решавачко за нас.
Вардар-Динамо Минск!
Меч по кој ќе ги правиме пресметките.
Ако не дај боже загубиме, тогаш едно 99% сме во аут, освен ако Динамо не ја сјебе работата до крај.
Лошо е што ако победиме, Динамо нема да има некој посебен императив за игра затоа што веќе ќе бидат испаднати.
Така да против Металург освен ако не им фрлиме некоја парична награда, ќе играат со никаков императив, што значи дека третото место ќе го сонуваме :D

Ако ги тепаме Динамо и Тун, а Металург загуби во првите два пролетни меча (ПСЖ и Динамо гости), тогаш третото место веќе ќе ни биде на дланка пошто тешко е да се очекува дека Металург ќе ја добие Барселона во Скопје.

И со победа во Париз одиме на второ место :icon_lol:
 
Но и Барселона нема да има императив бидејќи има обезбедено прво место . Уште не е се' решено во оваа група , ПСЖ има убедливо најдобар распоред на натпревари.
 
Но и Барселона нема да има императив бидејќи има обезбедено прво место . Уште не е се' решено во оваа група , ПСЖ има убедливо најдобар распоред на натпревари.
Барселона ќе го победи Металург во Скопје,тоа е сигурно,со онаква игра Металург ќе загуби и од Војводина
 
ако Барса тепа све до крај, ние со 3 победи имаме шанси и за 2ро место, меѓутоа да не летаме, Минск нека ја заврши работата дома со Металург и ние да си ја завршиме работата дома со Тун и Минск и после у Париз во борба за 2ро
 
Барселона ќе го победи Металург во Скопје,тоа е сигурно,со онаква игра Металург ќе загуби и од Војводина

Со ваква игра не може никој да победи , но очигледно имаат осцилации во играта , на пролет ќе видиме кој во каква форма ќе биде по Европското првенство .
 
Јас не сакав да верувам дека ја наредиле втората утакмица Вардар и Металург ама после она што вчера го одигра Вардар на гости кај Барселона и она што денес го одигра Металург дома со убедливо најслабиот тим во групата го променив мислењето.Штета е што Вардар решил да дели бодови со екипа која што игра старомоден ракомет и екипа која што не знае кај тера,но се надевам дека ова ќе биде памет за друг пат за Самсоненко и компанија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom