Фан клуб - РК Вардар

Сила е Доне, не дај Боже да згрешиме им вика :pos:

2/2 ги има како главен тренер :свиркам: еднаш и сељаците ги грабна :D

хаха ЅВЕР им вика недај боже да згрешиме а ако згрешиме како знаете враќајте се :D
Значи знаеле и Раковиќ и Марковиќ да играат, ама требало некој да ги стави во игра.
И Фичо знаел да игра кога Раствроцев изгледа како зарѓан тенк
 
Прво за Нексе...

алал им вера на дечките, максимум од тоа што имаат на располагање, организирано на ниво, тренерот исто така слушнав имал фантастични тајм-аути. Добар ракомет играат, модерен и брз со вкрстувања и пасови и правење на многу позиции за шут. Се гледа дека ја имаат хрватската школа и чувство за ракомет. Како шлаг на тоа којзнае колку одбрани имаше голманот (сигурно над 15).

Кај нас.

Голманите (Даскаловски и Малумбрес) (n) мислам дека имавме некои 6-7 одбрани се на се, премногу слабо е тоа, мора над 10 одбрани да се. Одбраната исто така слабо. На моменти кога ќе изиграше како што треба а не како швајцарско сирење одма губеа топка овие со пасивен, али тие моменти беа ретки.

Имаше нешто и во брзата организирана игра во напад на Нексе али не е изговор за вака лесно пробојна одбрана.

Филип солидна игра даде денес, исто така и Столе на почетокот одличен. Мора да се игра Столе повеќе во комбинација со Прибак, Едноставно мора. Крилата исто така солидни, неколку промашени али севкупно многу добри беа. Едино Чипурин ме разочара со неколку зицери промашени(мада Лекиќ беше во елемент денес).

Прибак денес :cuc: Колку пасови преку него само поминаа за на пикер, крило, бек. Одлично на време и на право место ги дава. И тој мора да се користи повеќе бидејќи е одличен плеј.

Се на се многу добра утакмица за нас денес пред ПСЖ посебно што игравме со комбинирана постава повеќе ротирања и измени :)
 
Кажете што сакате, ама во моментов Фичо игра боље од Растворцев во напад. Денеска постигна шест гола, ама да не ги заборавиме и четирите асистенции. Прибак не пуцаше, ама се утепа од делење асистенции. Алекс 3/4. Петриќ борбен во одбрана, ама повторно слаб во напад.
Крилата одлични, се надевам дека Зоки Кастратовиќ го гледаше преносот, па сфати дека немало потреба Дибиров и Брумен да играат по 60 минути секој натпревар. Пивотите исто изиграа одлично денес.
Единствено фалеше блесок и на голманската позиција. Со осум одбрани колку што вкупно имаат Малумбрес и Даскаловски не можеме да очекуваме поволен резултат против ПСЖ.
Од Талант и Вујо, ни трага ни глас.. :)
--- надополнето: 8 октомври 2013 во 22:33 ---
Прво за Нексе...

алал им вера на дечките, максимум од тоа што имаат на располагање, организирано на ниво, тренерот исто така слушнав имал фантастични тајм-аути. Добар ракомет играат, модерен и брз со вкрстувања и пасови и правење на многу позиции за шут. Се гледа дека ја имаат хрватската школа и чувство за ракомет. Како шлаг на тоа којзнае колку одбрани имаше голманот (сигурно над 15).

Кај нас.

Голманите (Даскаловски и Малумбрес) (n) мислам дека имавме некои 6-7 одбрани се на се, премногу слабо е тоа, мора над 10 одбрани да се. Одбраната исто така слабо. На моменти кога ќе изиграше како што треба а не како швајцарско сирење одма губеа топка овие со пасивен, али тие моменти беа ретки.

Имаше нешто и во брзата организирана игра во напад на Нексе али не е изговор за вака лесно пробојна одбрана.

Филип солидна игра даде денес, исто така и Столе на почетокот одличен. Мора да се игра Столе повеќе во комбинација со Прибак, Едноставно мора. Крилата исто така солидни, неколку промашени али севкупно многу добри беа. Едино Чипурин ме разочара со неколку зицери промашени(мада Лекиќ беше во елемент денес).

Прибак денес :cuc: Колку пасови преку него само поминаа за на пикер, крило, бек. Одлично на време и на право место ги дава. И тој мора да се користи повеќе бидејќи е одличен плеј.

Се на се многу добра утакмица за нас денес пред ПСЖ посебно што игравме со комбинирана постава повеќе ротирања и измени :)

Голманов на Нексе имаше 16 одбрани.
--- надополнето: 8 октомври 2013 во 22:51 ---
Еј, да.. ќе заборавев... многу јак момент кога отпоздравуваа играчите па кога заедно со Комити ја испеаа: Напред Вардар, Вардар шампион, напред Вардар леалеееееее... :)
 
Еј, да.. ќе заборавев... многу јак момент кога отпоздравуваа играчите па кога заедно со Комити ја испеаа: Напред Вардар, Вардар шампион, напред Вардар леалеееееее... :)

Дали некаде мојт да се најт видео од ова зш на мтв не го даваја туку си дадоја хајлајтс??
 
Без голмани тепавме :pos:
Човече од паркинг пред сала да ни шутнеа, гол ќе дадеа. Нема шанси да беше до одбраната проблемот, голманиве еден куп голови од далеку примија. На Даскаловски му влагаат од крило, земал го затворил другиот агол а на негова страна оставил цел гол празен :tapp: Па како сакаш бе баце да ја одбраниш :unsure:
Една топка не фатија, освен некои основни шутеви. Една одбрана асална имаше Малумбрес и го поздравивме како светска титула да ни донел :pos:
Врти сучи Милиќ пак ќе биде прв голман, или евентуално Дивиот...
Трагичпно е што имаме еден куп голмани, сите на просечно ниво :(
Одбраната се поправи, а ми се допадна и Столе како изигра во нејзе.
Немаше толку лесни примени голови како претходниве мечеви.
Тоа што сите го знаевме се покажа вечерва, дека Марковиќ и Раковиќ можат комотно да се носат во СЕХА, а не тој питонот ми ги играше Дибиров и Брумен по 60 минути :facepalm:
Раковиќ имаше одличен меч иако утна 1-2 зицери, а Марковиќ прво се изнаутка, па после се поправи. Солиден меч имаше се на се.
Пикерите одлични сите до еден, сите добија иста минутажа и максимално ја искористија.
Фичо игра добро после мечот со Минск. Асистира и знае и да погоди. Душебаев ептен траљави голови дава човече :pos: Ќе ја фрли во пад и ќе погоди хахаха
Пак некако многу наивно ми играше, едно 4 напади по ред само продолжуваше до Раковиќ, мада може тоа им била уиграна акција.
Прибак изигра одличен меч, со забелешка дека на минута до крај не требаше да ја гледа топката 5 минути кога им ја украдовме и тројца наши отидоа во контра... :D
На крај да не ја усереа они контата, пак можевме да гледаме инфаркт завршница.
Да се напомене дека осдново утнавме еден куп зицери и секако два пенали :confused:
Си градат кариери противничкиве голмани преку нас :unsure:
Ми се допаѓа што победата ја издвојувавме со ланските херои. Ептен ми е при срце ланскиот тим, штета што не доби и Бутинот некоја минута.
Ептен ротираше Доне, имаше напади кога Мите Стоилов беше десен бел, Илија среден, Фичо лев :pos:
Не го бидува Мите за во напад, за тоа се увидовме и на овој меч :icon_mrgr:
Се молиме Карачоќ да е фит за во недела и да гледаме еден максимално возбудлив меч.
Кој ли само ќе не води на тој меч? :)

Инаку на трибина лудило. Годинава најако изнавиван меч во СЕХА. Јако навивање во целиот меч и поздравување со играчите на крај. Добро исполнета сала, едно 70% како ништо, што за во работен ден е одлично.
 
Вака се игра против Нексе со втора постава.. :cool: Раковиќ ги отвори денес посебно во прво полувреме, одлична реализација, имаше и една украдена топка, секоја чест..Јовчевски доби шанса, ама слабо се покажа мада немаше ни многу можност за докажување...Душебаев на ниво, а и според мене не се замараше премногу..Прибак одлични пасови, солидна игра, уште еднаш покажа како знае да ја води играта, само не сфатив што му беше во претпоследниот напад.. o_O тројца наши играчи напред, наместо сигурна реализација, наместо да ја земе топката и да им ја додаде, овој како да му паднала 5 денарка.. :pos:Ајде во последниот напад, добро постапи, бидејќи ако промашевме во контрата, а промашивме доста пати, ќе им дадевме уште една добра можност на Хрватите..Фичо уште еднаш покажа дека може да изигра на ниво на натпревари од ваков тип, а оваа сезона во ЛШ веројатно ќе ја има најголемата минутажа со маркер..:icon_lol: Марковиќ солиден, Столе пикерите исто така, Мите Стоилов мултипрактичен играч, играше на лев,среден и десен бек ако не се лажам..:pos:Е голманите...Даскаловски :гомце: ми се чини дека вторион голман на Ловќен што го утепавме од заебавање Кајгана екипата дека е 2 класи подобар.. :D Овој циркузантот исто така ништо посебно..Сепак за наша среќа не заврши мечот трагично и покрај тоа што после промашувањата на крајот мислев дека повторно ќе ја зезнеме уткамицава..Добро загревање со ПСЖ, одлична е атмосферата за со ПСЖ, на крајот славење со играчите, заедно испеавме една песна уште еднаш потврда колку сме поврзани целиот тим и навивачите, како една фамилија сме сите заедно, ВАРДАР ТОА СМЕ НИЕ! На трибина солидно навивање 60 минути, за тие што бевме и што сме скоро на сите утакмици, како и на секоја утакмица без глас си останавме, нерви си губевме, се радувавме на головите како ненормални и то..:icon_mrgr: Вардар си е Вардар, против било кој да игра..:)
 
Не сум во тек малце :) ... дали на Терзич денес му беше прва утакмица или грешка сум??? и дали воопшто влезе (зошто не приметив да игра) ???

атмосфера топ досега можда и најдобра, ми се сфиѓа тоа што има константна бројка на ракомет и се зголемува од утакмица на утакмица...
 
Не влезе во игра, но на полувреме се загреваше.
Мислам дека набрзо ќе го доживее дебито во нашиот дрес :)
 
Ништо не е потврдено, што треба да пишуваме :pos:
Нека стане официјално, за да не му шиеме капа на нероден Петко :icon_mrgr:
За очекувањата имаш еден куп постови на претхосдните страни...
И за Талант и за очекуваното доаѓање на Дисинџер.

blue ladybug Имаше инфо од некои популарни наши профили на ФБ блиски до РК Вардар дека и Талант и Вујо ќе биле денес во сала. За Вујо се потврди дека е шпекулација само, за Талант немам ништо прочитано. Од каде инфото дека ќе дошол во петок?
Тоа не можам да ти го кажам. :D Важно информација од прва рака е. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom