Фан клуб - РК Вардар

Kazi ako davaat badijala i ja da zeam.

Што изиграваш паметен, сакаше да каже дали воопшто ќе ни дозволат да купуваме карти или не, т.е. дали ќе има гостинска публика, а како тргнало и дали воопшто ќе има ракометна публика или ќе делат по штабови :D
 
Nekam da pomislam deka se praj pameten tuku nema veze negova rabota si e toa, rabotava e da ima karti za gostinski navivaci spored toa 10% deka treba da ni dadat toa se 700 karti posto Boris sobira 7000
 
Абе изиграва паметен, демек гага само одиме ние, ако има карти не одиме :icon_mrgr:
 
Да резимираме кој ни е составот на крај:

Голмани:
Милиќ
Малумбрес
Даскаловски
Чановски

Леви крила:
Дибиров
Марковиќ
Недановски

Десни крила:
Брумен
Раковиќ
Јовчевски

Пикери:
Стоилов
Чипурин
Тоскиќ

Леви бекови:
Растворцев
Лазаров
Абутовиќ
Драгаш
Стоилов

Десни бекови:
Душебаев
Петриќ
Терзиќ

Средни бекови:
Карачиќ
Прибак

Ваљда сите ги набројав :) Донесовме 9 играчи, тимот го напуштија 4-ца (Ојлески и Маркоски во Металург, Рајковиќ и Лазовиќ врска немам), а Кукоски го пратија на позајмица во Струмица.

Непотребно е да се има толку играчи на чева бековска позиција, особено што тројца од нив играат воглавно во одбрана. Впечатливо е дека на пикер, лево крило, десно крило и десна бековска позиција беа донесени по едно врвно засилување, па очекувавме такво да има и на лев бек. Сите се разочараа што Растворцев беше изборот, ама со оние пријателски што ги гледавме можам да кажам дека не демантираше :D Сепак пак нешто како да фали на таа позиција...
Потпишувањето на Стоилов беше истотака чуден потег... Го дадоа Кукоски на позајмица, играч помлад од Стоилов со исти карактеристики. Ќе видиме што ќе биде од него, ако се земе во предвид дека одбраната ни е најранливото нешто во моментов. Еден мораше да лета од оваа позиција, а за жал Фичо ми е прв пик за такво нешто :D

Голманите одново се можеби главниот проблем. Ќе видиме што ќе биде од засилувањето донесено во 5 за 12...

Да ја отвориме сезонава со победа во сабота :D
 
Копи/пејст од препуцавање на Фејсбук каде што било ископирано од сајтот на Минчовци.. со други зборови.. да не се надеваме премногу:

08/31/2013 - Rakometen fan прашува: ."Sto se slucuva so kartite za SEHA liga natprevarot so Vardar? Kolku sto gledam, nema da se prodavaat, tuku kje se \"davaat\" na lugje, dali smetate vie kako klub deka toa e fer i korektno da se pravi?"Одговор:
Организацијата на овој натпреварот и продажбата на картите е во надлежност на Агенцијата за млади и спорт
 
Дечки, имате ли информација каде официјално ќе се игра натпреварот со Металург, зошто имаше некои информации дека ќе се игра во Велес и имате ли некои информации каде и по која цена може да се набават карти за истиот?
 
Копи/пејст од препуцавање на Фејсбук каде што било ископирано од сајтот на Минчовци.. со други зборови.. да не се надеваме премногу:

08/31/2013 - Rakometen fan прашува: ."Sto se slucuva so kartite za SEHA liga natprevarot so Vardar? Kolku sto gledam, nema da se prodavaat, tuku kje se \"davaat\" na lugje, dali smetate vie kako klub deka toa e fer i korektno da se pravi?"Одговор:
Организацијата на овој натпреварот и продажбата на картите е во надлежност на Агенцијата за млади и спорт

:pos: :pos: :pos:

Оваа чудесна земја, Македонија...
 
se pali ostaj go :D nie sakame samo gaga nekeme da plakame :vozbud:

Па да ти кажам ако може нема ни да им платам. Минчо е домаќин.. не ми се даваат пари на него и готово. Нема што пардони нив да им држам. :icon_lol:

Голманите одново се можеби главниот проблем. Ќе видиме што ќе биде од засилувањето донесено во 5 за 12...

Имам некое чувство дека шпанецов ќе ни биде новиот Диви. Читам темперамент е, ќе фати две-три, ќе му се разурламе и ќе се беси по статива таму :ROFLMAO:
--- надополнето: 2 септември 2013 во 22:24 ---
Копи/пејст од препуцавање на Фејсбук каде што било ископирано од сајтот на Минчовци.. со други зборови.. да не се надеваме премногу:

08/31/2013 - Rakometen fan прашува: ."Sto se slucuva so kartite za SEHA liga natprevarot so Vardar? Kolku sto gledam, nema da se prodavaat, tuku kje se \"davaat\" na lugje, dali smetate vie kako klub deka toa e fer i korektno da se pravi?"Одговор:
Организацијата на овој натпреварот и продажбата на картите е во надлежност на Агенцијата за млади и спорт

Со други зборови „ Страв ни е дека сеа сите очи ќе бидат вперени во ова дерби, а ние ќе излеземе како домаќини пред сала која ќе урла за Вардар“ :pipi:
 
Nekam da pomislam deka se praj pameten tuku nema veze negova rabota si e toa, rabotava e da ima karti za gostinski navivaci spored toa 10% deka treba da ni dadat toa se 700 karti posto Boris sobira 7000

Според новиот правилник на СЕХА лига, на гостинот му припаѓаат само 100 влезници, додека 10 % од салата му припаѓа само на Final 4.
Ама колку е организирана лигата не би изненадило и да не важи тоа.
 
Да резимираме кој ни е составот на крај:

Голмани:
Милиќ
Малумбрес
Даскаловски
Чановски

Леви крила:
Дибиров
Марковиќ
Недановски

Десни крила:
Брумен
Раковиќ
Јовчевски

Пикери:
Стоилов
Чипурин
Тоскиќ

Леви бекови:
Растворцев
Лазаров
Абутовиќ
Драгаш
Стоилов

Десни бекови:
Душебаев
Петриќ
Терзиќ

Средни бекови:
Карачиќ
Прибак

Ваљда сите ги набројав :) Донесовме 9 играчи, тимот го напуштија 4-ца (Ојлески и Маркоски во Металург, Рајковиќ и Лазовиќ врска немам), а Кукоски го пратија на позајмица во Струмица.

Непотребно е да се има толку играчи на чева бековска позиција, особено што тројца од нив играат воглавно во одбрана. Впечатливо е дека на пикер, лево крило, десно крило и десна бековска позиција беа донесени по едно врвно засилување, па очекувавме такво да има и на лев бек. Сите се разочараа што Растворцев беше изборот, ама со оние пријателски што ги гледавме можам да кажам дека не демантираше :D Сепак пак нешто како да фали на таа позиција...
Потпишувањето на Стоилов беше истотака чуден потег... Го дадоа Кукоски на позајмица, играч помлад од Стоилов со исти карактеристики. Ќе видиме што ќе биде од него, ако се земе во предвид дека одбраната ни е најранливото нешто во моментов. Еден мораше да лета од оваа позиција, а за жал Фичо ми е прв пик за такво нешто :D

Голманите одново се можеби главниот проблем. Ќе видиме што ќе биде од засилувањето донесено во 5 за 12...

Да ја отвориме сезонава со победа во сабота :D

Како и секогаш, добра анализа на Коњаникот. Во главно, ростерот е тој. Не верувам дека ќе има некои дополнителни промени. Се збореше и за Германецот од Шафхаузен, ама колку што читам тој се уште се опоравува од повреда, па не верувам дека веднаш ќе го потпишеме.
Со оглед на тоа што единствен натпревар што го гледав е натпреварот против Констанца, не би дискутирал за играта. Плус, играта во подготвителен период и играта во првенство се два сосема различни термини.
Голманската позиција делува пополнето, но од друга страна делува и како најслаба точка. Се уште. Шпанецот до сега е мачка во вреќа. Многу скоро ќе видиме што сме пазариле. Може да стане херој, но може и тотално да разочара. Ми личи дека ќе биде добар голман, ама дур не го покаже тоа на терен - ништо. Џамбо не ми делува дека е во форма, Даскаловски бранеше одлично со Констанца, за жал заради повреда го прескокна турнирот во Франција. Чаневски нека остане, нека брани во СЕХА и во домашно првенство.
Лево крило, Дибиров е неприкосновен. Не само како име, туку и според тоа што го покажува на терен. Мислам дека тоа дополнително ќе го мотивира Марковиќ да се бори за што поголема минутажа. Недановски да се форсира во СЕХА.
На десно крило имаме слична ситуација. Брумен, ми е тотално откритие. Немаше утакмица која ја заврши со помалце од пет гола и тоа со одличен процент на реализација. Тука Раковиќ ќе гризе за поголема минутажа, а Јовчевски би го користел за СЕХА.
Пикерската позиција по имиња е неверојатно добра. Според статистиките, а и според она што го гледав против Констанца.. ми се чини дека најмногу покажа Тоскиќ. Столе и Чипурин ми беа некако тивки, ама се надевам дека ќе распалат кога ќе почнеме да играме за бодови.
На позицијата лев бек огромна гужва. Растворцев, животиња! :cuc: Читам дека за Атман пишуваат дека дечкото имал топ во раката, а што има тогаш Алексеј?? Абутовиќ и Драгаш очигледно ќе останат задолжени за дефанзива. Така да, сакале ние или не, Фичо ни е алтернативата на лев бек во напад. Од старт не бев меѓу противниците за трансферот на Мите Стоилов. Долга е сезоната, имаме натпревари на четири фронта и ни требаат играчи за ротација. Плус, дечкото беше член на Загреб во сјајните години на хрватскиот клуб. Кога стигнаа во финале на Куп на победници на купови и во два наврати играа четвртфинале во Лига на шампиони. Има искуство. Ако не грешам, порано играше во два правци (и напад и одбрана), можда ќе го користиме и ние така. За Куковски мислам дека згрешија што го позајмија во Зомимак, ама што е тука е. Сигурно поише искуство ќе стекнеше со редовно играње на СЕХА, отколку во Струмица.
Десен бек ни прилично добро пополнет. За Душебаев се е кажано, но од друга страна ми се чини дека Петриќ по игрите што ги пружи во подготвителниот период ќе растура сезонава. Терзиќ? Стварно не знам што ќе се случува со дечково, ако се земе во предвид дека до вчера немаше ниту еден тренинг со екипата.
И среден бек за крај. Карачиќ беше прилично слаб против Констанца, но ми се чини како одминуваа подготовките се враќа во ланската форма. Ме интересира како ќе се снајде во комбинација со новодојдените играчи. Прашањето ми беше - што се случува со Прибак??

Уф, испадна подолго од што очекував. Да резимирам. Би било предобро да ја стартуваме сезоната со победа против Металург, но како што напоменав имав прилика само еднаш да ги гледам нашиве овие подготовки и на само една утакмица не можам да го темелам мојот оптимизам. Во себе, верувам дека ќе победиме, но и да го изгубиме овој натпревар не е толку страшно за одма да ја бараме главата на Кастратовиќ.
 
Абе изиграва паметен, демек гага само одиме ние, ако има карти не одиме :icon_mrgr:

Не изигравам паметен,само нон стоп тоа се вергла како демек вас карти не ви давале.Па како може да ти забранат ако сакаш да купиш карти преку нет не сваќам?Две години одам редовно на ракомет па досега никој не ме прашал ти за кој си,демек ако не си за Металург не ти давам карта.Глупости.Ќе ги раздавале картите...Па ако ги раздаваат ќе ги поделат 12,13 и 14 блок,нема цела сала да ја поделат сигурно.Еве дури и да ја поделат,ко што кажа претходно тоа нема да бидат фанови на Металург,така да не знам што сте вие оштетени?

Дека даваа карти на фајнал форот во Сеха гледам се наполни БТ.Дај ве молам исто е и пред натпреварите од репката,еден куп луѓе плачат на форум како нема карти ги раздале,РФМ мафија,а јас одам купувам карти пред сала има пред натпреварот:confused:
 
Очигледно одиш само кога има мечеви во ЛШ, а за плачењето за Фајнал форот лажеш.
 
Не изигравам паметен,само нон стоп тоа се вергла како демек вас карти не ви давале.Па како може да ти забранат ако сакаш да купиш карти преку нет не сваќам?Две години одам редовно на ракомет па досега никој не ме прашал ти за кој си,демек ако не си за Металург не ти давам карта.Глупости.Ќе ги раздавале картите...Па ако ги раздаваат ќе ги поделат 12,13 и 14 блок,нема цела сала да ја поделат сигурно.Еве дури и да ја поделат,ко што кажа претходно тоа нема да бидат фанови на Металург,така да не знам што сте вие оштетени?

Дека даваа карти на фајнал форот во Сеха гледам се наполни БТ.Дај ве молам исто е и пред натпреварите од репката,еден куп луѓе плачат на форум како нема карти ги раздале,РФМ мафија,а јас одам купувам карти пред сала има пред натпреварот:confused:

Па кој рече дека ќе бидат фанови на Металург? Ми е гајле мене кој сака нека оди, битно да има карти и за оние кои стварно сакаат да гледаат ракомет и екипите на теренот им значат нешто. Изиграваш паметен пошто никој жив не знае уште како ќе оди продавањето на картите ако воопшто има нешто такво. Најнормално си праша дечкото, а ти со првоцирачки намери му одговараш и му го извртуваш напишаното.

Ти може не си дошол до таков конфликт да не можеш да земеш карта, ама поголем дел од нас не можеле да дојдат до карти кога се играло во Автокоманда. Се случувало и да те испрашуваат од каде си, ама кога била најавувана гостинска навивачка група, карти во слободна продажба НИКОГАШ немало, а на гостинската група им давале некој симболичен број на карти.

Натпреварите на репката во било кој спорт одамна не ги следам со директно присуство иако од 2004 со години немав промашено репрезентативен меч во фудбал/кошарка/ракомет. Едноставно не можам да седам покрај луѓе кои врска немаат од спорт и дошле да се сликаат таму и да даваат иритирачки "стручни" коментари, така да ТВ FTW кога се работи за репрезентација. Освен на фудбал можеби пошто стадионот е полупразен и можеш да се дистанцираш од ваквите експерти кои ако станеш за некоја шанса одма ќе ти викнат дечко седни, ништо не гледаме...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom