Фан клуб - РК Вардар

Сабајле во betcity коефициентот на Динамо Минск со Вардар беше 1.42.

Сега е 1.70.

Зарем толку добар тим имаат Белорусиве, што се фаворити у дуелов?

Па имаат поголем буџет од Вардар и МЕтлаург заедно може, а и одлични играчи имаат, тренер им е словенскиот селектор, плус тоа 1/8 финалисти се од лани така да коа ќе собереше се на се фаворити се.
 
Направија смена на ланската екипа,нов тренер,замина неколку добри играчи,пред се Атман...но...
Зедоа доста добро засилувања,Шелменко од Медведи,Агирезабалага од Барселона,Нинчевиќ од Фуше Берлин,Миклавчиќ и Бомбач од распаднатиот Копер,Босанецот Доборац,+уште неколку Белоруски репрезентативци,доста незгодна екипа,добар тренер(словенскиот селектор Борис Дениќ),кој ќе ги потцени скапо ќе плати......
На 15 ина минути до крај водеа со ПСЖ на гости со 3 разлика,на крај изгубија 4...незаслужено висок пораз...

Абе шо те нема тебе да дадеш детална анализа? На бош утакмици, реферати пишуеш, а сеа за утакмици ко со Барса, мукла е :D
Да не си љубоморен случајно? :icon_lol:
 
Богами добри се...
Направија смена на ланската екипа,нов тренер,заминаа неколку добри играчи,пред се Атман...но...
Зедоа доста добро засилувања,Шелменко од Медведи,Агирезабалага од Барселона,Нинчевиќ од Фуше Берлин,Миклавчиќ и Бомбач од распаднатиот Копер,Босанецот Доборац,+уште неколку Белоруски репрезентативци,доста незгодна екипа,добар тренер(словенскиот селектор Борис Дениќ),кој ќе ги потцени скапо ќе плати......
На 15 ина минути до крај водеа со ПСЖ на гости со 3 разлика,на крај изгубија 4...незаслужено висок пораз...

Tomasino, сериозно.. чекаме твоја анализа на утакмицата.. Фино е да се прочита и објективен поглед на натпреварите, бидејќи реално.. ние тешко да можеме да сме објективни.. :)
 
Абе шо те нема тебе да дадеш детална анализа? На бош утакмици, реферати пишуеш, а сеа за утакмици ко со Барса, мукла е :D
Да не си љубоморен случајно? :icon_lol:
Не ја гледав утакмицата...;)
Зошто да бидам љубоморен,си изигравте машки,заслужено зедовте бод,иако како читам требало да победите...ова е голем успех за нашиот ракомет...
 
Не ја гледав утакмицата...;)
Зошто да бидам љубоморен,си изигравте машки,заслужено зедовте бод,иако како читам требало да победите...ова е голем успех за нашиот ракомет...

Tomasino, ако имаш време и волја.. http://vimeo.com/75131651
 
Сабајле во betcity коефициентот на Динамо Минск со Вардар беше 1.42.

Сега е 1.70.

Зарем толку добар тим имаат Белорусиве, што се фаворити у дуелов?

Имаат и тоа како. Прашање е само колку се уиграни и тие бидејќи слично како и Вардар имаат многу нови играчи. Штета што е толку тешка групата, Динамо Минск е многу сериозна екипа која теоретски може и до четвртфинале. Реално се наоѓа во онаа втора група на тимови по јачина, под главната осморка (Барселона, ПСЖ, Киелце, Веспрем и 4те германски). Всушност јас вака би ги рангирал отприлика екипите сезонава:

прва група (8)
Барселона, ПСЖ, Киелце, Веспрем, Кил, Хамбург, Рајн-Нехар Лоевен и Фленсбург

втора група (6)
Динамо Минск, Вардар, Металург, Колдинг, Висла Плок и Алборг

трета група (4)
Мотор Запорожје, Данкерк, Загреб, Целје

четврта група (4)
Горење, Порто, Вакер Тун, Натурхаус Ла Риоха

петта група (2)
Ст. Петерсбург, Халмштад

Проблемот е што групата Ц е групата на смртта оваа сезона и голема е веројатноста едната македонска екипа да не ја мине групата. Во било која друга група немаше да бидам загрижен. Вака е многу лошо бидејќи има дури 5 екипи од првите две групи.
--- надополнето: 25 септември 2013 во 00:08 ---
Tomasino, ако имаш време и волја.. http://vimeo.com/75131651

Богами и вреди да се изгледа ако не ја гледал. Не е само до атмосферата и тоа што Вардар извади бод, туку и воошто на многу високо ниво беше одигран натпреварот и од двете екипи.
 
Neznam za drugive ali smesno e Gorenje da go stavas vo cetvrta grupa,a oni Celje redovno si go mackaat na leb. :D
 
Тежок и многу битен меч ќе биде утре. Белорусиве засилени со нов тренер и словенците. Нинчевиќ од Фуксе и Шелменко, заедно со другите и тој волот пикер... ќе биде борба.

Ако се борат како што се бореа Барса победата е на дофат. Али и другиве сигурно нема лесно да дозволат да изгубат бодови дома од директен конкурент.

Гладијаторска борба ќе биде утре мајке ми :D
 
Neznam za drugive ali smesno e Gorenje da go stavas vo cetvrta grupa,a oni Celje redovno si go mackaat na leb. :D

Колку што знам на Горење им заминаа поголемиот дел од играчите и многу се ослабени во однос на минатото. Финансиски проблеми...
 
Tomasino, ако имаш време и волја.. http://vimeo.com/75131651
Ме заинтериравте да ја гледам утакмицата и не зажалив..
Навистина одличен меч,одамна наша екипа не изиграла ваков меч,на високо ниво сите 60 минути..
Навистина штета шо Дибиров не закуца од чист зицер за него на 29-28,победата ќе беше во раце..
Заслужи Вардар да добие,иако Барса во второто полувреме како да влезе растеретено,потценувачки,имаа +6 35 минута и речиси завршена работа..
Вардар покажа дека со добра одбрана,секоја разлика е достижна,и тоа за кратко време,за неполни 10 минути Вардар ја стопи таа разлика,дури и поведе..
Да ја задржиш Барселона на само 10 гола во второ полувреме,од кои неколку гола беа под закана од пасивен напад навистина е голема работа..
Кастратовиќ добро ја заврши работата,на време го стави во игра Малумбрес иако и дебелиот фати неколку зицери,сепак дебелиот за мене не е голман за една ваква атмосфера во која играше Вардар,некако како премногу рамнодушен ми делува,се знае дека голманот треба да ја крева атмосферата во салата и во тимот.....овајси го лади....(или барем мене од страна така ми делува):D
Шпанецот е научен на ваква бука,и во Леон играше во бучна атмосфера и тој е јунакот на денот,какви само одбрани имаше....браво,чисти зицери фати,плус многу важно е шо Малумбрес е Шпанец и сигурно знаеше горе долу каде шутираат играчите на Барса,паметен потег на Кастратовиќ,можеби требаше и со него да ја почни утакмицата....
Браво и за одбраната,овај Растворчев е карпа,ги разнесе,играч не помина преку него,не е ни чудо,има милион врввни мечеви зад него,само заебано е шо Вардар нема замена за лев бек,Филипче исто како да не играше(иако изигра 20 ина минути),сепак ви фали некој лев бек разбивач...така ќе можи и Растворчев да одмара за одбрана,ама и вака е добро зошто имате помалку измени и не се нарушува концептот на одбраната со чести измени....(тактички е добро)....
Душебаев е невиден талент,иако му фали некој сантиметар,сепак ако продолжи вака ќе биди сигурно еден од најдобрите десни бекови во светот,тоа е сигурно,а ќе има и минутажа сигурно во Вардар....добар техничар,добар репертоар на удари,знае да направи простор,знае да утрча на 6 метри..тој заедно со Малумбрес беа изненадувањата..
Крилата стандард,можеби треба Кастратовиќ да ги одмара малку,сепак не се во цутот на младоста и Брумен и Дибиров,иако на терен не го покажуваат тоа,им треба малку одмор...какви само голови даде Брумен од бек...:eek:шо ќе беше рака на него да си еби векот...:D
Столе слабо,изненади Тоскиќ старо куче...со Тоскиќ најдобро функцинораше линијата на Вардар....
И на крај Карачиќ,каков играч стана овај по,по....:Dкакви голови даде.....и тоа се од игра.....
Кога ќе ми текни кога прв пат го видов пред 2 години и сега кога го гледам како два различни играчи да се,ако продолжи вака дечково не му бега понуда од некоја врвна екипа,одамна неам видено ваков репертоар на удари кај еден среден бек....
Браво за Вујо кој го донесе,стварно,Вујо е заслужен за развојот на Карачиќ,го напрај врвен играч..од солиден играч во една просечна Босна стигна да биди во идеален тим на коло во ЛШ...секоја чест...овај играч ви е пола тим...
Севкупно одлична игра на Вардар,против една ваква екипа(според мене убедливо најсилниот тим во светот)да изиграш ваква утакмица е голем успех....
Сега со Минск ќе видиме дали ќе ја заджат оваа форма,вистински тест за силата на Вардар...
Немаат бучна атмосфера во салата,типична руска атмосфера,театарска.ќе нема гајле од ова Вардар...
Доста сериозен тим,со сериозен тренер,кој сигурно добри ги познава сите играчи на Вардар...
Ќе биди добар меч за гледање во секој случај....
 
Vecher od 18h. mu doagja kaj nas ili od 17?
И јас се изгубив тотално у пм, ша на страната на Вардар во 7 пишува :pos:
На сите им реков дека е од 7 утакмицата :LOL:
Значи во 6 е дефинитивно?

Инаку Tomasino одлична анализа на мечот. Растворцев навистина беше добар во одбрана, ама не разочата во нападот. Ама ако се земе во предвид дека во Чеховски Медведи има слабо играно напад, ќе му дадеме време. На крај краева во СЕХА на првите два меча беше добар.
 
Тој е повеќе од добар шутер,има топ во раката,ама е малку бавен за модерниот ракомет,за него мора да работат пред се пикерот и средниот бек да му направат позиција за удар..
Ама според мене треба да се користи само за одбрана и за замена на првиот лев бек во екипата...во одбрана е разбивач...заедно со Абутовиќ се одличен тандем...
Сепак во Барса има такви фајтери во одбрана на средина како Виран,Карабатиќ,Нодесбо,Сораиндо шо тешко дека некој бавен бек би поминал лесно покрај нив...се виде со Бели,се виде со Растворчев,затоа пак техничарите како Карачиќ,Душебаев растурија...
Ако гледавте добро Барса ја развлече доста напред одбраната во второ полувреме со фластер на средниот бек на моменти шо беше грешка,дозволи Вардар многу да комбинира и дава голови од 6,7 метри(головите на Душебаев) и да создава вишок или за пикер или за крило....
Малку изненадувачка одбрана изиграа,речиси секогаш играат 6-0,или 5-1... сметаа дека ќе го неутрализираат Карачиќ кој во прво полувреме ги растури,ама вака се отвори простор за другите...
Е ова е кога имаш такви играчи во тимот,играчи кои ќе ти направат простор,и ќе навлечат играч на себе...
Сепак ви фали поголема уиграност во екипата,кога ќе се уигра тимот ќе има и подобра игра...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom