Ме заинтериравте да ја гледам утакмицата и не зажалив..
Навистина одличен меч,одамна наша екипа не изиграла ваков меч,на високо ниво сите 60 минути..
Навистина штета шо Дибиров не закуца од чист зицер за него на 29-28,победата ќе беше во раце..
Заслужи Вардар да добие,иако Барса во второто полувреме како да влезе растеретено,потценувачки,имаа +6 35 минута и речиси завршена работа..
Вардар покажа дека со добра одбрана,секоја разлика е достижна,и тоа за кратко време,за неполни 10 минути Вардар ја стопи таа разлика,дури и поведе..
Да ја задржиш Барселона на само 10 гола во второ полувреме,од кои неколку гола беа под закана од пасивен напад навистина е голема работа..
Кастратовиќ добро ја заврши работата,на време го стави во игра Малумбрес иако и дебелиот фати неколку зицери,сепак дебелиот за мене не е голман за една ваква атмосфера во која играше Вардар,некако како премногу рамнодушен ми делува,се знае дека голманот треба да ја крева атмосферата во салата и во тимот.....овајси го лади....(или барем мене од страна така ми делува)

Шпанецот е научен на ваква бука,и во Леон играше во бучна атмосфера и тој е јунакот на денот,какви само одбрани имаше....браво,чисти зицери фати,плус многу важно е шо Малумбрес е Шпанец и сигурно знаеше горе долу каде шутираат играчите на Барса,паметен потег на Кастратовиќ,можеби требаше и со него да ја почни утакмицата....
Браво и за одбраната,овај Растворчев е карпа,ги разнесе,играч не помина преку него,не е ни чудо,има милион врввни мечеви зад него,само заебано е шо Вардар нема замена за лев бек,Филипче исто како да не играше(иако изигра 20 ина минути),сепак ви фали некој лев бек разбивач...така ќе можи и Растворчев да одмара за одбрана,ама и вака е добро зошто имате помалку измени и не се нарушува концептот на одбраната со чести измени....(тактички е добро)....
Душебаев е невиден талент,иако му фали некој сантиметар,сепак ако продолжи вака ќе биди сигурно еден од најдобрите десни бекови во светот,тоа е сигурно,а ќе има и минутажа сигурно во Вардар....добар техничар,добар репертоар на удари,знае да направи простор,знае да утрча на 6 метри..тој заедно со Малумбрес беа изненадувањата..
Крилата стандард,можеби треба Кастратовиќ да ги одмара малку,сепак не се во цутот на младоста и Брумен и Дибиров,иако на терен не го покажуваат тоа,им треба малку одмор...какви само голови даде Брумен од бек...

шо ќе беше рака на него да си еби векот...

Столе слабо,изненади Тоскиќ старо куче...со Тоскиќ најдобро функцинораше линијата на Вардар....
И на крај Карачиќ,каков играч стана овај по,по....

какви голови даде.....и тоа се од игра.....
Кога ќе ми текни кога прв пат го видов пред 2 години и сега кога го гледам како два различни играчи да се,ако продолжи вака дечково не му бега понуда од некоја врвна екипа,одамна неам видено ваков репертоар на удари кај еден среден бек....
Браво за Вујо кој го донесе,стварно,Вујо е заслужен за развојот на Карачиќ,го напрај врвен играч..од солиден играч во една просечна Босна стигна да биди во идеален тим на коло во ЛШ...секоја чест...овај играч ви е пола тим...
Севкупно одлична игра на Вардар,против една ваква екипа(според мене убедливо најсилниот тим во светот)да изиграш ваква утакмица е голем успех....
Сега со Минск ќе видиме дали ќе ја заджат оваа форма,вистински тест за силата на Вардар...
Немаат бучна атмосфера во салата,типична руска атмосфера,театарска.ќе нема гајле од ова Вардар...
Доста сериозен тим,со сериозен тренер,кој сигурно добри ги познава сите играчи на Вардар...
Ќе биди добар меч за гледање во секој случај....