Фан клуб - РК Вардар

германски менталитет..кој менталитет кој шанси се прокоцкаа па никој не е крив самите играчи се криви па и ако имаше тајмаут Вујо стварно е голем минус шо не го побара.
 
Пу јазк....:(
Шо ќе беше бе среќа во газот овие Швабите....
Лани со Нексе исто вака се спасија....
Исто се спасија со нас(Лемго),еве ги на ист начин вадат газ и сега...
Шо ќе беше толку среќа да немаме во овај ракометот...:mad:
Изгледа само Металург има среќа да победува и да има успеси во Европа....
Вардар заслужи да оди понатаму,имаше игра,имаше резултат,полна сала....(врвна атмосфера)(y) ....само немаше среќа....
Каков гол примија...лелеееее:facepalm:
Од немајкаде,без идеја,мораше да шутира и погоди,маркиран беше Милиќ...ниска топка,дебел голман,не толку подвижен,можеби да беше некој поспретен голман ќе ја фатеше некако оваа топка,иако доста незгоден шут беше....
За нападот за победа,требаше Вујо да бара тајм аут(ако не се лажам имаше право на тоа):unsure: ,колку толку ќе ја смиреше екипата,ќе ја спремеше ментално за последниот напад,вака мораше во брзање да оди се,се виде дека немаат некоја идеја........во вакви моменти секогаш екипата која се брани има ментална предност.....
Штета шо заврши во блокот шутот на Прибак,ако поминеше крај блокот голема е веројатноста дека ќе беше гол,доста незгоден шут има Прибак,му одеше шутот,голманот на Магдебург тешко ги фаќаше тие шутеви од надвор.....навистина штета за Прибак шо е трагичар на мечот,.врвен играч,денес заедно со Столе беше перфектен.....
Штета навистина,за целиот македонски ракомет,прв пат во двомеч ќе елиминиравме бундес екипа....ама ете пак среќата не не сака...:tapp:
Исто беше и во Ниш со репката,пак на ваков начин се спасија....:eek:
Ем шо имаат пари,ем помош од ЕХФ,па и среќа имаат....се е на нивна страна...
П.С.
Судиите ја претераа со толеранцијата за пасивен напад,многу напади им дозволија да ја држат топката многу долго на крената рака...:eek:
Ова не е дозволено.....ама јебига,ретко кој судија би оштетил вакви богати тимови....посебно не ако доаѓаат од Бундес Лига.....
Последните 15 минути не дадоа еден гол како треба,се беше гол од контра,полуконтра,и под закана за пасивен напад....
Посреќниот тим оди понатаму...
 
Немаа среќа момците тоа е,ептен глупав гол примија со играч вишак!Иначе каде каде бевме подобри од смрдлињава.
 
Како можеа бе предност од 3 разлика и играч повеќе да испуштат. цццц
И тајмаут да не повикаш а имаш решавачки напад за победа....незнам што мислеше Вујо
 
Бев во Кале атмосфера супер.
Само мое мислење е дека Вујо беше дрво. Лазаров катастрофа упорно не го вади од игра, Ракович исто. Тој Драгош што го земаа е промашај невиден. Очекував од Вујо денес тактички да ги надмудри ама Германциве имаа брзи играчи брза игра и на крајот тоа беше пресудно. Прибак не е крив што шутираше, некој мораше штета е што како што кажав Вујо не се припеми подобро, на почетокот Вардар премногу млитаво влезе во дуелот. Сега е момент за промени во Вардар не сум сигурен дали овој пораз ќе биде доволен, ама штета е што се случи бидејќи ЕХФ сега се игра во групи и далеку е повозбудливо поатрактивно па и повеќе пари ќе земе управата. Како и да е сега свежина ќе има Вардар во Сеха лига и за титула, бидејќи ќе бидат далеку поодморени играчите, еден-двајца патуваат на Светско и не играат ЕХФ/ЛШ.
 
Како и да е сега свежина ќе има Вардар во Сеха лига и за титула, бидејќи ќе бидат далеку поодморени играчите, еден-двајца патуваат на Светско и не играат ЕХФ/ЛШ.
Абе не зезај каква лига,само 2 утакмици со Металург и ќе се реши....а од СЕХА се нема никаков ќар барем првиве 2 години. Друго ќе беше да влезеа по групи,сепак европска сцена,повеќе пати ќе беа домаќини,веројатно во Б.Т. плус паричка ќе лапнеа.........голема штета.
 
Штета, стварно штета. Тим со вакви навивачи, со ваква атмосфера, жално е што не пројдовте...
 
Штета што на онаков начин е елиминиран Вардар.
Во последните 2 минути имаа играч повеќе и во една таква ситуација не искористија 2 напади,а примија гол од тешка позиција.За ова може да се каже дека и самите си се криви ама и швабиве имаат невидена среќа во ракометов...далеку од тоа дека се лоши екипи и слично ама Македонските тимови и репрезентацијата да ја имаат таа среќа ќе нема тим што ќе не победи.


п.с За атмосферата нема што да се коментира... :cuc:
 
Буквално се беше на наша страна во последните 2 минути од мечот и повторно не успеавме да го урнеме она проклетство што не прати против германските екипи :( Штета!
 
Болно. Ептен болно.
Кога на минута и кусур имавме три разлика, мислев дека ќе го направиме тоа што на никој во Македонија не му успеало, да елиминираме Бундеслигаш. Ама ете.
Глупо е сега да коментираме дека Вујо требал да направи ова или она. После пораз, сите сме тренеришта. Дури Supervisor го оцрни Раковиќ дека бил дрво, а човекот е отиден во Загреб на преглед на рамото. ;)
На крај, да успееше Прибак да постигне гол во последниот напад, сите ќе го величевме Вујо.
Во секој случај, убеден сум дека го имаме најсилниот Вардар после подолго време. Единствено кога би имале и голман со поголем процент на одбрана, ќе бев сигурен дека ќе ја вратиме титулата.
И не заборавајте, игравме со екипа од најсилната светска лига во моментов. Со ваква игра, гарантирам дека ќе елиминиравме било која од другите екипи што играа во ова трето квалификациско коло.
 
Бев во Кале атмосфера супер.
Само мое мислење е дека Вујо беше дрво. Лазаров катастрофа упорно не го вади од игра, Ракович исто. Тој Драгош што го земаа е промашај невиден. Очекував од Вујо денес тактички да ги надмудри ама Германциве имаа брзи играчи брза игра и на крајот тоа беше пресудно. Прибак не е крив што шутираше, некој мораше штета е што како што кажав Вујо не се припеми подобро, на почетокот Вардар премногу млитаво влезе во дуелот. Сега е момент за промени во Вардар не сум сигурен дали овој пораз ќе биде доволен, ама штета е што се случи бидејќи ЕХФ сега се игра во групи и далеку е повозбудливо поатрактивно па и повеќе пари ќе земе управата. Како и да е сега свежина ќе има Вардар во Сеха лига и за титула, бидејќи ќе бидат далеку поодморени играчите, еден-двајца патуваат на Светско и не играат ЕХФ/ЛШ.
Камо среќа да го имавме денес Раковиќ, ама ете виша сила е во прашање. Повреден е човекот веќе месец дена.
--- надополнето: 2 декември 2012 во 20:27 ---
Еве ги последните две минути од утакмицата. Иначе последниот шут на Прибак заврши во блокот на еден играч, во спротивно ќе беше сигурен гол. Ама кога не сака, едноставно не сака :(
 
Лелееее што беше ова бе..Тој е тој Германски менталите кој ни фали на нас,идат до крај,јако,на победа,до последна секунда.Како само прокоцкавме шанса со играч вишак.Јовчевски цело време погодуваше во клучни моменти и на крај ја посра работава.СТОЛЕ ЛЕГЕНДО играш пута два со срце од целиот тим.Милиќ потрфрли џабе после фати неколку топки од 9-10 метри кога се мачеа Германците.Башка и 2 или 3 пенала утнавме не сум сигурен колку,но кога играш особено против Бундеслигаш тоа не смее да ти се случи.

Околу навивањето:
Епа појјако навивање немало во последниве 20 години.Второ полувреме им се тресеа рацете на Германците незнаеја кај тераат.Од минус три разлика им дојдовме на плус три.Цела сала цело време стоеше на нозе навиваше заедно со нас.Жално е што и многу луѓе останаа надвор и не имаа можност да го проследат мечот внатре во сала.Стварно штета :place: толку од мене...
 
Голема штета што не поминаа. Сеа ги гледам екипиве кои се пласирале во групна фаза, има доста екипи кои сум уверен дека Вардар и лесно би ги тепал.

п.с.

Голот на Столе од 9 метри. :cuc:
 
Атмосферата ВРВ,не може никој да направи атмосфера како Комити. (y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom